Задушница

деновите во кои според верувањата, душите на покојните доаѓаат на овој свет

Задушница (Мртва сабота, Мртвен, Мртвени дни[1]) — деновите во кои според народните верувања душите на покојните предци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење) итн. Се верувало дека заборавањето на душите на покојните може да предизвика суши, поплави, немаштија, болести и други несреќи. Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците поврзани со Духовден се официјално признати од црквата, па биле прифатени и од народот. Ваквата средба со душите на починатите се обавувала на гробовите со палење на свеќи, кадење на гробот, посипување на вино врз него, кршење на орев како хтоничен плод со кој се повикуваат душите на средба, со обредни лепчиња, со раздавање на храна и ритуален оброк заедно со мртвите.[2]

„Задушница“ од Иван Мрквичка (1890)

Во православната црква, празникот Задушница секогаш паѓа во саботата пред празникот Митровден. Тогаш, верниците ги посетуваат гробовите на своите најблиски, таму држат помен и делат храна за душа на умрените. Притоа, во секоја црква се служи литургија за упокоените. Инаку, во црквата постојат два вида задушници: општи и засебни. Засебните задушници се одржуваат од семејствата во спомен на нивните упокоени роднини, а општите задушници ги назначува црквата, грижејќи се за сите свои упокоени верници. Така, секоја сабота, црквата во своите молитви се обраќа кон сите светци, сеќавајќи се на сите претходно упокоени верници.[3]

Задушницата како мотив во книжевноста

уреди

Литература

уреди

Наводи

уреди
  1. Танас Вражиновски, Речник на народната митологија на Македонците, Матица Македонска, Скопје,2000, стр. 182 - 183.
  2. Речник на јужнословенска митологија,Гордана Стојковска, Три, Скопје,2004, стр.127
  3. „Запалете свеќа и скршете орев за душа на упокоените“, Дневник, година XVIII, број 5606, сабота, 1 ноември 2014, стр. 28.
  4. Сања Михајловиќ-Костадиновска, Во кратки црти. Скопје: Бегемот, 2021, стр. 55.