Религија во Белорусија
Преглед
уредиПред 1917 година, во Белорусија постоеле 2.466 верски заедници, од кои 1.650 православни, 127 римокатолички, 657 Еврејски, 32 протестантски, и неколку муслимански заедници. Во времето на комунистичкиот режим (кои официјално биле атеисти), активностите на овие заедници биле строго ограничени. Многу верски заедници биле уништени и нивните водачи биле или прогонети или затварени; останатите заедници понекогаш се вклучувале во работата на властите но само поради цели нивни, како и во обид да се вметне патриотизам за време на Втората светска војна.[1]
Историја
уредиДо крајот на 12 век, Европа била поделена на две големи области: западната област со доминација на Римокатолицизмот и источна со доминација на православна Византија. Границата меѓу нив се наоѓала на реката Западен Буг. Оваа област, моментално позната како Белорусија, била една од малкуте каде се водела индиректна војна помеѓу двете цркви.
До 14 век, Руската православна црква станала доминантна во Белорусија. Владислав II, тогашен владетел на Литванија, наредил да се направи сето население во Литванија католичко. Белорусија во тоа време била дел од неговото царство, па веќе во средината на 14 век позициите на католицизмот станале силни во Литванија. Во текот на 16 век започнала кризата во христијанството: протестантската реформација во католицизмот и појавата на ерес. Од половината на 16 век започнало ширењето на протестантството во Литванската држава.
Статистика
уредиВо 1993 година во Белорусија биле објавени бројот на различните верски заедници. Така, во истата година имало 787 православни; 305 Римокатолички; 170 Пентекости; 141 Баптистички;; 70 Апостолски христијанини; 8 Унитари; итн.[1]
Религијата денес
уредиРуска православна црква
уредиИако православна црква била забранета и скоро уништена за време на Втората светска војна поради комунистичкиот режим во Белорусија, сепак по паѓањето на комунизмот, во 1990 година во земјата бил назначен Егзарх на Руската православна црква, со кое била основана Белоруската православна црква. Во почетокот на 1990 година, 60% од населението се изјасниле како Православни (во 2006 година, сепак, 47,8% од граѓаните веќе се изјасниле како нерелигиозен, па овој број се намалил)[1].
Римски Католицизам
уредиВо почетокот на 1990 година, бројот на католичките верници во Белорусија се движел од 8% до 20%; според една проценка 25% од католиците се Полјаците.[1]
Протестантство
уредиПред Втората светска војна, бројот на протестанти во Белорусија бил доста низок во споредба со другите христијански организации, но од тогаш тој број има забележен раст. Во 1990 година 350 жители на Белорусија се изјасниле како протестанти.[1]
Паганство
уредиЈудаизам
уредиПрвите еврејски заедници во Белорусија се појавиле кон крајот на 14 век и истите продолжиле да се зголемуваат до геноцидот во Втората светска војна. Според пописот од 1989 година, во земјата живееле околу 142.000 Евреи, или 1,1 % од населението, од кои многумина оттогаш емигрирале[1].
Ислам
уредиМуслиманите во Белорусија ги има во мал број, кои скоро сите се етнички Татари. Некои од овие татари се потомци на емигранти и воени заробеници кои се населиле тука по 11 век. [1]