Знаме на Белорусија
Националното знаме на Белорусија беше формално усвоено на 7 јуни 1995 година по одржување на референдум во претходниот месец. Ова знаме го замени старото знаме на Белоруска Народна Република, знаме што се користело од 1918. Сегашното знаме е модификација на знамето од 1951, додека Белорусија била дел од СССР. [1]
Употреба | државно знаме |
---|---|
Сразмер | 1:2 |
Усвоено | 7 јуни 1995 |
Опис | Хоризонтални две ленти во црвена и зелена боја. Од лево има традиционален белоруски вез. |
Знамето е составено до две хоризонтално полиња, црвено кое е поголемо и зелено кое е помало. Од левата страна на знамето се протега вертикално вез. Везот е модификација, шиена или цртана, што претставува локални цвеќиња и растенија. Создаден е од Матрена Маркович во 1917 година. Црвената боја го означува тешкото минато на Белорусија, додека зеленото ја претставува иднината на Белорусија. Слично знаме користи и претседателот на Белорусија.
Историски знамиња
уреди-
Поранешно знаме на Белорусија од 1991-1995
-
Претседателско знаме на Белорусија
Наводи
уредиПоврзано
уреди