Отвори го главното мени

Гродно

град во Гродненската област, Белорусија

Гродно или Гродна (белоруски: Гродна, руски: Гродно, полски: Grodno) – град на крајниот запад на Република Белорусија и административен центар на Гродненската област. Градот се наоѓа на брегот на реката Њемен недалеку од тромеѓата со Полска (15 км западно) и Литванија (30 км посеверно).

Гродно
Гродно / Гродна
Skyline of Гродно
Знаме на Гродно
Знаме
Грб на Гродно
Грб
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 502: Unable to find the specified location map definition. Neither "Модул:Location map/data/Belarus" nor "Шаблон:Location map Belarus" existsМестоположба на Гродно
Координати: 53°40′N 23°50′E / 53.667° СГШ; 23.833° ИГД / 53.667; 23.833
Земја
Област
 Белорусија
Гродненска област
Основан1128 (1127)
Површина
 • Вкупна142,11 км2 (5,487 ми2)
Надм. вис.&10000000000000137000000137 м
Население (2014)
 • Вкупно356.557
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Поштенски код230000[1]
Повик. бр.+375-15
Регистарска ознака4
Мреж. местоОфицијална веб-страница

Според податоците од пописот на населението од 2009 година, во градот живееле 327.540 жители, и по бројот на жители Гродно е на петто место во Белорусија (после Минск, Гомељ, Могиљов и Витепск).

Гродно е еден од најстарите градови не само во Белорусија, туку во цела источна Европа. Првите пишани податоци за градот потекнуваат од летопис од 1127 година, а познато е дека во 1376 година градот станал феудален посед на литванскиот кнез Витаутас. На почетокот на 1569 година станува дел од Полско-литванската унија, во чии граници останува сè до 1795 година кога станува дел од Руската Империја. Дел е од современата белоруска држава од нејзиното основање во 1991 година.

На почетокот на јули 1920 година преминува во рацете на Советите, но веќе во октомври истата година повторно се враќа во состав на Полска во чии граници останува сè до 21 септември 1939 година.

Содржина

Потекло на иметоУреди

Гродно веројатно настанало во текот на XII век на важната крстосница на трговски патишта на тоа време, како мала тврдина со простран трговски плоштад кој бил заграден. Самото име на населбата веројатно и потекнува од зборот городить (ограда) и ограждать (оградува)[2]. По една од верзиите, името на населбата потекнува од името на рекичката Городничанка на чие устие во Њемен се развила населбата).[3]. Според пишувањето на австрискиот дипломат Сигмунд фон Херберштајн во „Белешки за Московија“ (латински: Rerum Moscoviticarum Commentarii) од 1549 година, името на населбата потекнува од реката Њемен која во тоа време се викала Кронон/Гронон)[4].

Во летописите населбата се спомнува под името Городен од почетокот на XII век до средината на XVI век, кога постепено го заменува белоруската верзија на полскиот назив Гродно, Гродна која станува и службена верзија во сите административни списи.

НаселениеУреди

Проценето е дека во градот во 2012 година живеел 346.601 жители.

Белорусите се мнозинство од градското население со 62,3% од вкупниот број на жители. Најголемо малцинство се Полјаците кои учествуваат со 24,8% од вкупниот број на жители, а останати малцинства се Русите 10,1%, Украинците 1,8%, Грузијците со 0,4% и останати со 0,8%.

Согласно пактот Рибентроп-Молотов градот станал дел од Советскиот Сојуз, па неколку илјади полски жители го напуштило градот, односно биле насилно преместени во оддалечените краишта на Советскиот Сојуз. За време на Втората светска војна градот бил дел од Германија и се викал Гартен и во тој период голем број Евреи е депортиран во нацистичките логори.

Познати личностиУреди

Олга Корбут е гимнастичарка со белоруско потекло која своите одличја ги освојувала под знамето на СССР. Корбут била права ѕвезда на Олимписките игри во Минхен 1972 година кога освоила три златни медали.

НаводиУреди