Отоманска династија
(Пренасочено од Османлиска династија)
Отоманската династија (турски: Osmanlı Hânedanı) е кралска династија која владеела со Отоманското Царство од 1299 до 1922 година. Првиот нејзин владетел бил Осман I, од каде доаѓа и самото име на династијата. Основач на династијата бил Орхан I, кој се прогласил за султан. Пред ова, племето или фамилијата била позната како Согути. Осман никогаш не се нарекувал султан, туку тој ја имал титулата бег.
Отоманска династија | |
---|---|
Земја | Отоманско Царство |
Прпадност | туркиски народи, Османлии |
Основана | 1299 |
Основач | Осман I |
Тековен владетел | Бајазит Осман |
Последен владетел | Мехмед VI (султан) Абдул Меџит II (калиф) |
Титули | Султан Калиф |
Распад | 1922 |
Крај на владеењето | 19 ноември, 1922; Укинување на империјата и калифатот, и основање на Република Турција |
Султанот ја имал апсолутната власт во империјата, кој бил на функцијата регент, шеф на државата и владата, и покрај тоа што Големиот везир имал голема улога во управувањето.