Окуз Мехмед-паша (Мехмед-паша Волот), Кара Мехмед-паша (Мехмед-паша Црниот) или Кул Киран Мехмед-паша (Мехмед-паша Робокршачот) [1], (починат на 23 декември 1619 година) – отомански државник и војсководец во раниот XVII век кој двапати бил на функцијата голем везир. Првиот пат од 17 октомври 1614 година до 17 ноември 1616 година (за време на владеењето на Ахмед I) и вториот пат од 18 јануари 1619 до 23 декември 1619 (за време на владеењето на Осман II Младиот. Тој исто така, од 1607 до 1611 година, ја извршувал функцијата беглербег (управник) на Египет.[2] He also held the office of the governor of Egypt from 1607 to 1611.[1][3][4][5][6]

Окуз
Мехмед
паша
Голем везир на Османлиското Царство
На должноста
1614–1616
Монарх Ахмед I
Претходник Насух-паша
Наследник Дамат Халил-паша
= Голем везир на Османлиското Царство
На должноста
1619–1619
Монарх Осман II
Претходник Дамат Халил-паша
Наследник Ѓузелџе Али-паша
Лични податоци
Починал(а) 23 декември 1619
ИстанбулОсманлиско Царство
Националност отоманска
Сопружник Гевхер Султан (ќерка на Ахмед I)
Вероисповед исламска

Предисторија

уреди

Пред да дојде на високи државнички позиции, Мехмед-паша бил „силахдар“, висока позиција во султановата гарда.[3] Се оженил со принцезата Гевхерхан Сулатан, ќерка на султанот Ахмед I и на Косем Султан.[4]

Пред својот прв мандат како голем везир, во 1607 година Мехмед-паша бил назначен за беглербег на Египет, каде се задржал до 1611 година.[1][3][4][5][6] Во 1604 година, три години пред да стапи на должноста, беглербегот на отоманскиот Египет, Мактул Хаџи Ибрахим-паша бил убиен во бунт од сопствените војници.[7][8][9] Оваа случка предизвикала тригодишна нестабилност на Египет, следните два беглербега, Хадим Мехмед-паша и Јеменли Хасан-паша, не успеале целосно да го задушат бунтот. Кога Мехмед-паша стапил на должност, неговите методи на строга рака како и неговата личност му овозможиле да ги потисне спахиите и да го укине данокот за заштита кој тие го наметнале.[3] После првото истоварување во Александрија тој ја стекнал јавната поддршка со посета на гробовите на локалните светци и третирајќи ги добро Мамелуците, наредувајќи да се поправат градбите и структурите кои ги изградиле Мамелуците.[3] Потоа ги егзекутирал регионалните управници кои им дозволиле на спахиите да го наметнат данокот, и ги предупредил другите дека може да ги снајде истата судбина.[3] Напнатоста кулминира во февруари 1609 година кога бунтовниците се собрале во градот Танта и се состанале на гробот на Ахмад ал-Бадави, египетскиот најпопуларен светец, да се заколната дека ќе му се спротивстават на Мехмед-паша. Потоа почнале да собираат трупи и да ги пљачкаат селата за намирници.[3] И Мехмед-паша собрал трупи, иако некои од неговите офицери го наговарале на дипломатија, со што Мехмед-паша се согласил и го испратил муфтијата Алтипармак Мехмед-ефенди со еден офицер да преговара со бунтовниците.[10] Преговорите биле неуспешни и силите на Мехмед-паша почнале да се мобилизираат.[10]

Силите на Мехмед-паша и бунтовниците се судриле северно од Каиро. Бунтовниците ја изгубиле битката, пашините сили егзекутирале преку 250 од нив, додека другите подоцна биле протерани во Јемен.[10]

Како последица на овој настан, Мехмед-паша станал познат како „Кул Киран“ (робокршач на турски) заради потчинување на Мамелуците и војниците на отоманската власт. Тој продолжил јавните работи и успеал да ги реформира фискалната и војната организација на египетскиот ајалет, намалувајќи го бројот на локални бегови на 12 [10], иако оваа мерка подоцна била повлечена.[5] Во 1611 година султанот го повлекол во главниот град Истанбул.[10]

Голем везир

уреди

Мехмед-паша ја извршувал функцијата голем везир од 17 октомври 1614 до 17 ноември 1616 година, и од 18 јануари 1619 до 23 декември 1619 година. Во овие периоди вообичаено бил нарекуван Кара Мехмед-паша, прекарот „вол“ му го извадиле зад грб (скоро е сигурно дека морал да го чуе) заради неговата тешка градба и заради татко му кој бил потковач на добиток во квартот Караѓумрук во Истанбул. Историјата повеќе го задржала неговиот прекар отколку Кара, што значи црн на турски и би можело да се однесува на неговиот тен и коса, или фигуративно за неговата храброст и смелост.

Една епизода за време на неговото везирување се однесува на нападот на Виена придружуван од само 47 посебно обучени војници, и без да го информира султанот или кој било друг авторитет во главниот отомански град. Потфатот целосно пропаднал и скоро да ја изгубил и главата. Некои историчари овој потфат го сметаат како трета опсада на Виена од Отоманците, заедно со попознатите, преземени прво од султанот Сулејман Величествениот во 1529 година и подоцна од големиот везир Кара Мустафа-паша во 1683 година.

Беглербег на Ајдин

уреди

Меѓу неговите два мандати на голем везир, тој го имал местото на беглербег на отоманскиот Ајдин вилает (тогаш провинција која опфаќала голем дел од западна Анадолија), и неговото управување е обележено со изградбата на каравансарај во Кушадаси кој името го добил според него Каравансарај Окуз Мехмед-паша, чија цел била да ја привлече меѓународната трговија преку тоа пристаниште (која се поместила кон пристаништето Измир кое го претпочитале европските трговци). Денес овој каравансарај се користи како лукзузен хотел и трговски центар.[11]

Смрт

уреди

Бил задавен од млад јаничар во 1619 година.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Jane Hathaway; Karl K. Barbir (2008). The Arab lands under Ottoman rule, 1516-1800. Pearson Longman. стр. 63, 255. ISBN 978-0-582-41899-8.
  2. İsmail Hâmi Danişmend, Osmanlı Devlet Erkânı, Türkiye Yayınevi, İstanbul, 1971
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 M. W. Daly; Carl F. Petry (10 December 1998). The Cambridge History of Egypt. Cambridge University Press. стр. 18. ISBN 978-0-521-47211-1.
  4. 4,0 4,1 4,2 A. Zuhuri Danışman (1965). Osmanlı İmparatorluğu tarihi. Z. Danışman Yayınevi. стр. 243.
  5. 5,0 5,1 5,2 Michael Winter (14 January 2004). Egyptian Society Under Ottoman Rule, 1517-1798. Taylor & Francis. стр. 47. ISBN 978-0-203-16923-0.
  6. 6,0 6,1 Turkish Studies Association (2000). Turkish Studies Association Bulletin. Turkish Studies Association. стр. 93, 95.
  7. Michael Winter (14 January 2004). Egyptian Society Under Ottoman Rule, 1517-1798. Taylor & Francis. стр. 45, 96. ISBN 978-0-203-16923-0.
  8. M. W. Daly; Carl F. Petry (10 December 1998). The Cambridge History of Egypt. Cambridge University Press. стр. 40. ISBN 978-0-521-47211-1.
  9. Michael A. Cook; Asad Ahmed; Behnam Sadeghi; Michael Bonner (21 March 2011). The Islamic Scholarly Tradition: Studies in History, Law, and Thought in Honor of Professor Michael Allan Cook. BRILL. стр. 154. ISBN 978-90-04-19435-9.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 M. W. Daly; Carl F. Petry (10 December 1998). The Cambridge History of Egypt. Cambridge University Press. стр. 19. ISBN 978-0-521-47211-1.
  11. Prof.Yaşar Yücel-Prof Ali Sevim:Türkiye tarihi vol.III, AKDTYKTTK Yayınları, 1991, 43-44
Политички функции
Претходник
Јеменли Хасан-паша
Беглербег на Египет
1607–1611
Наследник
Софу Мехмед-паша
Претходник
Насух-паша
Голем везир
17 октомври 1614 – 17 ноември 1616
Наследник
Дамат Халил-паша
Претходник
Дамат Халил-паша
Голем везир
18 јануари 1619 – 23 декември 1619
Наследник
Ѓузелџе Али-паша