Договор од Амасија (1555)

Договор од Амасија (персиски: پیمان آماسیه; турски: Amasya Antlaşması) — мировен договор потпишан на 29 мај 1555 година помеѓу Османлиското Царство и Сефевидското Царство, преку кој завршила втората Отоманско-персиската војна (1532–1555).

Договор од Амасија

1555
Потпишан29 мај 1555
МестоАмасија, Османлиско Царство
Потписници Османлиско Царство
Персија

Договорот ја дефинирал границата меѓу двете земји и истиот бил проследен со дваесетгодишен мир. Со овој договор, Ерменија и Грузија биле поделени меѓу двете земји, Османлиите го добиле поголемиот дел од Ирак заедно со Багдад кој им овозможил излез на Персискиот Залив, а Персија го задржала својот поранешен главен град Тебриз[1][2][3]. Османлиите според договорот им дале дозвола на персиските верници да одат слободно во светите места Мека и Медина[4].

Наводи

уреди
  1. The Reign of Suleiman the Magnificent, 1520-1566, V.J. Parry, A History of the Ottoman Empire to 1730, ed. M.A. Cook (Cambridge University Press, 1976), 94.
  2. Mikaberidze, Alexander Conflict and Conquest in the Islamic World: A Historical Encyclopedia, Volume 1. ABC-CLIO, 31 jul. 2011 ISBN 1598843362 p 698
  3. A Global Chronology of Conflict: From the Ancient World to the Modern Middle East, Vol. II, ed. Spencer C. Tucker, (ABC-CLIO, 2010). 516.
  4. Shaw, Stanford J. (1976), History of the Ottoman Empire and modern Turkey, Volume 1, p. 109. Cambridge University Press, ISBN 0-521-29163-1