Договор од Цариград (1590)
Договорот од Цариград — мировен договор потпишан на 21 мај 1590 година преку кој завршила третата Отоманско-персиската војна.
Потпишан | 21 мај 1590 |
---|---|
Место | Цариград, Османлиско Царство |
Потписници | Османлиско Царство Персија |
Според кој Персија ги признала османлиските освојувања. Таа се обврзила да ја прекине шиитската пропаганда на територијата на Османлиското Царство и истовремено да престане со гонењето на сунитите на сопствена територија. Отоманско-персиската војна привремено ги дислоцирала османските интереси во друга насока.