Осман II
Осман ІІ (османски турски: عثمان ثانى ‘Osmān-i sānī; роден на 3 ноември 1604 година – починал на 20 мај 1622 година), познат како „Осман Младиот“ — шестнаесетиот султан на Отоманското Царство кој владеел во периодот од 1618 до 1622 година. Бил задушен по заповед на Дауд паша. Осман II бил син на султанот Ахмед I кој седнал на престолот на возраст од 14 години, како резултат на падот на султанот Мустафа I. Добил добро образование за своето време. Осман бил многу енергичен владетел и носел свои сопствени одлуки.
Осман II عثمان ثانى | |||||
---|---|---|---|---|---|
Султан на Отоманското Царство Кајсери-Рум Чувар на Двете Свети Џамии Отомански калиф Падишах | |||||
16-ти Отомански султан (Падишах) | |||||
На престол | 26 февруари 1618 – 20 мај 1622 | ||||
Претходник | Мустафа I | ||||
Наследник | Мустафа I | ||||
Роден(а) | 3 ноември 1604 Топкапи-сарај, Цариград, Отоманско Царство | ||||
Починал(а) | 20 мај 1622 Еди-куле, Цариград, Отоманско Царство | ||||
Почивалиште | Џамија Султан Ахмед, Истанбул | ||||
Придружнички | Ајше Султан Акиле Хатун | ||||
Деца | Шехзаде Омер | ||||
| |||||
Династија | Отоманска династија | ||||
Татко | Ахмед I | ||||
Мајка | Махфирузе Хатиџе султан | ||||
Вероисповед | ислам | ||||
Тугра |
Рани години
уредиОсман е роден во Топкапи-сарај во Цариград како син на Ахмет и неговата жена Махфирузе Хатиџе султан која имала грчко потекло[2]. Кога бил мал, неговата мајка платила доволно за негово образование, па така тој се истакнувал како поет а знаел и многу јазици како арапски, персиски, грчки, латински и италијански[3] . Осман е роден единаесет месеци по смртта на неговиот татко Ахмед. Тој своето образование го стекнал во палатата. Според странските набудувачи, тој бил еден од најкултурните од отоманските принцови [4].
Неуспехот на Осман да се качи на престолот по смртта на неговиот татко Ахмед, можеби било предизвикано од отсуство на неговаа мајка да лобира во негова корист, која најверојатно била веќе мртва или во егзил.
Владеење
уредиОсман II се искачил на престолот на 14-годишна возраст како резултат на пучот кој бил извршен врз неговиот вујко Мустафа I (1617–187, 1622–23). И покрај својата младост, Осман наскоро се обидел да се наметне како владетел. Основната и исклучителна слабост од која страдал Осман II било видливото отсуство на женска основа во харемот. Од 1620 година до смртта на Осман била назначена гувернерка (даје hatun), но таа не можела да го спречи спротивставувањето на мајката на Мустафа I во Стариот дворец. Иако тој ја имал довербата кај главниот црн евнух, тоа не можело да го надомести отсуството на валиде султан што во политиката од тој период претставувало добитна комбинација, особено во случајот на еден млад и многу амбициозен владетел[5]. Според Питерберг, Осман немал хасеки султан, спротивно на Пирс, кои тврди дека Ајше била хасеки на Осман. Но, јасно е дека Ајше не можела да ја заземе улогата на валиде за време на владеењето на нејзиниот сопружник.
Отоманско-полска војна
уредиВо меѓувреме во 1620 година избувнала војна со Полска. Повод за војната било писмото на Габор Бетхелн во која тој ги обвинувал Полјаците и Козаците, кое дошло до рацете на молдавскиот војвода Грацијан кој им го испратил на Полјаците. Бетхлен бил сменет а на негово место бил поставен Александар. Против Полјаците бил испратен Искендер Паша, намесникот на Очаков. Тој тргнал со војска кај реката Днестар. По седумнаесет дена Полјаците стигнале до Днестар, но во нивните редови дошло до раскол. Ова го искористиле Татарите и успеале да ги порзазат Полјаците.
Дошло и до смена на големиот везир. На негово место дошол Хусеин кој бил Албанец по потекло од Охрид. Сулатнот Осман со своја војска тргнал кон Odrin, а одтаму преку Балканот стиганал во Исакџија каде што изградил мост на Дунав. Го сменил тогашниот влашки војвода и на негово место го поставил Стефан Томоз.
Кон крајот на август 1621 година султанот стигнал кај Хотин, додека полскиот канцелар со 4000 полски и 8000 германски војници се улогорил кај Днестар. Дошло до битка во која Османлиите извојувале победа убивајќи 1000 непријателски војници. И во наредните два напади Османлиите успеале да извојуваат победа. Меѓутоа во четвртиот напад доживеале пораз што било причина за смена на големиот везир. Наскоро бил постигнат мир. Поразот во голема мера го поткопал авторитетот на Осман II.
Големата зима од 1621 година
уредиПо убиството на Шехзаде Мехмед на 12 јануари 1621 година, во Истанбул започнало да врни силен снег. Жителите на престолнината биле драстично погодени од студот, што го зголемило локалното насилство на 24 јануари 1621 година. Ова е најголемата природна непогода што се однесува на главниот град во четиригодишното кратко владеење на Осман. Бостанзаде Јахја Ефенди, еден од оние што живееле во овој период, раскажува дека Златниот Рог и Босфорот биле покриени со мраз кон крајот на јануари и почетокот на февруари: „Помеѓу Усќудар и Бешикташ, мажите шетаат наоколу и одат во Усќудар[6]. Дошле од Истанбул пеш. И годината стана гала (глад)“[6]. Во градот врнело 15 денови снег, и како резултат на студот бродовите биле заглавени.
Обид за реформи
уредиСултанот Осман сфатил дека војната со Полска е изгубена како резултат на недостаток на концентрација и храброст на јаничарскиот корпус. По крајот на војната тој одлучил да направи реформа во воениот систем. Своите реформи ги започнал со Капикули корпусот. Кога разбрал дека бројот на војници бил помал до бројот на луѓе кои се регистрирани во палатата започнал отворена војна против јаничарите. Тој бил сфесен за големите злоупотреби во административниот систем но не бил толку искусен за да знае или претпостави од каде да започне со реформите. Тој сакал да создаде нова армија чии војници ќе бидат регрутирани од Анадолија, Египет и Сирија. Освен тоа тој имал намера да направи реформи и во палатата, харемот и научните организации планирајќи дури да воведе и нов судски систем.
Јаничарите дознале дека султанот тајно испратил повик до управителите на Алеп, Ерзурум и Египет за регистрација на нови војници. Султанот сакал да оди во Анадолија за лично регртутирање на војската. Во меѓувреме избило востание во Либан, а султанот тврдел дека во Анадолија ќе оди за да го задуши востанието. Везирот Дилавер-паша му кажал дека е непотребно да оди во Анадолија за задушување на еден толку мал бунт. Но младиот султан разбрал дека нема друга алтернатива па им кажал дека сака да оди на аџилак во Мека. Управителите на градовите каде Осман поминал биле информирани за ова, а 500 јаничари требало да го придружуваат самиот султан.
Убивањето на Осман II
уредиОсман наредил да се затворат кафулињата (местата за собирање на заговори против престолот) и започнал да планира да создаде нова и поверна армија составена од анадолски војници. Еден ден по поставувањето на шатори во Усќудар, јаничарите се насобрале и знаејќи ја целта на султанот ја нападнале палатата и убиле некои државни службеници. Султанот се обидел да се помири со јаничарите но тие го отфрлиле неговиот авторитет успевајќи да го симнат од престолот и на негово место да го назначат неговиот брат Мустафа I по вторпат. Бунтовниците сепак не планирале да го убијат на султанот но главните водачи на бунтот знаеле дека Осман е силен султан и дека нема да им прости па го одвеле кај Едикуле и таму го убиле. Неговиот погреб се одржал во Сината џамија каде денеска се наоѓа неговиот гроб. По смртта на Осман увото му било отсечено и дадено на Халиме Султан и султанот Мустафа I за да се потврди неговата смрт и Мустафа повеќе да нема потреба да се плаши од неговиот внук. Ова било прв пат во отоманската историја еден султан да биде погубен од јаничарите[7].
Семејство
уреди- Пеидружнички
Осман имал три придружнички:
- Ајше Султан, негова хасеки султан, со непознато потекло;[8]
- Жена која се вели дека била ќерка на астролог, и внука на Пертев Мехмед-паша;[9]
- Акиле Хатун, ќерка на Шеик-ул-ислам Хоџазаде Есад Ефенди[8][9]
- Син
- Шехзаде Омер (20 октомври 1621 – 5 февруари 1622);
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Suha Umur, (1980), Osmanlı padişah tuğraları, p. 199
- ↑ Shaw, Stanford Jay. History of the Ottoman Empire and Modern Turkey. Cambridge University Press. стр. 191.
- ↑ Тезџан, Баки (2002). „The 1622 Military Rebellion in Istanbul : A Historiographical Journey“. International Journal of Turkish Studies. University of Wisconsin: 40.
Стенфорд Шоу, авторот на отоманската историја, кој широко се користи како учебник и референтно дело, тврди, врз основа на информации од француски роман од осумнаесеттиот век, дека султанот „зборувал на латински, грчки и италијански од неговата грчка мајка, како и османлиски турски арапски и персиски.”
- ↑ Sakaoğlu 2015, стр. 210.
- ↑ Piterberg, Gabriel (2003). An Ottoman Tragedy: History and Historiography at Play. California: University of California Press. стр. 18. ISBN 0-520-23836-2.
- ↑ 6,0 6,1 Sakaoğlu 2015, стр. 213.
- ↑ Piterberg, Gabriel (2003). An Ottoman Tragedy: History and Historiography at Play. Berkeley: University of California Press. стр. 28. ISBN 0-520-23836-2.
- ↑ 8,0 8,1 Peirce, Leslie P. (1993). The Imperial Harem: Women and Sovereignty in the Ottoman Empire. Oxford University Press. стр. 106. ISBN 978-0-195-08677-5.
- ↑ 9,0 9,1 Tezcan, Baki (2001). Searching For Osman: A Reassessment Of The Deposition Of Ottoman Sultan Osman II (1618-1622). стр. 377 n. 93.
Надворешни врски
уредиОсман II Роден(а): 3 ноември 1604 Починал(а): 20 мај 1622
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Мустафа I |
Султан на Отоманското Царство 26 февруари 1618 – 20 мај 1622 |
Наследник Мустафа I |
Духовни титули | ||
Претходник Мустафа I |
Калиф на Отоманскиот Калифат 26 февруари 1618 – 20 мај 1622 |
Наследник Мустафа I |