Одисеј
Одисеј (грчки: Ὀδυσσεύς) во старогрчката митологија бил крал на островот Итака. Тој е син на Лаерт и Антиклеја, сопруг на Пенелопа и татко на Телемах. Неговото име е поврзано со голема итрина и мудрост.[1]
Одисеј учествувал во Тројанската војна, и поради него истата завршила со победа на Грците, бидејќи негова била идејата за изградба на Тројански коњ. Освен ова, тој е еден од главните херои во Одисеја, епопејата на Хомер.
Одисеј како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Одисеј“ — песна на Блаже Конески од 1974 година.[2]
- „Одисеј“ - песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.[3]
- „Улис“ (англиски: Ulysses) - роман на ирскиот писател Џејмс Џојс.
- „Одисеј“ (англиски: Ulysses) - песна на британската група Дед кен денс (Dead Can Dance) од 1988 година.[4]
- „Приказни за храбриот Одисеј“ (англиски: Tales of Brave Ulysses) - песна на британската рок-група Крим (Cream) од 1967 година.[5]
Наводи
уреди- ↑ Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 608 – 625.
- ↑ Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 64.
- ↑ Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 144.
- ↑ Discogs, Dead Can Dance – The Serpent's Egg (пристапено на 3.6.2020)
- ↑ YouTube, Cream - Tales of Brave Ulysses (пристапено на 16.3.2018)