Менелај
Менелај (грчки: Μενελαος = „моќта на народот“) — лик од старогрчката митологија, спартански крал, син на кралот Атреј од Микена и Аеропа, Агамемнонов брат, маж на убавата Елена, поради која започнала Тројанската војна.
Атреј го убил неговиот внук, Егист, кој го презел престолот во Микена и владеел со неа заедно со татко му Тијест. За то време Менелај и неговиот брат, Агамемнон, како беглци живееле кај Тиндареј, кралот на Спарта, чии ќерки Елена и Клитемнестра ги ожениле. Елена и Менелај имале една ќерка, Хермиона.
Менелај го наследил Тиндареј, (чии синови, Кастор и Полукс станале богови), а Агамемнон со помош на брат му ги исфрлил Егист и Тијест и го повратил престолот на својот татко. Тој ја проширил својата држава со освојувања и станал најмоќен владетел во Грција.
Кога дошло време да се омажи Тиндареевата ќерка Елена, многу грчки кралеви и принцови дошле да је просат или праќале емисари да го направат тоа во нивно име. Меѓу просците биле и Одисеј, Менестеј, Ајант велики, Патрокле и Идоменеј, но Менелај бил фаворитот, иако, по некои, не се појавил лично туку го претставувал брат му Агамемнон. Сите освен Одисеј донеле богати дарови.
Тиндареј не сакал да прими ни едан подарок, но не смеел ни да ги одбие стројниците од страв поради тоа да не избие караница меѓу нив. Одисеј ветувал дека ќе го реши проблемот на задоволувачки начин ако му Тиндареј помогне да ја добие за жена Пенелопа, Икаријевата ќерка. Тиндареј спремно се согласил и Одисеј предложил пред да се донесе конечната одлука, сити стројници да се заколнат со најсвечена заклетва дека ќе го бранат изабраниот маж на Елена од било кој непријател. Оваа итрина успела и Елена и Менелај се венчале. По тиндарејевата смрт, Менелај станал крал на Спарта, бидејќи единствените машки наследници, Кастор и Полукс загинале и биле воздигнати на Олимп.
Неколку година подоцна, Парис, тројанскиот принц, дошол во Спарта и ја грабнал Елена, која му ја ветила божицата Афродита ветила за жена (видети: Парисов суд). Парис се вратил со Елена во Троја, иако се разликуваат преданијата по тоа дали таа отишла своеволно, бидејќи била заслепена од моќите на Афродита. Ова приказна е опишана во четвртата книга на Хомеровата Одисеја.
Менелај ги повикал останатите стројници да го исполнат свотое ветување и така започнала Тројанската војна. Речиси сите грчки јунаци учествувале во војната, или напаѓајќи ја Троја со Менелај, или бранејќи ја од него.
Во „Илијадата“ се зборува дека Менелај храбро се борел, дури бил и ранет, а се прославил кога го спасил патрокловото тело кого го убил Хектор. Иако е опишан како мудар и праведен владетел, имал обичај да се однесува непромислено во пресудни моменти.
За време на војната, Менелаев носач на оружје бил Етеонеј. (Одисеја IV, 22, 31)
Бидејќи Грците ги победиле Тројанците, Елена се вратила во Спарта со Менелај (иако по смртта на Парис, таа била омажена за неговиот брат, Дејфоб, а Менелај и него го убил). По некои верзии, Менелај некое време останал на дворот на кралот Полиб од Теба.
Според „Одисејата“, на враќање дома, бура ја однела Менелаевата флота на Крит и во Египет, од каде не можеле да отпловат бидејќи немало ветер. Менелај морал да го фати Протеј, морскиот бог за да дозанае каква жртва треба да принесе и да обезбеди мирно враќање дома. Протеј, исто така, му рекол на Менелај дека судбината му одредила по смртта да престојува во елисејските полиња. Потоа, Менелај конечно се вратил во Спарта со Елена.
По смртта на Менелај, неговиот незаконски син Мегапент ја испратил Елена во прогонство.