ФК Базел

(Пренасочено од FC Basel)

ФК Базел е швајцарски професионален фудбалски клуб од градот Базел. Клубот е основан во 1893 година и се натпреварува во Швајцарската Супер лига.

Базел
Целосно имеФудбал клуб Базел 1893
ПрекарРотблау
Основан15 ноември 1893
ЛокацијаБазел, Швајцарија
СтадионСент Јакоб Парк
Капацитет38,500
ПретседателШвајцарија Бернхард Бургенер
ТренерШвајцарија Марсел Колер
ЛигаШвајцарска Супер лига
2023/248.
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Титули
Домашни бои
Гостински бои
Тековна сезона

Клубот е основан во 1893 година под името ФК Базел и тоа име го носи и денес. Со 17 освоени титули во швајцарското првенство и 11 наслови во Купот на Швајцарија, Базел е втор клуб по успешност во Швајцарија зад Грасхопер. Тие се исто така и актуелни шампиони на Швајцарија и во серија од 5 освоени титули по ред во Супер лигата (2010, 2011, 2012, 2013, 2014). Во европските натпреварувања, Базел е четвртфиналист во Европскиот куп во сезоната 1973-74 и полуфиналист на Лига Европа за сезоната 2012-13.

Својте домашни натпревари Базел ги игра на Сент Јакоб Парк, кој има капацитет од 37.500 места.

Историја

уреди

Формирање

уреди

Фудбалскиот клуб Базел 1893, настанал благодарение на објавувањето на вест во Базелскиот весник National Zeitung (превод на мак. Национален Весник) на 12 ноември 1893, со што биле повикани љубителите на фудбалот да се сретнат и да разговара за формирање на клуб.

Со овој текст ве известуваме зе формирање на фудбалски клуб, поканети се сите пријатели на овој спорт, следната среда да дојдат во вечерните часови (во 20.15 часот) во горната соба на чевларското здружение на заеднички состанок.

— Објава во "Базелскиот Национален Весник" на 12 ноември 1893 година

На 15 ноември, во 20.15, тие се собрале во еден паб на Шухмахерн-Цунфт (Здружение на чевлари), единаесет мажи кој ја основале компанијата (односно клубот). Некои од нив биле веслачи, други академици ,а таму исто така, бил и еден од првите швајцарски спортски новинари, Фердинанд Ишлер, кој ги превел правилата на овој спорт на германски. Роланд Гелднер станал првиот претседател додека Ишлер бил првиот капитен на тимот; изборот на боите црвена и сина боја, биле преземени од Веслачкиот клуб Базел.

На 10 декември 1893, Базел го одиграл својот прв натпревар во историјата на Стадионот Ландхоф против Реалшулертурнфераин од Базел, победувајќи со 2-0.[1]

Периодот околу крајот на векот

уреди

Во 1895 била основана "швајцарската фудбалска асоцијација", иако сè уште без ФК Базел. Две години подоцна, Базел имал 100 члена. Во сезоната 1897-1898 се одржало првото издание на швајцарскиот куп, но дури и тогаш без учество на Базел.

Во сезоната 1898-1899 Базел учествуваше за првпат во првенството. Таканаречената Серија А, која претставувала највисоката лига по ранг во Швајцарија, се играла во три регионални групи, каде соодветните победници се квалификувале за финалето на групата. Базел испаднал после два натпревари против Олд Бојс. Во купот 1899 година, загубиле од Англо-американски Цирих. Во сезоната 1902-1903, клубот ја прославил својата 10-годишнина. Во првенството, Базел завршил на третото место во "Централната Група", што пак не е доволно за пласман во финалето. Победник била екипата на Јанг Бојс.

Една година подоцна, Базел го дал првиот играч од клубот во репрезентацијата. Тоа бил голманот.

Во сезоната 1906-1907, клубот за првпат бил победник во својата првенствена група во Серија А. На тој начин стигнале до финалето, но таму загубиле од подоцнежниот шампион Сервет (1:5) и Јанг Фелоус Цирих (2:3), завршувајќи на последното место во финалната група (од три клуба). Сезоната 1912-1913 е посветена на управувањето на клубот од страна на англичанецот Перси Хемфрис, првиот тренер во историјата на клубот

Време во текот на Првата светска војна

уреди

И покрај избувнувањето на Првата светска војна швајцарското фудбалско првенство не било прекинато, и во сезоната 1913-1914 Базел го освоил второто место во "Централната група" на швајцарската Серија А. Но, само една година подоцна, во 1915 година, голем број од активните фудбалери пријавени во швајцарската асоцијација биле земени на воена служба. Базел ја завршил сезоната на третото место. Кон крајот на војната во 1918 година, исто така голем проблем претставувало тоа што многу фудбалски игралишта биле претворени во полиња за компир. Базел го освоил второто место во регионалната група во сезоната 1917-1918 и на тој начин пак не успеал да се пласира во финалната група.

Развојот од 1920 година

уреди

Во сезоната 1919-1920 во клубот дошол австрискиот играч од средниот ред Густав Пуцендоплер (кој подоцна ќе биде тренер на Базел во сезоната 1930-1931), кој исто така се смета за еден од првите странци во клубот. Но ниту ангажирањето на Пуцендоплер не помогнало да се освои првото место централната група, завршувајќи повторно како втор со голем заостаток од 8 бода зад Јанг Бојс. Следната сезона била ужасна за Базел. Клубот завршил на 7. место и само поради подобрата гол-разлика од Луцерн избегнал испаѓање. Веднаш по завршувањето на срамната сезона, управата на клубот интервенирала со назначување на некогашниот германски репрезентативец Макс Бруниг за тренер на клубот. Бруниг станал само вториот тренер во 30-годишната историја на клубот. Во 1924 година, градските соперници Нордстерн Базел го освоиле првото место во "централната група", додека Базел завршил на 3. место. Во финалната група на Серија А, шампион бил Цирих.

Конечно, долго очекуваниот успех бил постигнат во сезоната 1929-1930 кога под водство на унгарскиот тренер Јулиј Картеш Базел победил во централната групата. Сепак, во финалната група во која овој пат имало 6 клуба (наместо дотогашните три), Базел го освоил последното место со само една победа над Биел-Биен со 1-0. ВО 1933 година, дошол првиот позначаен трофеј за клубот, откако во финалето на Купот на Швајцарија со 4-3 го победиле Грасхопер. Во сезоната 1938-1939, клубот го освоил последното дванаесетто место и на тој начин испаднал од највисоката дивизија во швајцарскиот фудбал.

Периодот околу Втората светска војна

уреди

Исто како и за време на Првата светска војна, така и за време на Втората светска војна, натпреварите од првенството на Швајцарија биле изиграни. Базел се вратил во Серија А во 1942 година, и успел да избегне повторно испаѓање завршувајќи на 13. место во конкуренција на 14 клубови во својата повратничка сезона. Меѓутоа испаѓањето било неизбежно во сезоната 1944-1945. Тие се вратиле во највисоката конкуренција само една година подоцна, а во 1947 година, за вторпат во историјата Базел го освоил швајцарскиот куп. Од 1949 година, Стадионот Ландхофт бил повторно граден. Во 1950 година, Базел бил вицешампион со два бода зад Сервет. Откако завршиле со реновирање на стадионот, бил оргенизиран меѓународен турнир.

1953: Првата титула шампион на Швајцарија

уреди

Во 1953 година, Базел го освоил швајцарското првенство за првпат во историјата на клубот. Со само еден пораз во 26 натпревари тимот под водство на тренерот Рене Бадер го освоил првото место во лигата со четири бода предност во однос на Јанг Бојс. Сепак, овој успех не му се повторил на клубот во текот на следните години, но тие речиси редовно завршувале во средината на табелата.

Подеми и паѓање

уреди

Базел го освоил својот прв трофеј во новата деценија во 1963 година; под водство на чехословачкиот тренер Јиржи Соботка, тие триумфирале во Купот на Швајцарија по победата од 2-0 над Грасхопер во финалето. Но, Базел започнал да игра важна улога во швајцарскиот фудбал во доцните 1960-ти под раководството на германскиот тренер Хелмут Бентхаус. Тој на располагање имал неколку квалитетни играчи како што се Рене Хаслер, Отмар Хицфелд и Карл Одермат. Првата лигашка титула под водство на Бентхаус како тренер на Базел, дошла во сезоната 1966-1967, завршувајќи со еден бод пред Цирих. Истата сезона Базел го освоил и купот со победа над Лозана во финалето. Благодарение на одличните резултати на домашната сцена, Базел играл во квалификациите за Европскиот куп, за првпат во историјата на клубот, во 1968 година, но биле елиминирани во првиот круг од турнирот, од дански Видовре. Следната првенствена титула на Базел дошла во сезоната 1968-1969, кога тие уште еднаш завршиле со само еден бод над првиот следач, кој овојпат била екипата на Лозана. Ова значеше дека Базел ќе има нова европска авантура, но тие уште еднаш не успеале да ја надминат првата пречка, откако биле поразени од шкотскиот Селтик.

Во сезоната 1969-70, уште еднаш, Базел ја освоил лигата со бод повеќе од Лозана. Во своето трето учество во Европскиот куп во сезоната 1970-71, тие конечно ја минале првата фаза (елиминирајќи го Спартак Москва) и стигнал до вториот круг, каде загубиле од подоцнежниот шампион Ајакс со вкупен резултат 5-1. Базел не ја задржат својата титула следната сезона и покрај тоа што завршиле со ист број на бодови како шампионите, Грасхопер, кој биле подобри во меѓусебниот двобој за титулата со 4-3. Откако ја загубиле титулата во оваа сезона, Базел потоа освоил две титули во лигата по ред, во сезоните 1971-1972 и 1972-1973. Тие, исто така, го освоиле и Лига купот во 1972 година. Во Европа, Базел не успеал да импресионира, испаѓајќи во првата фаза од унгарскиот Ујпешт во сезоната 1972-73, но во сезоната 1973/74 тие се истакнале со перуанската легенда Теофило Кубиљас во своите редови, стигнале до четврт-финалето елиминирајќи ги Фрам од Рејкјавик и Клуб Брухе, пред тесно да загубат од Селтик со вкупен резултат 5-6. И покрај подобрувањето на Базел на европската сцена, тие не успеале да ја освојат лигата во следните четири години, но го освоиле Купот на Швајцарија во 1975 година, победувајќи го Винтертур со 2-1 по продолженија.

Долго очекуваната шампионска титула дошла во сезоната 1976-1977, откако тие го победиле Сервет во разигрувањето. Така, Базел се вратил во натпреварите од Европскиот Куп на шампиони но биле поразени во првиот круг, уште еднаш, од страна на Вакер Инсбрук. По успехот во сезоната 1976-1977, Базел поминал две сезони под својте стандарди завршувајќи во средината на табелата, но славата на клубот ќе се врати во се сезоната 1979-1980, кога Базел ќе ја освои својата 8-ма титула во Националната лига А, преку плејофот. Сепак, тренерот Хелмут Бентхаус го напуштил клубот во 1982 година и во следните сезони во перформансите на Базел бил забележан голем регрес кој ќе доведе дури до испаѓање во Националната лига Б во сезоната 1987-1988. Неколку тренери дошле и си заминале од Базел, сè додека клубот конечно не се вратил во Националната лига А во 1994 година под водство на Клод Андреј. Базел избегнал испаѓање за три бода во нивната прва сезона по враќањето во највисоката дивизија, но Андреј бил отпуштен и заменет со Карл Енгел. Енгел го доведе Базел до петтото место во неговата прва сезона на чело и солидно место во средината на табелата во сезоната 1996-1997, но тој бил отпуштен по слабиот старт на сезоната 1997-1998, во кој Базел го освоил второто место одоздола на табелата. Јерг Бергер потоа ја презел функцијата, но неговиот мандат траел само една година пред на чело да дојде Кристијан Грос. Во годините што следат Грос ќе се претвори во најуспешниот тренер во историјата на Базел

2002-денес; Доминација во Швајцарија и пробив на Европската сцена

уреди

Во 2002 година, под водство на Кристијан Грос, тимот го освоил првенство и купот. Следната сезона учествувале во Лигата на шампионите, исклучително важен настан, како еден од ретките швајцарски тимови во историјата кој успеале да учествуваат во втората групната фаза (осмина-финална) од ова натпреварување. Во таа сезона, тимот успеал да победи екипи како Селтик, Депортиво Ла Коруња, Спартак Москва и Јувентус, а играле нерешено двапати со Ливерпул и еднаш со Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд.

Во сезоната 2005-2006 (откако биле прерано елиминирани од Лигата на шампионите) тимот стигнал до четврт-финалето од Купот на УЕФА, каде бил исфрлен од страна на Мидлзборо.

На 13 мај 2006, Базел на неверојатен начин ја загубил титулата во домашното првенство, по поразот со 1-2 на домашен терен од Цирих, во последното коло од првенството. Голот за титула на Цирих го постигнал одбранбениот играч Јулијан Филипеску во 92-рата минута; двата тима завршиле со освоени 78 бода, но Цирих поради подобрата гол разлика станал шампион. Денот се памети, особено заради многу тешките судири што следеле меѓу навивачите на двата клуба. Двете страни предизвикале оштетувања на некои структури на стадионот.

Во сезоната 2006-2007 сезона тимот бил елиминиран од групната фаза на Купот на УЕФА, а во изданието 2007-2008 на истото натпреварување бил елиминиран од Спортинг Лисабон во шеснаестина-финалето.

На 10 мај 2008 година Базел ја освоил својата дванаесетта титула, победувајќи го во последниот натпревар од првенството вицешампионот ФК Јанг Бојс. Во квалификациите за Лигата на шампионите ја совладале Виторија Гимареш, а во групната фаза го освоиле последното место со само еден бод во група со Барселона, Спортинг Лисабон и Шахтар Донецк.

На 7 декември 2011, во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите, Базел успеал да го победи Манчестер Јунајтед со 2-1, завршувајќи на второ место за сметка на Црвените ѓаволи, позиција која му донесе историска квалификација во нокаут фазата; таму швајцарскиот тим бил елиминиран од Баерн Минхен со вкупни 1-7.

Во сезоната 2012-2013, во Базел стигнал до полуфиналето на Лига Европа, каде биле елиминирани со двоен пораз од подоцнежните шампиони екипата на Челзи. На 1 јуни 2013 ја освоиле својата шеснаесетта титула, четврта по ред. Отпаднале од Лигата на шампионите и продолжиле во Лигата на Европа 2013-14, каде биле елиминирани во четврт-финалето од Валенсија, и покрај успехот во првиот натпревар на домашен терен со 3-0, во реваншот во Шпанија загубиле со 5-0.

Сезоната 2013-2014, ја завршиле со нова титула во Швајцарија, вкупно седумнаесетта, и петта сезона по ред.

Стадион

уреди
 
Сент Јакоб ноќе.

Фудбалерите на Базел ги играат своите домашни натпревари на стадионот Сент Јакоб Парк кој е со капацитет од 37.500.[2]

УЕФА му доделила оценка од 4-ѕвезди на стадионот, највисока оценка што може да му се даде на стадион со тој капацитет. Сент Јакоб Парк бил отворен во 2001 година, првично одржувајќи максимална посетеност од 33.433 гледачи. Стадионот бил проширен со нова трибина (сектор G) и капацитетот бил зголемен на 42.500 места кога Швајцарија била ко-домаќин на Евро 2008. По Евро 2008 година, бројот на седишта биле отстранети, давајќи им повеќе простор меѓу нив, а капацитетот бил намален на 37.500 седишта.[3] Стадионот е наречен "Јогели" од страна на навивачите и располага со 2 ресторани наречени "Ресторан Уно" и "Хет-трик Спорт Бар" и еден трговски центар, кој бил отворен на 1 ноември 2001 година, исто така, има паркинг простор за 680 автомобили и има својa железничката станица. Сент Јакоб Парк бил домаќин на 6 натпревари за време на ЕвРО 2008, вклучувајќи го и првиот натпревар помеѓу Швајцарија и Чешка и полуфиналето помеѓу Германија и Турција. Најинтересен елемент на стадионот претставува надворешниот проѕирен слој, кој може да биде осветлен во различни бои со импресивни ефекти, овој ефект е копиран три години подоцна за новиот стадион на Баерн Минхен, Алијанс Арена.

Пред да се изгради стадионот Сент Јакоб Парк, Базел ги играл својте натпревари на Стадионот Ландхоф, а по Светското првенство 1954 година, се преселиле на новоизградениот Сент Јакоб, кој бил на истото место каде што се наоѓа сегашниот стадион. За време на периодот на изградба на Сент Јакоб Парк, Базел ги играл својте домашни натпревари на Стадионот Шуценмат.

Сент Јакоб Парк од надвор.

Соперништва

уреди

Најголеми соперници

Градовите Базел и Цирих имаат големо и долго соперништво. Тоа соперништво е пренесено и на фудбалските терени, па традиционално најголемите соперници на Базел му се Цирих и Грасхопер. Во последните неколку години особено е големо соперништвото со Цирих, па често навивачите на двата клуба предизвикувале проблеми во изминатите години.

Бои и дресови

уреди

Официјалните бои на клубот се црвена и сина ( ).

Дресови

уреди
Домашни
уреди
 
 
 
 
 
2000-2001
 
 
 
 
 
 
2002-2004
 
 
 
 
 
 
2004-2006
 
 
 
 
 
 
2006-2008
 
 
 
 
 
 
 
2008-2010
 
 
 
 
 
 
 
 
 
2010-2012
 
 
 
 
 
 
 
 
 
2012-2013
 
 
 
 
 
 
 
 
 
2013-2014
Гостински
уреди
 
 
 
 
 
 
2004-2005
 
 
 
 
 
2005-2007
 
 
 
 
 
 
 
2007-2009
 
 
 
 
 
2009-2011
 
 
 
 
 
2011-2012
 
 
 
 
 
 
 
2012-2014

Титули

уреди

1952-53, 1966-67, 1968-69, 1969-70, 1971-72, 1972-73, 1976-77, 1979-80, 2001-02, 2003-04, 
2004-05, 2008, 2009-10, 2010-11, 2011-12, 2012-13, 2013-14, 2014-15, 2015-16, 2016-17, 

1932-33, 1946-47, 1962-63, 1966-67, 1974-75, 2001-02, 2002-03, 2006-07, 2007-08, 2009-10, 2011-12, 2016-17

1972.

1969, 1970, 1978, 1979, 1980, 1983, 1986, 1988, 2003, 2006, 2008, 2011, 2013.

Играчи

уреди

Моментален состав

уреди
Бр. Позиција Играч
1   ГМ Томаш Вацлик
3   ОД Адама Траоре
4   ОД Филип Деген
5   ОД Михаел Ланг
6   ОД Валтер Самуел
7   СР Лука Ѕуфи
8   СР Биркир Бјарнасон
10   СР Матијас Делгадо (капитен)
11   НП Шкелзен Гаши
14   НП Јоихиро Какитани
15   ОД Иван Иванов
17   ОД Марек Сухи
18   ГМ Германо Ваилати
Бр. Позиција Играч
19   ОД Бехранг Сафари
20   СР Вељо Симиќ
21   НП Марк Јанко
22   СР Здравко Кузмановиќ
23   ГМ Мирко Салви
24   НП Ахмед Хамуди
25   НП Дерлис Гонсалес
26   ОД Даниел Хег
33   СР Мохамед Елнени
34   СР Таулант Џака
36   НП Брил Емболо
38   НП Албан Ајети
39   СР Давиде Кала

Тренери

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. FCB.ch (уред.). „The Club's History“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2013-09-08. Посетено на 2014-11-29.
  2. „Figures and facts“. FC Basel 1893. 2011. Архивирано од изворникот на 2012-02-03. Посетено на 2011-11-20.
  3. www.baselunited.ch