Михаел Рико Ланг (роден на 8 февруари 1991) — швајцарски фудбалер, играч од одбраната на Вердер Бремен, на заем од Борусија Менхенгладбах, и на швајцарската репрезентација.

Михеал Ланг
Лични податоци
Полно име Михаел Рико Ланг[1]
Роден на 8 февруари 1991(1991-02-08)(33 г.)
Роден во Егнах, Швајцарија
Држава Швајцарија Швајцарија
Висина &100000000000001850000001,85 м[2]
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Вердер Бремен Вердер Бремен
Број 4
Младинска кариера
Ст. Гален Ст. Гален
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006-2011 Ст. Гален Ст. Гален 57 (3)
2011-2015 Грасхопер Грасхопер 127 (12)
2015-2018 Базел Базел 87 (16)
2018-2019 Борусија Менхенгладбах Б. Менхенгладбах 17 (1)
2019-Вердер Бремен Вердер Бремен 1 (0)
Репрезентација
2005-2007 Швајцарија Швајцарија 16 11 (1)
2007-2008 Швајцарија Швајцарија 17 19 (2)
2008-2009 Швајцарија Швајцарија 18 7 (0)
2009-2010 Швајцарија Швајцарија 19 16 (3)
2010-2012 Швајцарија Швајцарија 20 11 (3)
2013- Швајцарија Швајцарија 29 (3)
* Ажурирано на: 6 јануари 2012
** Ажурирано на: 6 јануари 2012

Клупска кариера

уреди

Санкт Гален и Грасхопер

уреди

Ланг ја започна својата професионална кариера во екипата на Санкт Гален во Швајцарската Супер лига. Во мај 2007 на возраст од само 16 години, тој го направил своето деби за првиот тим на Санкт Гален во првенствен натпревар против Арау кој завршил нерешено 1-1, со што станал еден од најмладите дебитанти во швајцаркото првенство. Во сезоната 2009-2010 во која Санкт Гален се вратил во Швајцарската Супер лига по една сезона отсутсво, Ланг успеал да се утврди во првиот тим зелено-белите и останал незаменлив стартер во текот на оваа и на следната сезона. Вкупно за Санкт Гален одриграл 74 натпревари и постиганал 5 гола.

Во летото 2011, Ланг потпишал четиригодишен договор со екипата на Грасхопер. Своето деби за новиот клуб го направил на 27 август 2011, во поразот на домашен терен со 0-1 од Луцерн. Во сезоната 2012-2013 го освоил Купот на Швајцарија, негов прв трофеј во кариерата, откако скакулците го победиле Базел во финалето со 5-4 на пенали; Ланг го одиграл целиот натпревар во финалето и бил единствениот изведувач на пенал на Грасхопер кој промашил, но за негова среќа тоа не се рефлектирало на крајниот исход на натпреварот. Во сезоната 2014-2015 - неговата последна во клубот од Цирих - Ланг постигнал 5 гола за Грасхопер во лигата и пропуштил само еден лигашки натпревар поради суспензија, а во вториот дел од сезоната станал и капитен на клубот поради повредата на главниот капитен Даниел Павловиќ. Вкупно за Грасхопер одиграл 152 натпревари и постигнал 14 гола.

Базел

уреди

На 1 јуни 2015, Ланг како слободен играч му се приклучил на тогашниот актуелен швајцарски шампион Базел.[3] Своето деби за Базел го направил на 19 јули 2015 во натпреварот против Вадуц во лигата во победата со 2–0.[4] Својот прв гол за новиот клуб го постигнал само една недела подоцна, на 25 јули, за време на гостувањето против неговиот поранешен клуб Грасхопер. Тоа бил последниот гол во натпреварот со кој Базел победил со 3-2.[5] Под водство на тренерот Урс Фишер Ланг го освоил швајцарското првенство на крајот на сезоната 2015-2016[6] и повторно на крајот на сезоната 2016-2017. Во втората сезона тие го освоиле и Купот на Швајцарија, што била шестата двојна круна за Базел во историјата на клубот.[7]

Во текот на сезоната 2017-2018, Ланг го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите во победата со 5-0 над Бенфика во групата на домашен терен на 27 септември 2017.[8] Потоа, исто така во групната фаза, на 22 ноември тој го постигнал единствениот гол во 89-тата минута од натпреварот против Манчестер Јунајтед со кој Базел го победил славниот англиски клуб со 1-0 на Сент Јакоб Парк.[9] Само три дена подоцна на 25 ноември 2017, постигнал два гола во победата со 4-1 на гостувањето кај Луцерн во првенството, а истото го повторил и четири дена подоцна против истиот противник во Купот на Швајцарија во победата со 2-1 на домашен терен. Ланг постигнал гол и во нокаут-фазата од Лигата на шампионите против Манчестер Сити во победата на Базел со 2-1 на Етихад.[10] Иако Ланг на личен план имал одлична сезона во која на 44 настапи постигнал 10 гола во сите натпреварувања, Базел не успеал да ја одбрани титулата во првенството по осум освоени титули по ред завршиле како втори зад Јанг Бојс а од истиот противник биле елиминирани и во полуфиналето на купот.

Борусија Менхенгладбах и Вердер Бремен

уреди

Во јуни 2018, Ланг потпишал четиригодишен договор со германската Борусија Менхенгладбах во трансфер вреден 2.8 милиони евра кој му биле платени на Базел.[11] Дебитирал во Бундеслигата во шестото коло во натпреварот Волфсбург-Борусија Менхенгладбах (2-2) играјќи од почетокот до 73-тата минута кога бил заменет. Својот прв гол за Борусија го постигнал во победата со 4-1 над Хановер 96 во лигата. Својата прва сезона во дресот на Борусија Менхенгладбах ја завршил со 18 настапи и 1 гол.

На 29 август 2019, Ланг му се приуклучил на Вердер Бремен на заем до крајот на сезоната со опција за откуп.[12]

Репрезентативна кариера

уреди

Своето сениорско деби за Швајцарија Ланг го направил на 14 август 2013 во пријателски натпревар против Бразил;[13] тој влегол како замена во второто полувреме на местото на Стефан Лихтштајнер во натпреварот во кој швајцарците го победиле петкратниот светски првак со 1-0 на Сент Јакоб Парк.[13] Својот прв гол за репрезентацијата го постигнал веќе во својот втор настап на 11 октомври во победата со 2–1 над Албанија во Квалификациите за Светското првенство 2014. Оваа победа и обезбедила место на Швајцарија на завршниот турнир на Светското првенство 2014 во Бразил.[14]

Во мај 2014 Ланг бил повикан од селектрот Отмар Хицфелд во составот од 23 играчи за турнирот.[15] Својот прв и единствен настап на Светското првенство 2014, Ланг го имал во последниот натпревар на Швајцарија во групната фаза против Хондурас, влегувајќи во игра на 13 минути до крајот.[16] Швајцарија го завршила својот настап на турнирот во осминафиналето каде биле поразени од Аргентина.[17]

Тој бил вклучен во составот на Швајцарија и за следното Светско првенство 2018 во Русија.[18] Ланг добил црвен картон во поразот со 1–0 од Шведска во осминафиналето што значел крај на турнирот за Швајцарија.

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Швајцарија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
14-8-2013 Базел Швајцарија   1 – 0   Бразил Пријателска -   62'
11-10-2013 Тирана Албанија   1 – 2   Швајцарија Квал. за СП 2014 1
15-10-2013 Берн Швајцарија   1 – 0   Словенија Квал. за СП 2014 -
15-11-2013 Сеул Јужна Кореја   2 – 1   Швајцарија Пријателска -   65'
5-3-2014 Санкт Гален Швајцарија   2 – 2   Хрватска Пријателска -   62'
3-6-2014 Луцерн Швајцарија   2 – 0   Перу Пријателска -   90+1'
25-6-2014 Манаус Хондурас   0 – 3   Швајцарија СП 2014 - Прва фаза -   77'
18-11-2014 Вроцлав Полска   2 – 2   Швајцарија Пријателска -
10-6-2015 Тун Швајцарија   3 – 0   Лихтенштајн Пријателска -   74'
9-10-2015 Санкт Гален Швајцарија   7 – 0   Сан Марино Квал. за Евро 2016 1
12-10-2015 Талин Естонија   0 – 1   Швајцарија Квал. за Евро 2016 -
13-11-2015 Трнава Словачка   3 – 2   Швајцарија Пријателска -   58'
17-11-2015 Виена Австрија   1 – 2   Швајцарија Пријателска -   18'
25-3-2016 Даблин Ирска   1 – 0   Швајцарија Пријателска -   82'
29-3-2016 Цирих Швајцарија   0 – 2   Босна и Херцеговина Пријателска -   65'
28-5-2016 Ланси Швајцарија   1 – 2   Белгија Пријателска -   64'
3-6-2016 Лугано Швајцарија   2 – 1   Молдавија Пријателска -   64'
15-6-2016 Париз Романија   1 – 1   Швајцарија Евро 2016 - Прва фаза -   83'
19-6-2016 Вилнев д'Аск Швајцарија   0 – 0   Франција Евро 2016 - Прва фаза -   86'
10-10-2016 Андора ла Веља Андора   1 – 2   Швајцарија Квал. за СП 2018 -   90+2'
3-9-2017 Рига Латвија   0 – 3   Швајцарија Квал. за СП 2018 -   80'
23-3-2018 Атина Грција   0 – 1   Швајцарија Пријателска -   61'
27-3-2018 Базел Швајцарија   6 – 0   Панама Пријателска -   69'
3-6-2018 Вилјареал Шпанија   1 – 1   Швајцарија Пријателска -   63'
17-6-2018 Ростов на Дон Бразил   1 – 1   Швајцарија СП 2018 - Прва фаза -   87'
27-6-2018 Нижни Новгород Швајцарија   2 – 2   Костарика СП 2018 - Прва фаза -   81'
3-7-2018 Санкт Петербург Шведска   1 – 0   Швајцарија СП 2018 - Осминафинале -   90+4'
12-10-2018 Брисел Белгија   2 – 1   Швајцарија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -
15-10-2018 Рејкјавик Исланд   1 – 2   Швајцарија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза 1
14-11-2018 Лугано Швајцарија   0 – 1   Катар Пријателска -   62'
Вкупно Настапи 30 Голови 3

Титули

уреди
  Грасхопер
уреди
2016-2017
  Базел
уреди
2015–2016, 2016–2017
2016-2017

Наводи

уреди
  1. „2014 FIFA World Cup Brazil: List of Players“ (PDF). FIFA. 11 June 2014. стр. 30. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-08-06. Посетено на 11 June 2014.
  2. „2018 FIFA World Cup Russia – List of Players“ (PDF). FIFA.com. Fédération Internationale de Football Association. 4 June 2018. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-06-19. Посетено на 10 June 2018. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)
  3. „FCB verpflichtet Nationalspieler Michael Lang“. FC Basel. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2 June 2015.
  4. Marti, Caspar (2015). „Auftakt geglückt – 2:0 Sieg gegen den FC Vaduz“. FC Basel 1893. Архивирано од изворникот на 2019-09-03. Посетено на 19 July 2015.
  5. Marti, Caspar (2015). „Der FCB gewinnt bei GC ein unterhaltsames Spiel mit 3:2“. FC Basel 1893. Архивирано од изворникот на 2019-09-03. Посетено на 25 July 2015.
  6. Marti, Casper (2016). „Es ist vollbracht ! Der FCB ist zum 19. Mal Meister“. FC Basel 1893. Архивирано од изворникот на 2019-05-30. Посетено на 30 April 2016.
  7. „Swiss football: FC Basel wins 3-0 over Sion in Geneva; police extra vigilant after game and also scored the winning goal against Manchester united“. allaboutgeneva.com. 25 May 2017. Архивирано од изворникот на 2017-06-05. Посетено на 2019-09-05.
  8. FC Basel 1893 (2017). „5:0 – ein entfesselter FCB landet gegen Benfica einen Kantersieg“. FC Basel 1893. Архивирано од изворникот на 2017-10-03. Посетено на 27 September 2017.
  9. FC Basel 1893 (2017). „Grandios! Lang schiesst den FCB in letzter Minute zum Sieg“. FC Basel 1893. Архивирано од изворникот на 2019-09-05. Посетено на 22 November 2017.
  10. UEFA (2018). „City ease through but Basel loss mutes celebrations“. UEFA. Посетено на 10 March 2018.
  11. "Schnäppchen" Lang unterschreibt bis 2022 in Gladbach“. kicker Online (германски). 29 June 2018. Посетено на 29 June 2018.
  12. „Twitter“. mobile.twitter.com. Посетено на 2019-08-29.
  13. 13,0 13,1 „Switzerland 1-0 Brazil: Alves own goal hands Hitzfeld's men famous win“. Goal.com. 14 August 2013. Архивирано од изворникот на 2019-04-05. Посетено на 11 May 2018.
  14. „World Cup qualifier: Switzerland book World Cup spot with 2-1 win over Albania“. Sky Sports. 11 October 2013. Посетено на 11 May 2018.
  15. „World Cup 2014: Pajtim Kasami on standby for Switzerland“. BBC Sport. 13 May 2014. Посетено на 11 May 2018.
  16. Alan Smith (25 June 2014). „Switzerland ease past Honduras courtesy of Xherdan Shaqiri hat-trick“. The Guardian. Посетено на 11 May 2018.
  17. Ian Herbert (1 July 2014). „Argentina vs Switzerland match report World Cup 2014: Angel di Maria leaves it late to breach the Swiss red wall“. Independent. Посетено на 11 May 2018.
  18. https://www.washingtonpost.com/amphtml/sports/dcunited/switzerland-opts-for-experience-in-world-cup-squad/2018/06/04/86572ee2-680a-11e8-a335-c4503d041eaf_story.html[мртва врска]

Надворешни врски

уреди