Отвори го главното мени

Бернер Шпорт Клуб Јанг Бојс или ФК Јанг Бојс е швајцарски професионален фудбалски клуб од главниот град, Берн. Клубот е основан во 1898 година и се натпреварува во највисокото ниво на швајцарскиот клупски фудбал, Швајцарска Супер лига. Тие се моментални шампиони на Швајцарија, откако триумфирале во сезоната 2017-2018 освојувајќи ја титулата прв пат по 32 години чекање.

Јанг Бојс
YoungBoysLogo.png
Основан14 март 1898
СтадионСтад де Свис
Берн, Швајцарија
Капацитет32,000
СопственикШвајцарија Вернер Мулер
ТренерШвајцарија Герардо Сеоане
ЛигаШвајцарска Супер лига
2018–19Швајцарска Супер лига, 1-ви
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Со 12 наслови во швајцарскиот шампионат Јанг Бојс е на делба на четвртото место по успешност со ист број на титули со Цирих а зад Грасхопер, Базел и Сервет. Освен тоа тие имаат и 6 наслови во Купот на Швајцарија. Јанг Бојс исто така е еден од најуспешните швајцарски клубови и во европските натпреварувања, а најголемиот успех им е полуфиналето во Европскиот куп во сезоната 1958-59, каде биле поразени од францускиот претставник Ремс.

Од 2005, Јанг Бојс ги игра својте домашни натпревари на Стад де Свис кој има капацитет од 32.000 места, а изграден е на местото на некогашниот стадион Ванкфорд.

Бои и амблемиУреди

Официјалните бои на клубот се црна и жолта ( ).

ТитулиУреди

1902-03, 1908-09, 1909-10, 1910-11, 1919-20, 1928-29, 1956-57, 1957-58, 1958-59, 1959-60, 
1985-86, 2017-18, 2018-19.

1929-30, 1944-45, 1952-53, 1957-58, 1976-77, 1986-87

1976.

Моментален составУреди

Надворешни врскиУреди

НаводиУреди