Отвори го главното мени

Алексеј Цатевич

руски велосипедист

Алексеј Цатевич (руски: Алексей Владимирович Цатевич; р. 5 јули 1989) — руски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за професионалната континентална екипа Гаспром-РусВело.

Алексеј Цатевич
Лични податоци
Цело имеАлексеј Владимирович Цатевич
Роден5 јули 1989 (1989-07-05) (30 г.)
Верхњаја Пишма, СССР СССР
Висина1,69 м
Маса64 кг
Податоци за клубот
Мом. клубГаспром-РусВело
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпринтер
Аматерски клубови
2007
2011
Педале Кастелано Понтенуре
Итера-Катјуша
Професионални клубови
2012–2016
2017-
Катјуша
Гаспром-РусВело
Последна промена
9 април 2016

КариераУреди

Цатевич се натпреварува како професионалец од почетокот на сезоната 2012, кога му се приклучил на Катјуша,[1] претходно настапувајќи за развојната екипа на Катјуша, Итера-Катјуша, во 2011. По неколку пласмани во првите десет во текот на сезоната 2012, Цатевич ја постигнал својата прва победа во неговата професионална кариера во февруари 2013, кога ја освоил трката Ле Самин во Белгија.[2][3] Цатевич нападнал на околу 500 метри пред целта и успеал да ја победи групата на целта во Дур.[4]

Бил вклучен во почетниот состав за Џиро д’Италија 2016.[5] На деветтата етапа, индивидуалниот хронометар, Цатевич бил казнет заради пресекување зад Тобојас Лудвигсон. Покрај тоа, Катјуша го повлекла од трката.[6][7]

ДостигнувањаУреди

2007
1. Трофео Сан Роко
1. Етапа 1 Трофе Сентр Морбијан
2008
1. Џорни Маркиџани
2009
4. Трофео Чита ди Сан Вендемијано
9. Гран Премио дела Либерационе
10. ГП Инда
2010
1. Краен пласман Гагра-Сухуми
1. Етапа 1
2. Копа дел Мобилио
10. Гран Премио дела Либерационе
2011
1.   Национално критериум првенство
1. ГП де ла Вил де Ножен сир Езе
1. Етапа 2 Тур Јероскипис
1. Етапа 2 ГП Коста Азул
1. Етапа 4 Тур Алзас
1. Етапа 6 Трка околу Бугарија
2. Ла Кот Пикард
2. ГП Москва
2. ГП Будимпешта
7. ЗЛМ Тур
7. ГП Крањ
10. Мајор Куп
2012
8. Трофео Палма де Мајорка
8. Ле Самин
8. Хел ван хет Мергеланд
10. Трофео Мигјорн
2013
1. Ле Самин
1. Етапа 3 Сетимана Сиклистика Ломбарда
9. Трка околу Франкфурт
10. Краен пласман Трка околу Белгија
2014
2. Ле Самин
7. Гент-Вевелгем
10. Брабант Пејл
2015
10. Дварс дор Вландерен
10. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
2016
1. Етапа 7 Волта а Каталуња
2. Класика де Алмерија
7. Друмска трка „Кедел Еванс“

НаводиУреди

  1. Вестемајер, Сузан. „Цабел се приклучува на Катјуша како спринтерски тренер“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 19 октомври 2011 (посет. 27 февруари 2013 г).
  2. Цатевич од Катјуша спринташе за победа во Ле Самин“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 27 февруари 2013 (посет. 27 февруари 2013 г).
  3. Geraint Thomas narrowly misses out on solo victory as Alexey Tsatevich wins Le Samyn“, „Sky Sports“, BSkyB, 27 февруари 2013 (посет. 27 февруари 2013 г).
  4. Цатевич победи на Ле Самин“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 27 февруари 2013 (посет. 27 февруари 2013 г).
  5. „99th Giro d'Italia Startlist“. Pro Cycling Stats. конс. 6 мај 2016. 
  6. „Alexey Tsatevich ‘very upset’ after Katusha withdraw him from Giro d’Italia“. Cycling Weekly. конс. 18 мај 2016. 
  7. „Team KATUSHA takes Alexey Tsatevich out of Giro d’Italia“. Катјуша. конс. 18 мај 2016. 

Надворешни врскиУреди