Универзитет на Јужна Австралија

универзитет во Аделаида, Јужна Австралија
(Пренасочено од УниСА-Австралија)

Универзитет на Јужна Австралија (англиски: University of South Australia; кратенка UniSA) — јавен универзитет во сојузната држава Јужна Австралија, Австралија. Била создадена во 1991 година со спојување на Јужноавстралискиот институт за технологија и Колеџот за напредно образование. Законодавството за основање и именување на новиот универзитет била донесена во 1990 година.[3] Со повеќе од 33.000 студенти, универзитетот е најголем во Јужна Австралија; повеќе од 10.000 студенти се од странство, од кои една половина студираат во Аделаида, а останатите во издвоената подружница во Сингапур.[4]

Универзитет на Јужна Австралија
латински: Universitas Australia Australis
ГеслоОбразуваме професионалци. Создаваме и применуваме знаење. Ја ангажираме заедницата.
Видјавен
Основан1991 од SAIT и SACAE
КанцеларИјан Гулд [1][2]
ВицеканделарДејвид Лојд
Додипломци27.289
Постдипломци7.757
МестоАделаида, Јужна Австралија, Австралија
Кампусурбана област
ОрганизацииЧлен на Универзитетската технолошка мрежа
www.unisa.edu.au

Со универзитетскиот акт,[5] негова првична мисија била „да го зачува, проширува и шири знаењето преку предавање, истражување, стипендии и обезбедување образовни програми кои ќе го разубават различниот културен живот на пошироката заедница“. Во 2013 година била поставена нова мисија како дел од новата стратегија.[6]

Универзитетот е најмлада австралиска институција која влегла во првите 50 во списокот на најдобри 100 глобални универзитет помлади од 50 години.[7]

Универзитетот е основоположник на Австралиската технолошка мрежа на универзитети.

Наводи уреди

  1. „Геолог назначен за ректор на УниСА“. The Advertiser. 22 февруари 2008. |access-date= бара |url= (help)
  2. „Ректорат“. Официјална страница. Архивирано од изворникот на 2012-03-09. Посетено на 17 јули 2008.
  3. News Release, University of South Australia, 17 August 2006
  4. „Универзитети на Австралија - Универзитет на Јужна Австралија“. Архивирано од изворникот на 2014-02-09. Посетено на 2015-01-18.
  5. „Законодавство на универзитетот“. Универзитет на Јужна Австралија. 7 септември 2009. Архивирано од изворникот на 2013-10-19. Посетено на 27 октомври 2013.
  6. „Стратешки акциски план 2013-2018“. Универзитет на Јужна Австралија. Архивирано од изворникот на 2013-10-19. Посетено на 27 октомври 2013.
  7. „University of South Australia - 100 under 50 - 2013“. Times Higher Education. Посетено на 27 октомври 2013.

Надворешни врски уреди

34°55′14″S 138°36′24″E / 34.92049° ЈГШ; 138.60678° ИГД / -34.92049; 138.60678