Нејтан Хас

австралиски велосипедист

Нејтан Питер Хас (англиски: Nathan Peter Haas; р. 12 март 1989) — поранешен австралиски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2011-2021 за пет различни екипи.

Нејтан Хас
Хас во 2016 година
Лични податоци
Цело имеНејтан Питер Хас
ПрекарХаси[1]
Роден12 март 1989(1989-03-12)(35 г.)
Бризбејн, Квинсленд, Австралија Австралија
Висина1,78 м
Маса71 кг
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Аматерски клубови
2009–2010 Пратис
Професионални клубови
2011
2012-2015
2016-2017
2018-2019
2020–2021
Џенезис Велт Адвајзерс
Гармин-Баракуда
Тим Дименжн Дата
Катјуша-Алпесин
Кофидис
Значајни победи
Етапни трки
Трка околу Британија (2012)
Хералд Сан Тур (2011)

Еднодневни трки и класици

Јапонски куп (2011, 2014)

Започнал да настапува на трки со чакал во 2022 година.[2]

Кариера

уреди

Рана кариера

уреди

Првично започнал со планински велосипедизам и ја претставувал Австралија на две светски првенства. Меѓутоа, во 2009 година Хас се префрлил на друмски трки.

Пратис (2009–2011)

уреди

Во 2011 година, откако тој и колегата од Џенезис Велт Адвајзерс Стил фон Хоф доминирале на австралиските домашни национални друмски серии, Хас ја освоил Хералд Сан Тур 2011,[3] трка на која возеле голем број на UCI World Tour екипи.[4] Откако се нашол на добро место во бегството од шест члена на првата етапа, Хас завршил втор на клучната четврта етапа, победувајќи го предводникот во генералниот пласман и австралискиот друмски првак Џек Бобриџ (Гармин-Сервело). Хас победил на Јапонскиот куп 2011,[5] трка на која исто така настапиле голем број на екипи и чии претходни победници биле Клаудио Кјапучи, Дамијано Кунего и Џилберто Симони. По неговата победа, Хас потпишал со Гармин-Баракуда.[1][6][7][8]

Гармин-Баракуда (2012–2015)

уреди

По неговото доаѓање во Гармин, Хас се преселил во Жирона, Шпанија.[1] Меѓутоа, Хас не успеал да победи на ниедна поединечна професионална трка во првата година, во која се соочил со многу рани од седиштето.[9] Сепак успеал да заврши втор зад Џонатан Тирнан-Локе (Ендура Рејсинг) на Трката околу Британија 2012.[10] Во текот на сезоната 2013, Хас завршил шести во генералниот пласман на Тур де Лангкави,[11] и ја завршил својата прва голема трка, Џиро д’Италија.[12] Додека возел на Тур Даун Андер 2014, Хас ги заработил првите бодови за Светската турнеја,[13] пред да ја заврши трката на петтото место.[14]

Бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2015.[15]

Дименжн Дата (2016–2017)

уреди

Есента 2015 година, екипата Тим Дименжн Дата објавила дека Хас потпишал со нив за сезоната 2016, приклучувајќи му се на поранешниот колега Тајлер Фарар.[16]

Тим Катјуша-Алпесин (2018–2019)

уреди

Во февруари 2018 година, Хас ја освоил втората етапа на Трката околу Оман во спринтерска завршница на нагорнина и ја презел водечката маичка.[17] Тоа му било прва победа од 2016 година и негова прва за Катјуша-Алпесин. Завршил петти во генералниот пласман на трката, освојувајќи го бодовниот пласман. Исто така имал место на подиумот на Трката околу Турција.[18]

Личен живот

уреди

Хас моментално престојува во Жирона, Каталонија, Шпанија.

Достигнувања

уреди
2009
5. Национално хронометарско првенство под 23 години
2010
4. Национално хронометарско првенство под 23 години
2011
1.   Краен пласман Хералд Сан Тур
1.   Краен пласман Трка околу Тасманија
1. Јапонски куп
Океански друмски првенства под 23 години
2.   Друмска трка
5. Хронометар
2. Национално друмско првенство под 23 години
2012
1.   Краен пласман Трка околу Британија
1. Етапа 2 (ТТТ) Трка околу Јута
10. Јапонски куп
2013
6. Краен пласман Тур де Лангкави
2014
1. Јапонски куп
4. Краен пласман Хералд Сан Тур
1. Етапа 1
5. Краен пласман Тур Даун Андер
6. Брабантсе Пејл
2015
3. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
5. Краен пласман Сиркут Сиклист Сарт
6. Брабантсе Пејл
2016
1. Етапа 4 Вуелта а Бургос
1.   Планински пласман Тур де Јоркшир
4. Национално друмско првенство
5. ГП Монтреал
6. ГП Квебек
6. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
2017
3. Национално друмско првенство
4. Амстел Голд Рејс
4. Краен пласман Тур Даун Андер
7. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
10. Краен пласман Трка околу Оман
2018
3. Краен пласман Трка околу Турција
Национални првенства
5. Друмска трка
5. Хронометар
5. Краен пласман Трка околу Оман
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 2
8. ГП Квебек
2019
4. Национално хронометарско првенство
9. Трка околу Келн
2020
5. Национално хронометарско првенство
2021
10. Париз-Камемберт
2022
Светски серија во чакал UCI
2. Севен Гравел Рејс
2. Ла Монстерато

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
  Џиро СО 104 СО 119
  Тур СО
  Вуелта 143 СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Нејтан Хас во Гармин-Шарп“. Гармин-Шарп. Колорадо: Slipstream Sports LLC. 28 декември 2012. Посетено на 6 јануари 2013.[мртва врска]
  2. „Q&A: Nathan Haas on why he's leaving road racing for gravel“. CyclingTips. 3 December 2021. Посетено на 25 July 2022.
  3. „Jayco Herald-Sun Tour Highlights“. Cycling News. Future plc.
  4. Алекс Хиндс (27 октомври 2011). „Хас во Гармин-Сервело, Фон Хоф во Чипотл во 2012“. Cyclingnews.com]]. Бат, Англија: Future plc. Посетено на 2 јануари 2014.
  5. „Japan Cup Highlights“. Cycling News. Future plc.
  6. „Гармин потпиша со младиот Австралиец Хас“. ABC News (Australia). 27 октомври 2011. Посетено на 21 јануари 2012.
  7. „Потврдено: Нејтан Хас ќе го направил дебито во Светската турнеја во 2012“. VeloNation. VeloNation LLC.
  8. http://62.50.72.82/UCIBWS/(S(w5xmkdwzp1ikhgqxfrrp2qvv. Отсутно или празно |title= (help)[мртва врска]/Teams/detail/en/ROA/3011|title=Гармин-Шарп (GRS) – САД|accessdate=2 јануари 2014|work=Светска турнеја на UCI|publisher=Меѓународен велосипедистички сојуз}}
  9. Tan, Anthony (16 април 2012). „Cycling Central podcast“. SBS Cycling Central. Архивирано од изворникот на 2014-01-03. Посетено на 19 октомври 2012.
  10. „Трка околу Британија: Џонатан Тирнан-Локе ја освои трката“. BBC Sport. Лондон, Англија: BBC. 16 септември 2012. Посетено на 18 јануари 2014.
  11. Бен Аткинс (2 март 2013). „Nathan Haas: "Something we try to do is really to stamp our name on a race.". VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 18 јануари 2014.
  12. Алекс Малон (4 март 2013). „Дебито на Џиро д'Италија дел од поголемата слика за Хас“. Cyclingnews.com. Бат, Англија: Future plc. Посетено на 2 јануари 2014.
  13. Арон С. Ли (25 јануари 2014). „Можниот подиум му се слизна на Нејтан Хас на Тур Даун Андер“. Cyclingnews.com. Бат, Англија: Future plc. Посетено на 25 јануари 2014.
  14. Зеб Вудпауер (26 јануари 2014). „Победата на завршниот ден за Андре Грајпел на Тур Даун Андер“. Cyclingnews.com. Бат, Англија: Future plc. Архивирано од изворникот на 2012-01-23. Посетено на 26 јануари 2014.
  15. „2015 Tour de France start list“. Velo News. Архивирано од изворникот на 2015-06-29. Посетено на 2 јули 2015.
  16. О'Ши, Садб (1 октомври 2015). „Haas and Fraile sign for Dimension Data“. cyclingnews.com. Посетено на 1 октомври 2015.
  17. „Tour of Oman 2018: Stage 2 Results“. Посетено на 13 мај 2018.
  18. velowire.com, Thomas Vergouwen /; www.velowire.com, Thomas Vergouwen /. „2018 UCI cycling calendar“. velowire.com. Посетено на 2020-09-12.

Надворешни врски

уреди