Портал:Турција
Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија
Добредојдовте на порталот за Турција
Türkiye portalı'na hoşgeldiniz
Република Турција (турски: Türkiye Cumhuriyeti) е е држава која се наоѓа во југозападна Азија и со мал дел од својата територија (3%) во југоисточна Европа. До 1922 година земјата била центар на Отоманската Империја. Анадолскиот полуостров, меѓу Црно Море и Средоземно Море, го формира јадрото на земјата. Денешната Турција е возобновена во 1923 година. Турција се граничи на исток со Грузија, Ерменија, Азербејџан и Иран; на југ со Ирак и Сирија; и на запад со Грција и Бугарија. Главен град на Турција е Анкара, а најголем град е Истанбул. Вкупниот број на население на Турција изнесува 71,158,647 (2007). Турција е член на ОН од 1945 и на НАТО од 1952 година и е земја кандидат за членство во ЕУ.
Избрана статија
Османлиското Царство е мулти-етничка држава која постоела во периодот од 1299 до 1923 година и една од најголемите империи што било кога владееле со границите на Средоземното Море. Во својот зенит, таа се простирала на Анадолија, Средниот Исток, делови од Северна Африка и југоисточна Европа. Била основана од племе на Турците Огуз во западна Анадолија, а на нејзино чело стоела Османската (или Отоманската) династија. Османската династија започнува од Осман I (неброејќи го неговиот татко Ертугрул), иако династијата не била прогласена сѐ до 1383 година кога Мурат I се прогласил за султан. До тогаш, водачите се нарекувале бегови или поглавари. Според династијата, и народот се нарекувал Турци-Османлии.
Дали сте знаеле...
- ...дека Мустафа Кемал Ататурк е прогласен за татко на Турција?
- ...дека Истанбул е најголемиот град во Турција?
- ...дека по падот на Константинопол, многу цркви и христијански храмови биле претворени во џамии?
- ...дека турската азбука има 29 букви?
- ...дека 29 октомври е Ден на републиката во Турција?