Нишалка
Нишалка[1][2], лулашка[3][4] или крлашка[5] — висечки направа за нишање кој се состои од седиште прикачено на гранка, греда или друга потпора.[6] Најчесто ги има во паркот каде што децата и постарите можат да се лулаат на нив. Седиштето за лулање обично е направено од дрво, но може да биде направено и од други материјали за да се направи поудобно нишањето. Нишалките можат да бидат опасни доколку дојде до паѓање од нив поради премногу наведнување напред или назад или заплеткување на јажето. Затоа, тие може да имаат дополнителна ограда што го спречува паѓањето на лицето што се ниша.
Тие можат да се наоѓаат во внатрешноста на куќата или станот, а нивната намена може да биде иста (нишање) или одлагање на облека, книги, цвеќиња или други работи.[7]
Обичаи
уредиЗа Ѓурѓовден, на плодно дрво се закачувала нишалка и после ручек девојките редум се нишале на неа и пееле ѓурѓовденски песни.[8][9][10]
Наводи
уреди- ↑ „нишалка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „нишалка“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „лулашка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „лулашка“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „крлашка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Речник српскога језика. Нови Сад: Матица српска. 2011. стр. 647.
- ↑ Kuzmanović, Sofija (23 август 2019). „Ljuljaška u sobi,zašto da ne?“. Zena.rs (српски).
- ↑ „Адети и песни кои се пееле за празникот Св. Ѓорѓија (Ѓурѓовден) во Мијачијата“. Тресонче. Архивирано од изворникот на 2023-03-20. Посетено на 20 март 2023.
- ↑ „ОБРЕДИ И ПЕСНИ ПОВРЗАНИ СО ПРАЗНУВАЊЕТО НА ЃУРЃОВДЕН ВО ПИЈАНЕЧКО-МАЛЕШЕВСКИОТ КРАЈ И ВО РАДОВИШКО ПОЛЕ“ (PDF). УКИМ. Посетено на 20 март 2023.
- ↑ „Празнувањето на Ѓурѓовден во Козица – многувековна традиција“. Нова Македонија. Посетено на 20 март 2023.