Портал:Општество
Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија
ОПШТЕСТВО
Општество е група на луѓе што живеат и работат заедно во полузатворен (полуотворен) систем на меѓусебни врски и односи.
Избрана статија
Обединетите Нации е меѓународна организација основана на 20 јуни 1945 во Сан Франциско. Сепак како ден на нејзиното основање се слави на 24 октомври секоја година. Претходник на Обединетите нации е Друштво на народите основано во 1919 год. Седиштето на ОН се наоѓа во Њујорк, САД. Во ОН моментално членуваат 192 држава.
Со исклучок на Ватикан (која е единствена држава постојан набљудувач), сите меѓународно признати и независни држави се членки. Други политички ентитети, имено Република Кина (Тајван), Демократската Република на Арапска Сахара, (Западна Сахара) и Палестина, имаат де факто независност и/или одредено меѓународно дипломатско признание од одредени држави, но не се членки на ОН. Прочитајте повеќе
Категории
Избрана биографија
Роза Луксембург (5 март 1870 - 15 јануари 1919) е познат марксистички теоретичар и политичар. Била една од главните теоретичари на Социјалдемократската партија на Германија и една од водечките личности на левото крило на социјалдемократијата во меѓународни рамки. Голем противник на Првата светска војна и на политиката на германската социјалдемократија, Роза Луксембург заедно со Карл Либкнехт го има основано т.н. „Спартаковиот сојуз“. Поради своите антивоени ставови била затворена од страна на германската влада. По избувнувањето на револуцијата во Германија во ноември 1918 била ослободена од затвор и се зафатила со обединување на левоориентираните социјалдемократски групи во Комунистичката партија на Германија. По неуспешните демонстрации од јануари 1919, Роза Луксембург заедно со Карл Либкнехт била заробена од десничарските „Слободни трупи“ и набрзо била убиена. Прочитајте повеќе
Избрана слика
Дали сте знаеле...
- ...дека Фридрих Енгелс општеството пред појавата на класите го нарекол „примитивен комунизам“. Тој, исто така сметал дека за појава на комунизам потребно е низ историјата да поминат сите видови на општествено уредување: робовладетелство, феудализам, капитализам и социјализам?
- ... декаанархизмот за прв пат се појавил во Кина?
- ... дека Владимир Илич Ленин се трудел да докаже дека капитализмот неопходно го поттикнувал империјализмот со цел да најде нови пазари и природни богатства што ја претставува последната и највисоката етапа на капитализмот?
Избран цитат
„ | Историјата на сите досегашни општества е историја на класната борба. | “ |
—Карл Маркс, вовед на Комунистичкиот манифест
Поврзани портали
Грешка: мора да се назначи слика во првиот ред |
|||||
Историја | Социологија | Философија | Економија | Политика | Право |