Монографија
Монографија е академска книга или трактат на еден едиствен предмет или група сродни предмети, обично во авторство на само еден човек. Ваквото дело се издава еднократно и е целосно самото за себе. Поточно, ова е опширно дело на некоја тема или личност, обработено во детали и често содржи библиографии.
Кај библиотекарството, монографија значи несериска публикација која е целосна самата за себе во еден том или предодреден број на томови. Ова се разликува од сериски публикации како часописот, списанието или весникот. Тоа едноставно значи книга.