Историјата на Црна Гора датира уште од 9 век со основањето на Дукља, вазална држава на Византија. За тоа време, Дукља била владеена од династијата Воисавлевиќи. Во 1042 година, на крајот од дваесетипетгодишното владеење, кралот Воислав ја добил Битката кај Бар против Византија и Дукља станала независна држава. Својот подем и просперитет, Дукља ги здобила за време на владеењето на крал Михаило и неговиот син крал Богин. Од 11 век државата почнала да се нарекува Кнежевство Зета, но оваа држава завршила со нејзиното инкорпорирање кон Рашка и почетокот на династијата Црноевиќи кога Зета почнала да се нарекува и со денешното име - Црна Гора. Од Отоманското Царство, Црна Гора се одделила во 1878 година. Од 1918 година државата била дел од повеќето политички формации на Југославија, за на 21 мај 2006 година на референдум Црна Гора гласа за независност, додека на 3 јуни истата година независноста и официјално била прогласена.
Будва е приморски град во Црна Гора. Градот е центар е на општината Будва и има околу 10.000 жители. Брегот околу Будва, наречен Будванска ривиера, е центарот на туризмот во Црна Гора и е добро познат по неговите песочни плажи, богат ноќен живот и прекрасни градби во стилот на средоземната архитектура. Будва е град стар околу 2.500 години, што го прави еден од најстарите населени места на брегот на Јадранското Море.
Има огромен број археолошки докази за тоа дека Будва е една од најстарите урбани населби на јадранското приморје, додека бројни пишани сведоштва кажуваат дека постои од V век п.н.е. Една легенда кажува дека Будва била создадена од ФеникиецотКадм, херој протеран од Теба, кој нашол засолниште на ова место за него и неговата жена Хармонија.
Никола I Петровиќ (1840-1921) бил кнез на Црна Гора (1860—1910) и првиот и единствен крал (1910—1918). Тој, исто така бил и поет, чие дело е познатата црногорска песна Онамо, 'намо!.
Никола се родил во селото Његуши, како син на Мирко Петровиќ-Његош, кој бил брат на кнезот Данило. Уште од мал, изучувал боречки вештини и вежбал гимнастика. Голем дел од своето детство поминал во Трст, во домот на семејството Кустиќ, од кое потекнувала неговата стрина Даринка (сестра на кнезот Данило). Неговата стрина, Даринка била голема обожавателка на француската литература, па го испратила да го продолжи школувањето во Париз. На 19 години станал кнез на Црна Гора, функција која во првите неколку години ја извршувал заедно со својот татко. Заради ослободувањето на Херцеговина, во 1862 година завојувал против Османлиското царство.