Млад отворен театар

Млад отворен театар (МОТ) - меѓународен театарски фестивал што се одржува во Скопје.

Историја

уреди

Млад отворен театар бил основан во 1976 година, а негов основач и долгогодишен уметнички директор и почесен претседател бил Љубиша Никодиновски-Биш.[1]

МОТ 2013

уреди

Од 19 до 26 септември 2013 година се одржало 38. издание на МОТ, со мотото „Тетар на црвена линија“. На фестивалот биле следниве претстави:[2]

Исто така, во рамките на фестивалот биле одржани и две работилници (работилницата за драмско пишување под водство на проф. Жанина Мирчевска и работилницата „Јас... тело... простор... паѓање“), како и презентации на книгите „7 драми од БиХ“ и „Моќта на театарот“.[3]

МОТ 2015

уреди

Во септември 2015 година се одржало 40. издание на МОТ, кое било отворено со претставата на театарот „Алијас“ од Женева. На фестивалот биле изведени 15 претстави, меѓу кои и „Другата страна“ по текст на Дејан Дуковски а во изведба на танцовиот театар „Лидија Литос“ од Атина, претставата „Солун, град на духови“ од Русомир Богдановски, во режија на Слободан Унковски и во изведба на „Театарот на навигаторот Цветко“ итн.[4]

МОТ 2016

уреди

Кон крајот на септември 2016 година се одржало 41. издание на МОТ, на кое биле прикажани повеќе претстави, како: „ОФФ - Надминување на границите“ на театарот „Увидјеки синхаз“ од Нови Сад, а во режија на Золтан Пушкаш; соло-танц перформансот на Маура Моралес од Куба; „Без наслов - (Симбол)“ на Скопје танцов-театар (кореографија: Андријана Данческа и Александра Петрушевска); претставата „Коските што доаѓаат доцна“ на Теки Дервиши, а во изведба на Националниот театар од Косово, во режија на Мартин Кочовски; „Да го поздравиш и да ми го бациш“ во режија на Билјана Радиноска; „Галеб“ во режија на Томас Остермаер; „Ние, европски лешеви“ на Симона Семенич, во режија на Себастијан Хорват, а во продукција на Словенско народно гледалишче од Љубљана; „Мртовецот доаѓа по љубената“, во режија на Јернеј Лоренци, во изведба на театарот „Прешерн“ од Крањ; „Случајот Хармс“, во режија на Дино Мустафиќ итн.[5] итн.[6][7][8] Фестивалот завршил на 27 септември, со претставата „Мртва точка“ во режија на Раду Африм, а во изведба на театарот „Тома Карагиу“ од Романија.[9]

Наводи

уреди
  1. Театар на црвена линија. Скопје: МОТ и МКЦ, септември 2013, стр. 78.
  2. Театар на црвена линија. Скопје: МОТ и МКЦ, септември 2013, стр. 6-73.
  3. Театар на црвена линија. Скопје: МОТ и МКЦ, септември 2013, стр. 74-78.
  4. „МОТ: Телото е уметност и создава уметност“, Дневник, година XIX, број 5874, петок, 25 септември 2015, стр. 19.
  5. „Мртовецот доаѓа по љубената и Случајот Хармс вечерва на МОТ“, Дневник, година XX, број 6174, понеделник, 26 септември 2016, стр. 23.
  6. „Викендов пет претстави на МОТ“, Дневник, година XX, број 6173, сабота, 24 септември 2016, стр. 21.
  7. „Големиот Остермаер со „Галеб“ вечерва на МОТ“, Дневник, година XX, број 6172, петок, 23 септември 2016, стр. 22.
  8. „Словенско народно гледалишче на МОТ со Ние, европски лешеви“, Дневник, година XX, број 6172, четврток, 22 септември 2016, стр. 21.
  9. „МОТ завршува со Мртва точка“, Дневник, година XX, број 6175, вторник, 27 септември 2016, стр. 21.