уреди   

Г Р Ц И Ј А

Карта на Грција
Карта на Грција
'

Грција (грчки: Ελλάδα, транслитерирано: Елáда, МФА: [ɛˈlaða], или историски Ελλάς, Елáс, МФА: [ɛˈlas]), официјално Хеленска Република (Ελληνική Δημοκρατία, Елиники́ Димократи́а, МФА [e̞liniˈkʲi ðimo̞kɾaˈtia]), е земја во југоисточна Европа на јужниот дел од Балканскиот Полуостров. Се граничи со Бугарија, Република Македонија и Албанија на север; и со Турција на исток. Водите на Егејското Море ги заплискуваат бреговите на Грција од исток, а оние на Јонското Море и Средоземното Море на запад и југ. Грција од многумиа се смета за лулка на Западната цивилизација и место каде се родила демократијата, Грција има долга и богата историја и значајно влијание врз другите култури на Европскиот, Азискиот и Африанскиот континент.

уреди   

Избрана статија

Печатот на градот Атина

Атина (грчки: Αθήνα, Ати́на МФА: /a'θina/) е главниот и најголемиот град на Грција, како и родното место на демократијата. Именуван по божицата Атена, Атина е растечка, космополитанска метропола со население од 3,7 милиони жители. Метрополитанската област на Атина моментално расти северно и источно преку полуостровот Атика и го претставува доминантниот центар на економскиот, финансискиот, индустрискиот, културиниот и политичкиот живот во Грција. Градот исто така станува водечки бизнис центар во Европската Унија.

На старогрчки, името Атина било Ἀθῆναι-Атенаи, множина од Ἀθηνά-Атене, атичко име на божицата Атена. Името на градот може да било во множина, како оние на Θῆβαι-Тебаи (Теба) и Μυκῆναι-Микенаи (Микена), поради тоа што се состоело од повеќе делови. Во XIX век ова име било формално прифатено како име на градот. Од официјалното напуштање на грчкиот Катаревуса во 1970-тите, популарната форма Ати́на станала официјалното име на градот.


уреди   

Избрана слика

Лавовската порта на влезот во Микена.


уреди   

Категории

уреди   

Што можеш да направиш

Доколку се одлучите да напишете некоја статија поврзана со Грција, во случај да сметате дека истата не е потполна, ставете ја предлошката {{Грција-никулец}} на крајот на текстот. Доколку постои предлошка поврзана со темата што ја пишувате, искористете ја неа.

уреди   

Познати Грци

Глумци/Филмски режисери

Музичари

Сликари

Философи

Вајари

Писатели

Државници