Папска Држава
Папска Држава (итал. Stato della Chiesa) — италијанска држава која постоела од 756 до 1870 година. Пипин младиот во средината на 8 век освоил голем дел од северна Италија, и просторот на бившиот Равенски егзарх го поклонил на Папата. Карло Велики во 781 година ја кодифуикувал територијата на која Папата има суверенитет. Територијата ја опфаќала Рим но и околините Равена, Пентаполис, Војводство Бенвенто, Тоскана, Корзика, Ломбардија и уште некои градови. Во првите три векови од постоењето на Папската Држава, Папата не имал делотворна контрола на целата држава, а и не е било јасно дали Папската Држава била независна од Римското Царство. Во периодот на ренесансата, територијата на Папската Држава се проширила најмногу и тоа под водство на папата Александар VI и Јулиј II. Папата во тој период станал еден од најважните италијански владетели во светот. Во периодот од 1796-1800 и 1808-1814, француската револуционарна армија Папската Држава ја претворила во Римска Република, а подоцна и како дел од Франција. Италијанските национални револуционери во 1849 година прогласиле Римска републикаа папата Пиј IX побегнал од Рим. Француските трупи, Наполеон Бонапарт ги поразил револуционерите и го вратиле папата на власт.
Папскиот суверенитет во Рим го штитал француските војски. Но, кога во 1870 година избувнала Француско-пруската војна, трупите се повлекле од Рим, каде Италија објавила војна на Папската Држава и го освоила Рим. Папата Пиј IX се повлекол во својата резиденција и се прогласил за заробен. Подоцна, 1929 година папата Пиј XI формално се одрекол од поседот на Папската Држава и го потпишал Латеранскиот договор на 11 февруари 1929 година со Италија, која формирала град држава, Ватикан, која постои и до ден денешен.