Република Коспаја

Република Коспаја (италијански: Repubblica di Cospaia) — мала држава во рамките на денешна Италија, сместена во северна Умбрија, од 1440 до 1826 година. Неочекувано стекнала независност во 1440 година, откако папата Евгениј IV, вмешан во борба со Советот на Базел, извршил продажба на територија на Република Фиренца. По грешка, мал појас земја останал неспомнат во договорот за продажба и неговите жители се прогласиле за независни.

Република Коспаја
Repubblica di Cospaia
1440–1826
Flag of Коспаја
Flag
Главен градКоспаја
Говорени јазициИталијански
Вероисповед
Римокатоличка црква
УредувањеРепублика
Историја 
• Основана
1440
• Поделена
25 мај 1826
Претходници
Наследници
Папска Држава
Големо Војводство Тоскана
Папска Држава