Филип II (Шпанија)
Филип II бил крал на Шпанија во периодот од 1556 до 1598 година, крал на Неапол и сицилија од 1554 до 1558 и крал на Португалија од 1580 до 1598 година, како филип I од Португалија. Тој е единствениот законски син на Карлос I од Шпанија и Изабела од Португалија. Филип II е еден од најголемите противници на Протестанската реформација. Во 1554 година се оженил за англиската кралица Мери I , и тој бил прогласен за Крал на Англија и на таа позиција се задржал до смртта на неговата сопруга. |