Хилдерик III
Хилдерик III (c.717 - c.754) бил последниот крал на Франките од династијата Меровинзи од 743 па сè до неговото разрешување од страна на папата Захариј во март 752 г. Кога Хилдерик го разрешил, Папата го крунисал Пипин Малиот, таткото на Карло Велики, за крал на Франките во Соасон.[1]
Хилдерик III | |
---|---|
Крал на Франките | |
Хилдерик III (752). | |
Крал на Франките | |
На престол | 743–752 |
Претходник | Теодорих IV |
Наследник | Пипин |
Роден(а) | ? |
Починал(а) | околу 754 |
Деца | Теодорих |
Династија | Меровинзи |
Престолот бил празен седум години кога мајордомите на Палатата, Карломан и Пипин Малиот, решиле во 743 да го признаат Хилдерик за крал. Ниту неговата сродност, ниту пак врската со меровиншкото семејство не е сигурно докажана. Неговото потекло е непознато. Тој можеби бил син на Хилдерик II или пак на Теодорих IV.[2]
Тој не учествувал во јавниот живот, кој бил управуван, исто како претходно, од мајордомите на палатата. Кога, во 747, Карломан се повлекол во манастир, Пипин одлучил самиот да ја земе кралската круна. Пипин му испратил писмо на папата Захариј, прашувајќи го дали титулата на крал припаѓа на оној кој ја има власта и моќта или на оној од кралска лоза. Папата одговорил дека оној со вистинска моќ исто така ја заслужува и титулата крал. На почеток на март 752 Хилдерик бил симнат од престолот од страна на папата Захариј а косата му била ошишана.[3] Неговата долга коса била симболот на неговата династија а со тоа и кралски права и магична моќ; со тоа што му ја ошишале го лишиле од кралските привилегии. Кога го симнале од престолот, тој и неговиот син Теодорих биле сместени во манастирот Сен-Бертен односно, тој во Сен-Омер а Теодорих во Сен-Вандриј.
Има конфликт во информациите за тоа кога точно починал. Некои наводи цитираат дека тоа се случило во 753 а други велат во 758. Под власт на Каролинзите, добил лош глас, и го нарекувале rex falsus, лажен крал, и покрај фактот дека токму Пипин заедно со папата Стефан II бил тој што го донел на престолот.
Уметнички импресии
уреди-
Непознат уметник, 1876
-
последниот од Меровинзите од Еварист Витал Лумине
Наводи
уредиБиблиографија
уреди- Junghans, W. Die Geschichte der fränkischen Konige Childerich und Clodovech. Göttingen, 1857.
- Chiflet, J. J., Anastasis Childerici I Francorum regis. Antwerp, 1655.
- Cochet, J. B. D. Le Tombeau de Childeric I, roi des Francs. Paris, 1859.
- Lavisse, E. Histoire de France, Vol. II. Paris, 1903.
- Wallace-Hadrill, J. M., translator. The Fourth Book of the Chronicle of Fredegar with its Continuations. Greenwood Press: Connecticut, 1960.
- Wallace-Hadrill, J. M. The Long-Haired Kings. London, 1962.
- Einhard. Annales Regni Francorum. Архивирано на 27 септември 2007 г.
Незаземено Последен владетел Карло Мартел(Acting) |
Крал на Франките 743 – 752 |
Наследник Пипин |