Отоманско-византиски војни
Отоманско-византиските војни претставуваат серија од воени конфликти помеѓу Отоманците и Византијците, кои довеле до конечно распаѓање на Византија како империја и до подем на Отоманското Царство.
Отоманско-византиски војни | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Византија Република Џенова Венецијанска Република
| Османлиско Царство |
Во 1204 година византиската престолнина Цариград била окупирена и опседната од страна на крстоносците во рамките на Четвртата крстоносна војна. ОВа претставувало важен момент на христијанскиот раскол меѓу истокот и западот. Византија по распаѓањето на повеќе земји останала поделена и во хаос[1]. Користејќи ја предноста на ситуацијата, Селџуците започнале со освојување на територијата во Западна Анадолија. Како главен нејзин конкурент бил еден од наследничките на Византија, Никејската империја. По повторното заземање на градот Цариград во 1261 година од страна на никејскиот цар, самата Византија била обновена. Но позициите на Византија на европскиот континент останале многу мали бидејќи на Балканот постоеле големи држави како Бугарија, Србија и Епир. Во следниот период започнале да се намалуваат позициите на Селџуците во Мала Азија, кое довело до распаѓање на империјата на неколку мали емиратства или бејлици. Едно од најсилните кое се покажало во иднина било онаа на бегот Осман, кој во 1299 година го дал почетокот на неговите идни освојувања[2]
Во рок од 50 години од основањето на Османлискиот бејлик, византиска Мала Азија престанала да постои, додека до 1380 била заземена византиска Тракија[3] а веќе во 1400-тите години, Византија се наоѓача во делови на Мореја, неколку егејските острови и дел од Тракија во непосредна близина на главниот град. По Никополската битка, инвазијата на Тимур во 1402 година и последната крстоносна војна кај Варна во 1444 година, Османлиите во 1453 година започнале успешна опсада на Цариград кое резултирало со конечно распаѓање на Византија.
Подем на Османлиите (1265–1328)
уредиВо времето кога Михаил VIII Палеолог го вратил КОнстантинопол под византиска власт, самата Византија била ставена во лоша ситуација. Околу нејзината територија се наоѓале неколку латински земји, на север заканата доаѓала од Србија на чело со кралот Стефан Урош. КОга Византија започнала да ги освојува териториите на Латинско Царство[4], Османлиите од друга страна во Анадолија започнале напади врз Византија. Владеењето на Осман го означува официјалниот почеток на владеењето на династијата на Османлиите во Османлиското Царство, која постоела шест векови. Во 1265 година, византискиот град Согут бил заземан од страна на Осман бег.[5], кој станал прва престолнина на Османлиите. Во исто време, Осман успеал да покори и неколку соседни турски емирати и племиња. Кон почетокот на 13 век, Осман започнал со опсади на неколку важни византиски тврдини. Така бил заземан Јенишехир[6]. Византискиот цар не бил во можност да се справи со овие напади поради потребата од префрлање на војниците кон Анадолија.
Во 1282 година починал Михаил VIII Палеолог, а неговиот син Андроник II Палеолог ја презел власта. Смртта на стариот византиски цар дошла како олеснување за општеството во целина. Андроник II Палеолог ги напуштил амбициозните потфати на својот татко, се придржувал кон православието и откако започнал со своето самостојно управување во 1282 година, ја укинал Лионската унија со Римската црква, склучена од Михаил VIII во 1274 година[10]. Андроник II ја наследил државната каса на Византија во состојба на банкрот, поради големите воени трошоци на Михаил VIII. Царот ги ограниил фискалните привилегии на големите земјопоседници и ги зголемил даноците.
Андроник II имал голем интерес во зачувување на анадолските територии на Византија и наредил изградба на тврдини во Мала Азија и енергична обука на армијата[10]. Византискиот цар наредил неговиот двор да се пресели во Анадолија, за да ги надгледува кампањите против Османлиите. Раните успеси останале бескорисни кога Турците започнале опсада на Никеја во 1301. Една од поголемите први османлиски победи била Битката кај Бафеј. Претходно Османлиите во опсада ги ставиле градовите Никеја, кој бил империјален град и Бурса.[11] Турските напади претставувале и закана за градот Никомедија. За да го спречи ова, царот Андроник II Палеолог испратил армија од околу 2.000 војници да го ослободат градот.[12][13][14] Така битката се случила кај Бафеј, место кое очигледно се наоѓа помеѓу Никомедија и Никеја на 27 јули 1302 година. Во битката, Османлиите успеале да го скршат отпорот на Византијците, принудувајќи ги да се повлечат кон Никомедија.[12][13][14]
По неуспесите на Византијците да се справат со сопствени сили, царот ги повикал каталонските војници на чело со Роже де Флор, кој пристигнал во Цариград со 39 галии и 6500 луѓе, за да се бори со османлиските сили. Каталонците имале успех и привремено ја задржиле турската офанзива во Витина, но откако не ја добиле платата која им била ветена, тие започнале со грабежи по византиските територии во Мала Азија. Во 1305 година Роже де Флор бил повикан во Едрене каде бил убиен за време на една гозба. Ова убиство довело до крвави погрони, познати како Каталонска одмазда: платениците кренале востание и се здружиле со Османлиите па заедно започнале со своите пустошења по источна Тракија во текот на две години. Напаѓачите биле поразени во 1308 година кај Солун.
Во следниот период, во Византија избувнала граѓанска војна[15]. Во 1320 година починал престолонаследникот Михаил IX Палеолог, син на Андроник II и негов соцар (од 1295 година). Дел од аристократијата го воздигнал во 1321 година на престолот внукот на царот, синот на Михаил IX - Андроник III Палеолог, кој се зацврстил во Тракија. Андроник II бил принуден да ја признае власта на Андроник III над Тракија и Македонија и да го прифати за помлад соцар и престолонаследник во 1322 година.[16][17][18].
Граѓанската војна во Византија дала шанса на Османлиите да извлечат корист, додека Бугарија и Србија интервенирале со поддршка на едниот или другиот кандидат. На крајот, како победник излегол Андроник III Палеолог. Османлиите користејќи ја нестабилноста во Византија, успеале да го заземат градот Бурса во 1326 година[6].
Византиска контраофанзива (1328–1341)
уредиВладеењето на Андроник III било обележано со последниот вистински обид на Византија за враќање на "славата што некогаш беше Рим". Во 1329 година, византиските војници биле испратени за да се соочат со османлиските сили кои ја имале опседнато Никеја. Судбината на Никеја била запечатена по византискиот пораз во Битката кај Пелеканон на 10 јуни 1329 година. Така главната престолнина на имеријата пред 70 години, Никеја паднала во 1331 година[19]. По овој пораз Османлиите се насочиле кон Никомедија и ја зазеле.
И покрај овие неуспеси, Андроник III бил во можност да постигне неколку успеси против своите противници во Грција и Мала Азија; Епир, заедно со Солун биле заземени[20].
Балканска инвазија и граѓанска војна (1341–1371)
уредиПо византискиот пораз во Битката кај Пелеканон, Орхан развил пријателски односи со Андроник III Палеолог, како и со неговите наследници. Во следните дваесет години отоманците внатрешно се зацврстиле. Во Византиската граѓанска војна од 1341 до 1347, Византија ги потрошила можеби и своите последни ресурси. Во 1341 година починал Андроник III.[21]. Негов наследник бил Јован V кој бил малолетен. Истата година Јован VI Кантакузин се прогласил за цар на Византија давајќи го почетокот на граѓанската војна меѓу Ана Савојска и Алексиј Апокавк. И двете страни се стремиле да ги придобијат како сојузници туркиските владетели во Анадолија. Ана најверојатно својата делегација кај Орхан I ја испратила во 1345 година.
Во 1346 година, царот Јован VI Кантакузин го признал Орхан како најголем емир меѓу муслиманските кнежевства. Тој се стремил да ги држи османлиските сили постојано до неговите интереси. Во 1346 година османлискиот владетел испратил делегација кај Кантакузин посакувајќи ја неговата ќерка Теодора за сопруга а во замена ветил дека ќе му помогне во бунтот против Ана. Според историчарите, Јован ова го прифатил дури откако се согласиле и поголемиот дел од семејството, служителите и другиот туркиски сојузник Умур[22]. По добивањето на согласност, Орхан испратил во Селиврија, денешен Силиври, западно од Цариград воена помош. Самата свадба била многу раскошна и опишана од страна на многу византиски историчари[23]. Сојузот меѓу Орхан и Кантакузин ја принудил на Ана да побара помош од емирот на Сарухан. Тие откажале и се придружиле кон силите на Орхан. На 2 февруари Јован влегол во Цариград и по шест дена се прогласил за нов цар. Јован V добро ги одржувал врските со Орхан. Во 1348 година српскиот цар Стефан Душан ја зазел Тесалија. Јован побарал помош од Орхан кој испрратил околу 10.000 пешадиска војска на чело со неговиот син Сулејман паша. Кога пристигнале блиску до Солун Османлиите неочекувано се обрнале повторно кон Дарданелите, притоа вршејќи големи грабежи. И покрај тоа, во 1352 година Јован повторно побарал помош од Орхан кога Јован го нападнал Матеј кај Адријнопол. На страната на Матеј застанале Османлиите и оствариле голема победа.
Во 1352 година повиканата од Кантакузин подкрепа на синот му зазема тракиската тврдина Цимпе. Јован се обидел оваа тврдина да ја одзеде од Орхан, на кое тој му рекол дека не тој, а неговиот син Сулејман ја зазел тврдината. Како резултат на ова, царот испратил голема војска а од друга страна истото го сторил и Орхан. Во тоа време, Сулејман Паша бил во Пеге, на анафолскиот брег од Мраморно Море, каде дознал за големиот земјотрес. Тој ги преминал Дарданелите и ги населил полупразните градови со муслиманско население. Според Матео Вилани, Османлиите во тоа време ја направиле и првата опсада на Цариград која траела многу кратко.
Византискиот цар му се обратил на Орхан да неговиот син Сулејман ги врати одземаните градови, на кое Орхан одговорил дека тие градови не биле заземани со сила. По интензивни преговори, султанот наредил на својот син да се повлече а за возврат да добие 40.000 златни монети. За да се потврди договорот двајцата владетели требало да се состанат во денешен Измит но до тоа не дошло бидејќи Орхан наводно се разболел, а тракиските градови во крајна сметка останале под власта на Османлиите. Кон крајот на 1354 година византискиот императот абдицирал. Така, падот на Галиполе заедно со тврдината Цимпе станале првите заземани места на Османлиите во Европа[24][25].
1371-1394
уредиВо 1373 година бил склучен сојуз меѓу Мурат и византискиот цар Јован V. Ова зближување било потикнато од истовремените бунтови на нивните синови Савчи Бег и Андроник. Една кратка хроника од 1377 година соопштува дека Андроник во мај 1373 година го напуштил Цариград бегајќи од сопствениот си татко и се сретнал со султановиот син. Бунтот започнал на 25 мај, но истиот бил задушен уште пред да започне. На 29 септември 1373 година востание повторно дигнал султановиот син, по кое Мурат го заробил и наредил да биде ослепен, а Андроник бил затворен. Вестите за овој сојуз стигнале до папата во Рим, кој во следните години го нарекол сојуз на нечестта, и покрај тоа што папата претходно не сакал да му помогне на византискиот цар.
Во 1376 година најверојатно со помош на Џенова, Андроник заедно со неговиот син и сопруга успеале да побегнат од затворот. Со помош на отоманците тие успеале да влезат во Цариград и да ги поразат неговиот татко и брат Мануел и Теодор и да ги затворат. Како знак на благодарност тој ја дал својата сестра на отоманскиот султан. Султанот исто така го посакал Галиполе и Андроник му го предал полуостровот во 1377 година. Освен тоа, царот му платил и огромен данок.
Бајазит во голема мера ја искористил династичката војна во Византија и направил сè за да се вмеша во нејзината внатрешна политика. Византија во негово време била сведена на престолнината Цариград и крајбрежјето на Црно Море како и Мореја на Пелопонез. Во Цариград управувал Јован V Палеолог (1341—1391), додека неговиот внук Јован VII Палеолог владеел со областите од Месемврија до Цариград. Со поддршка на Џенова и Османлиите, Јован VII Палеолог успеал да зазеде неколку градови и да се појави пред ѕидините на Цариград. На стариот цар Јован како на помош му дошол Мануил II Палеолог, но и покрај тоа на 14 април 1390 година во градот влегол Јован VII. Јован V со своите приврзаници бил затворен во Златната порта, додека неговиот син Мануил успеал да побегне од градот. На Венецијанската Република и била позната бајазитовата поддршка на Јован VII. Мануил II успеал да собере помош од егејските острови и во август се нашол пред Цариградските ѕидини. Со помош на Џенова, на 17 септември 1390 година Јован V повторно ја зазел власта а Јован VII побегнал кај Бајазит како османлиски вазал[26].
Бајазит со помош на вазалот ја зазеле последната христијанска населба во Анадолија, Филаделфија. Поради стравот од Бајазит, Јован V започнал со поправка на ѕидините на престолнината на кое Бајазит му се заканил со опсада на градот. Поради ова византискиот цар го повлекол проектот а како награда го добил Мануил II. Во 1391 година починал Јован, а на негово место застанал Мануил II, кој бил вазал на Бајазит и кој му порачал дека територијата на Византија се наоѓа единствено зад Цариградските ѕидини. Покрај тоа, Мануил морал да се согласи да Бајазит именува кадија кој во Цариград ќе им суди на муслиманското население.
1394-1424
уредиИако односите со Јован VII се подобриле, Султан Бајазит I го опсадил Цариград од 1394 до 1402 година. По пет годишна опсада, Мануил II му го доверил градот на неговиот внук и тргнал (со придружба од 40 луѓе) на долго патување во странство да бара помош против Османлиското Царство од дворовите на западна Европа. Во меѓувреме против османлиска крстоносна војна водена од унгарскиот крал Сигмунд Луксембуршки била неуспешна при Битката кај Никопол на 25 септември 1396 година, но Османлиите биле и самите тешко поразени од Тамерлан во Битката кај Ангора во 1402 година. Мануил II испратил 10 бродови да им помогнат на крстоносците во Никопол. Како што синовите на Бајазит I се бореле за наследството на османлискиот интеррегнум, Јован VII успеал да ги врати во посед европскиот брег на Мраморното Море и Солун под византиска власт. Кога Мануил II се вратил дома во 1403 година, неговиот внук му ја предал контролата на Цариград и бил награден со владение на новоосвоениот Солун. Мануил исто така од Османлиите го освоил Несебар (1403–1453), Варна (1403–1415), и мраморното крајбрежје Скутари до Никомедија меѓу 1403–1421 година. Мануил II бил во пријателски односи со победникот од Османлиската граѓанска војна, Мехмед I (1402–1421), но неговите обиди да се вмеша во изборот на наследникот довело до нов напад на Цариград од Мурат II (1421–1451) во 1422. По доаѓањето на власт на Мурат II, тој сакал да се одмазди на Византија главно поради тоа што таа била еден од потикнувачите на граѓанската војна која се создала во султанатот. Така, на пристаништето на Солун, Мурат се нашол во 1422 година.[27] За да се заштити подобро, Византија и го дала градот на Венецијанската Република.[28][29] Турците својата опсада ја одржиле до 1430 година кога го нападнале градот а потоа и го зазеле.[30] Во Битката за Цариград, Османлиите за првпат употребиле топ, кој иако бил со краток дострел сепак помогнал во битката.[31] Силите на двете страни биле технички исти. Османлиите морале да изградат свои бази за да ги нападнат ѕидините на градот.[31] Византиските бранители ја освоиле оваа битка.
1424-1453
уредиОсманлиите се соочиле со бројни противници меѓу 1424 и 1453 година. Освен со опсадата на Солун, Османлиите морале да се соочат со Србите под Ѓураѓ Бранковиќ, Унгарците под Јанош Хунјади и Албанците под Скендербег. Во 1444 година била организирана крстоносна војна која била добиена од Османлиите по Битката кај Варна во 1444 година[32][33]
Во 1448 и 1451 година, имало промена во византиска и отоманска раководства, соодветно. Мурат II починал и бил наследен од страна на Мехмед II додека Константин XI Палеолог го наследил на Јован VIII. Мехмед II го обновил мировниот договор и со Венецијанската Република, на три години склучил примирје со Јанош Хунјади, витешкиот ред на Родос, господин Ревалахии и други владетели добиле уверување во врска со можноста за иден мир. Пред посланиците на царот Константин IX, султанот се заколнал на Куранот дека нема да претендира на владенијата на империјата на Цариград, уверувајќи дека ќе продолжи да плаќа пари на дворот на Цариград, поради заложениот во Цариград Орхан (внук на Бајазит и претендент за престолот). Но парите не биле платени, и како одговор на барањата на Византија со скриени закани дека ќе се постави на престолот Орхан, мирниот став се претворил во подготовки за воена акција. Султанот почнал отворено да се подготвува за Опсадата на Цариград, во април-мај 1453.
Следниот чекор на Мехмед бил воспоставување контрола над протокот. За таа цел во текот на летото на 1452 година тој ја изградил на европскиот брег на Босфорот новата тврдина Румелихисар, која заедно со останатите отомански тврдини на азискиот брег ќе може да го блокира сообраќајот во теснецот. Така во текот на есента тој успешно ја блокирал испораката на храна за Цариград. За време на изградбата, турската армија составена од околу 50.000 војници ги зазела околните места околу Цариград а по завршувањето на тврдината се повлекла. Есента бил извршен и поход кон Пелопонез, кој требал да ги неутрализира византиските напори за евентуална помош на градот.
Градот паднал кон крајот на мај 1453 година, со кое бил ставен крај на Византија. Султанот, настапувајќи како римски „василевс„, го презел на себе целокупното раководство над источното христијанство, и за директно управување на бројните христијански заедници бил назначен нов патријарх - Генадиј. Во империјата се охрабрувала верска толеранција.
Наводи
уреди- ↑ The Fourth Crusade and the Sack of Constantinople, Jonathan Phillips, History Today v 54:5 2004
- ↑ Bideleux, Robert; Ian Jeffries (1998). A history of eastern Europe: crisis and change. Routledge. стр. 62. ISBN 0-4151-6111-8.
- ↑ Grant, R.G. (2005). Battle a Visual Journey Through 5000 Years of Combat. London: Dorling Kindersley. стр. 122.
- ↑ Mango, Cyril. The Oxford History of Byzantium. 1st ed. New York: Oxford UP, 2002. pp. 255–257
- ↑ Parker, Geoffrey (2005). Compact History of the World. London: Times Books. стр. 71.
- ↑ 6,0 6,1 Compact History, pp. 70–71
- ↑ Madden, Thomas F. Crusades: the Illustrated History. 1st ed. Ann Arbor: University of Michigan P, 2005 pg 162
- ↑ Grant, R G. Battle: a Visual Journey Through 5000 Years of Combat. London: Dorling Kindersley, 2005 pg 93
- ↑ Shepherd, William R. "The Byzantine Empire in 1265." Perry-Castañeda Library. 1926. University of Texas Libraries. June 15, 2007. See [1].
- ↑ 10,0 10,1 Oxford History, pp. 260–261
- ↑ Kazhdan (1991), pp. 1539–1540
- ↑ 12,0 12,1 Bartusis (1997), p. 76
- ↑ 13,0 13,1 Kazhdan (1991), pp. 251, 1421
- ↑ 14,0 14,1 Nicol (1993), p. 126
- ↑ Ostrogorsky, p. 499.
- ↑ Fine (1994), p. 251
- ↑ Nicol (1993), p. 157
- ↑ Bartusis (1997), p. 87
- ↑ A History of the Byzantine State and Society, Treadgold, W., Stanford Press, 1997
- ↑ Oxford History, p. 263
- ↑ Oxford History, p. 265
- ↑ Paul LEMERLE, L'Emirat d'Aydin. Recherches sur la Geste d'Umur Pacha, Paris (1957)
- ↑ A.A.M. BRYER, „Greek Historians on the Turks: the Case of the first Byzantine-Ottoman marriage". In: R.H.C. DAVIS, J.M. WALLACE-HADRILL (eds.), The Writng of History in the Middle Ages. Essays Presented to Richard William Southern, Oxford (1981)
- ↑ Oxford History, p. 268
- ↑ Madden, p. 182
- ↑ Oxford History, p. 273
- ↑ John Julius Norwich, Byzantine: The Decline and Fall (Alfred A. Knopf Pub.: New York, 1998) p. 394
- ↑ John Julius Norwich, A History of Venice (Alfred A. Knopf Pub.: New York, 1982) p. 343
- ↑ Mango, Cyril. The Oxford History of Byzantium. 1st ed. New York: Oxford UP, 2002. pg 277
- ↑ Lord Kinross, The Ottoman Centuries: The Rise and Fall of the Turkish Empire, p. 85
- ↑ 31,0 31,1 Stephen Turnbull, The Walls of Constantinople, AD 324–1453, Osprey Publishing, ISBN 1-84176-759-X.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеMadden, Thomas F pg 184
. - ↑ Oxford History, p. 279
Литература
уреди- Bartusis, Mark C. (1997), The Late Byzantine Army: Arms and Society 1204–1453, University of Pennsylvania Press, ISBN 0-8122-1620-2
- R.G. Grant, Battle: A Visual Journey Through 5,000 Years of Combat, Dorling Kindersley Publishers Ltd, 2005.
- Philip Sherrard, Great Ages of Man: Byzantium, Time-Life Books
- Madden, Thomas F. Crusades: the Illustrated History. 1st ed. Ann Arbor: University of Michigan P, 2005
- Parker, Geoffrey. Compact History of the World. 4th ed. London: Times Books, 2005
- Laiou, Angeliki E. (1972), Constantinople and the Latins: The Foreign Policy of Andronicus II, 1282–1328, Harvard University Press, ISBN 978-0-674-16535-9
- Mango, Cyril. The Oxford History of Byzantium. 1st ed. New York: Oxford UP, 2002
- Nicol, Donald MacGillivray (1993), The Last Centuries of Byzantium, 1261–1453, Cambridge University Press, ISBN 978-0-521-43991-6
- Treadgold, Warren T. (1997), A History of the Byzantine State and Society, Stanford University Press, ISBN 0-8047-2630-2
- Vryonis, Speros S. (1971). The decline of medieval Hellenism in Asia Minor: And the process of Islamization from the eleventh through the fifteenth century. University of California Press. ISBN 978-0-520-01597-5.