Белград (Албанија)

град во Белградската област, Албанија

Белград или Берат (албански: Berat; турски: Belgrad) — град во јужно-средна Албанија и седиште на истоимената Белградска област. Според податоците од 2011 г. населението во самиот град брои 32.606 жители, додека пак целата општина зафаќа површина од 380 км2 и има 60.031 жител.

Белград
Berat
општина
Грб на Белград
Белград is located in Албанија
Белград
Белград
Координати: 40°42′0″N 19°57′0″E / 40.70000° СГШ; 19.95000° ИГД / 40.70000; 19.95000
Земја Албанија
ОбластГрб на Белградската област Белград
Надм. вис.&1000000000000005800000058 м
Население (2011)
 • општина60.031
 • општинска единица32.606
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.5001-5006
Повик. бр.(0)311
Мреж. местоГрадски портал

Историја и име

уреди

Се смета дека Белград е еден од најстарите градови во Албанија, создаден уште во VI век п.н.е. како илирска населба. Подоцна населбата потпаднала под македонска власт и прераснала во град, кој по желба на кралот Касандар е наречен Антипатреја, во чест на неговиот татко Антипатар. Во II век п.н.е., градот паднал под римска власт и Антипатреја се споменува од Полибиј и Ливиј, како и во списокот на утврдувања на царот Јустинијан. Во византискиот период, градот бил познат како Пулхериопол (според византиската царица од V век, Пулхерија).

 
Влезот во цитаделата, со црквата Св. Троица изградена во 13-ти век

Од 860 година, градот се наоѓал под бугарска власт и тогаш се зголемило неговото значење; потоа бил дел од Самоиловото Царство;[1] а подоцна паднал под српска власт. Во тој период, Белград бил под духовна јурисдикција на Охридската патирјаршија. Сегашното оме на градот за првпат било се споменува во 1018 г. како Бјалград (старословенски: Бѣлградъ), кое доста подоцна е албанизирано во „Берат“.[2] Најпознатиот доцновизантиски историчар и летописец, Никифор Глигора, градот Белград го претставил како македонски град.[3] Во 1417 година, градот паднал под османлиска власт и останал под неа сè до 1912 година, кога е создадена албанска држава. Но, и покрај отоманската власт, во 1809 година, градот го зазел под своја контрола Али-паша Јанински, кој имал албанско потекло, а во 1867 Белград станал санџак во Јанинскиот вилает. Во текот на XIX век, во Белград се случувале битни настани поврзани со Албанската национална преродба. Тој станал база за поддршка на Призренската лига, а во ноември 1944 година во Белград била прогласена привремената влада од страна на Антифашистичкиот народноослободителен совет на Албанија, со што започнал комунистичкиот режим на Енвер Хоџа.

Културно-историски знаменитости

уреди
 
Етнографскиот музеј

Градот е познат како „Градот на илјада прозорци“, поради големите прозорци кои ги красат куќите. Градот е испреплетен со муслимански и христијански градби. Во него се наоѓа џамија од XV век, како и бројни цркви (Св. Троица, Св. Илија) кои припаѓаат на Албанската православна црква, чијашто автокефалност била прогласена токму во Белград, во 1922 година. Во XVI век, во градот се развила познатата иконографска школа Онуфри, додека православната катедрала била обновена во XVIII век. Најпознатите населби во градот се Мангалем и Горица, кои се наоѓаат на спротивните страни на реката Осум.[4] Исто така, Белград е познат по Белградската тврдина (Кала) претежно изградена во XIII век, но чии почетоци датираат од IV век п.н.е., додека голем дел од тврдината потекнува од средината на IV век. Благодарение на богатото историско наследство од отоманскиот период, во 2008 година, централното подрачје на Белград било ставено под заштита на УНЕСКО.[5]

Природни знаменитости

уреди

Во градот и во околината на Белград има повеќе природни знаменитости, како:[6]

Наводи

уреди
  1. Bank of Albania, Bank of Albania Training and Research Centre - Berat, 2011, стр. 21.
  2. Bank of Albania, Bank of Albania Training and Research Centre - Berat, 2011, стр. 22.
  3. Македонија и Македонците во делото на Никифор Григора
  4. Bank of Albania, Bank of Albania Training and Research Centre - Berat, 2011, стр. 22-24.
  5. Bank of Albania, Bank of Albania Training and Research Centre - Berat, 2011, стр. 15, 21 и 24.
  6. Bank of Albania, Bank of Albania Training and Research Centre - Berat, 2011, стр. 26.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди