Константин Бодин (XI век) ― зетски крал (1081-1101 година), син на кралот Михаило Зетски (правнук на Цар Самоил). Главен глумец во востанието на Ѓорѓи Војтех (1072-1073 година).[1][2]

Константин Бодин

Востанието против Византија (1072–73)

уреди
 
Теми во Византиската империја, по смртта на Василиј II во 1025.

На молба на Ѓорѓи Војтех, зетскиот крал им го испратил на помош својот син Бодин, со 300 војници. Во Призрен востаниците го прогласиле за свој владетел, давајќи му го името Петар, во чест на Петар Делјан.[2] Со својата војска дејствувал во околината на Ниш. По паѓањето на Скопје во византиски раце, се упатил кон југ, но на Косово Поле, кај денешното место Паун. Неговата војска била поразена од Византијците, а тој самиот паднал во византиско заробеништво и бил одведен во Цариград. Подоцна, со помош на венецијански трговци, успеал да избега од затворот и да се врати во Зета.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и д-р (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 84. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. 2,0 2,1 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 44–45. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)