Костанте Џирарденго

велосипедист

Костанте Џирарденго (италијански: Costante Girardengo; 18 март 18939 февруари 1978) — италијански професионален друмски велосипедист, сметан од многумина за еден од најголемите возачи во велосипедизмот. Бил прв возач прогласен за „кампионисимо“ или „првак на прваците“ од италијанските медиуми и обожаватели. На врвот на славата во 1920-тите години бил поомилен од Бенито Мусолини и било наредено сите експресни возови да застануваат во неговиот роден град Нови Лигуре, почест обично доделувана на шефовите на државата.[1]

Костанте Џирарденго
Џирарденго
Лични податоци
Цело имеКостанте Џирарденго
ПрекарКампионисимо бр. 1
Роден18 март 1893(1893-03-18)
Нови Лигуре,  Италија
Починал9 февруари 1978(1978-02-09) (возр. 84)
Касано Спинола,  Италија
Податоци за клубот
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Професионални клубови
1912–1913
1914
1915–1918
1919–1921
1922
1923
1924
1925–1927
1928
1929–1932
1933
1934–1936
Маино
Аутомото-Континентал/Маино
Бјанки
Стуки
Бјанки
Маино/Гиртнер-Хатчинсон
Маино
Волфсит-Пирели
Маино/Опел-Торпадо
Маино
Маино/Џирарденго-Клеман
Маино
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
Генерален пласман (1919, 1923)
30 поединечни етапи

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (1913, 1914, 1919, 1920, 1921, 1922, 1923, 1924, 1925)
Милано-Санремо (1918, 1921, 1923, 1925, 1926, 1928)
Џиро ди Ломбардија (1919, 1921, 1922)

Негови најголеми достигнувања се двете победи на Џиро д’Италија, шесте победи на Милано-Санремо, трите победи на Џиро ди Ломбардија; бил национален друмски првак девет пати. Неговата професионална кариера траела од 1912 до 1936 година и била прекината од Првата светска војна, која ги однела најдобрите години на Џирарденго. Бил број 1 во светски рамки во 1919, 1922, 1923, 1925 и 1926 година. Настапувал исклучиво на домашните трки како што било и обичај, бидејќи патувањето во странство било тешко.[1]

Кариера уреди

Костанте Џирарденго станал професионалец во 1913 година на 20 години со екипата Маино-Данлоп откако импресионирал како аматер претходната година, завршувајќи втор на Трката околу Тоскана. Имал успех после тоа, освојувајќи етапа на Џиро д’Италија (прва од 30. етапни победи на Џиро) и станувајќи италијански друмски првак. Ги повторил успесите во 1914 година и ја освоил првата од петте победи на Милано-Торино. Во 1914 година, Џирарденго ја освоил најдолгата етапа на Џиро д’Италија, 430 километри.[2] Подоцна истата година, Џирарденго учествувал на Тур де Франс по првпат во кариерата, возејќи како гостин на екипата Аутомот. Имал неколку пада на етапите пет и шест и ја напуштил трката.[3] Во 1915 година имал уште една победа на Милано-Торино, но на Милано-Санремо имал разочарување, бидејќи бил дисквалификуван по победата бидејќи не возел по рутата.

Најголем дел од професионалниот велосипедизам прекинал по 1915 година поради Првата светска војна и дури во 1918 година Џирарденго ја освоил првата од шесте победи на Милано-Санремо, рекорд кој Еди Меркс на крајот го надминал 50 години подоцна. Исто така, завршил на првите три места на истата трка секоја година од 1917 до 1926 година и бил прв на превојот Туркино пет пати. Неговата форма во 1918 година била исклучително знаејќи дека за време на војната заболел од шпанска грозница и скоро умрел, неговиот менаџер верувал дека преживеан од болеста не може да настапува правилно и скоро да одбил да ја обнови неговата лиценца.[4]

Џирарденго ја освоил првата од седумте победи на Џиро д’Италија во 1919 година (вклучувајќи седум етапни победи), меѓутоа, неговата форма на Џиро не била секогаш добра и ја напуштал трката на првите етапи во 1920, 1921 и 1922 година пред да владее во 1923 година. 1923 била несомнено најдобрата година за Џирарденго со 16 победи, ја освоил втората победа на Џиро д’Италија, вклучувајќи осум од десетте етапи, како и многу врвни италијански еднодневни трки. И покрај тоа што настапувал главно во Италија во кариерата, Џирарденго имал голема желба да победи на Париз-Рубе, настапил во 1921 година, но имал пехови во повеќе случаи, кршејќи го велосипедот кога бил добро пласиран, но никогаш не бил близу победа. Во 1924 година победил на ГП Волбер во Франција, тогаш сметана за неофицијалното Светско првенство.

Џирарденго завршил втор на воведното Светско друмско првенство, а Италијанците работеле совршено како екипа, со што Италијанците завршиле на првите четири места на врнежливиот ден во Германија. Ја освоил својата шеста победа на Милано-Санремо во 1928 година и тоа било негова последна голема победа, иако продолжил да вози до 1936 година, кога се повлекол на 43 години.

По повлекувањето, Џирарденго работел како тренер во екипата Маино. Исто така, бил селектор на италијанската репрезентација, советувајќи го Џино Бартали кога ја освоил Тур де Франс 1938.[5] Подоцна го дал своето име на бренд за мотори произведувани помеѓу 1951 и 1954 година во Италија.

Бил овековечен во италијанската култура преку песната „Ил Бандито е ил Кампионе“ од Франческо де Грегори, која паралелно го става неговиот живот со детството на неговиот пријател и бандит, Санте Поластри.

Умрел во 1978 година на 84 години.[6][7][8][9]

Достигнувања уреди

1912
1. Копа де Бањи ди Кашана
1913
1.   Национално друмско првенство
1. Етапа 6 Џиро д’Италија
1. Краен пласман Рим-Неапол-Рим
1. Етапа 2
1. Копа Борцино
1. Гран Фондо
1914
1.   Национално друмско првенство
1. Етапа 6 Џиро д’Италија
1. Милано-Торино
2. Краен пласман Џиро дела Ромања
2. Џиро дел’Емилија
1915
1. Милано-Торино
1917
2. Милано-Санремо
2. Краен пласман Џиро дела Провинција Милано (со Анџело Гремо)
2. Милано-Белаџо-Варезе
1918
1. Милано-Санремо
1. Џиро дел’Емилија
1. Серавале-Арквата
1. Торно-Арквата (со Гаетано Белони, Лауро Бордин и Лујџи Лукоти)
2. Милано-Варезе
1919
1.   Национално друмско првенство
1. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 6
1. Етапа 7
1. Етапа 8
1. Етапа 9
1. Етапа 10
1. Џиро ди Ломбардија
1. Милано-Моден
1. Милано-Торино
1. Џиро дел Пиемонт
1. Краен пласман Џиро дела Провинција Милано (со Анџело Гремо)
1. Краен пласман Рим-Тренте-Трст
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Џиро дел’Емилија
2. Милано-Санремо
1920
1.   Национално друмско првенство
1. Милано-Моден
1. Џиро дел Пиемонт
1. Милано-Торино
1. Торино-Женева
2. Џиро дел’Емилија
2. Милано-Сан Пелегрино
2. Краен пласман Џиро дела Провинција Милано (со Анони)
3. Милано-Санремо
1921
1.   Национално друмско првенство
1. Милано-Санремо
1. Џиро ди Ломбардија
1. Џиро дел’Емилија
Џиро д’Италија
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1. Милано-Сан Пелегрино
1. Женева-Ница
1. Краен пласман Рим-Неапол-Рим
1. Краен пласман Џиро дела Провинција Милано (со Џузепе Ацини)
2. Милано-Моден
1922
1.   Национално друмско првенство
1. Џиро ди Ломбардија
1. Краен пласман Рим-Неапол-Рим
1. Џиро дел’Емилија
1. Џиро ди Ромања
1. Тур ди Лак Леман
1. Критериум де Женева
1. Тур де Ду Голф
1. Краен пласман Џиро дела Провинција Милано (со Белони)
1. Етапа 2 Џиро д’Италија
2. Милано-Санремо
1923
1.   Национално друмско првенство
1. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1. Етапа 5
1. Етапа 6
1. Етапа 7
1. Етапа 8
1. Етапа 10
1. Милано-Санремо
1. Краен пласман Рим-Неапол-Рим
1. Милано-Торино
1. Џиро дел Венето
1. Џиро ди Тоскана
1. Краен пласман Џиро дела Провинција Торино (со Џовани Брунеро)
1924
1.   Национално друмско првенство
1. Џиро дел Пиемонт
1. Џиро дел Венето
1. Џиро ди Тоскана
1. ГП Волбер
1. Г.П. Милацо
2. Џиро ди Ломбардија
3. Милано-Санремо
1925
1.   Национално друмско првенство
1. Милано-Санремо
1. Критериум Насионал
1. Џиро дел Венето
1. Краен пласман Рим-Неапол-Рим
1. Џиро дел’Емилија
1. Г.П. Милацо
1. Краен пласман Џиро де ла Провинција Милано (со Отавио Ботекија)
1. Етапа 1
2. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1. Етапа 7
1. Етапа 9
1. Етапа 10
1. Етапа 11
2. Критериум Торино
1926
1. Милано-Санремо
1. Џиро ди Ромања
1. Џиро дел Венето
Џиро д’Италија
1. Етапа 4
1. Етапа 5
2. Џиро ди Тоскана
3. Џиро дел Пиемонт
3. Критериум Женева
1927
1. Шест дена Милано (со Алфредо Бинда)
2. Светско друмско првенство
2. Г.П. де Торино
1928
1. Милано-Санремо
1. Милано-Моден
1. Шест дена Милано (со Пјетро Линари)
1. Шест дена Бреслау (со Вили Ригер)
1. Шест дена Лајпциг (со Антонио Негрини)
1929
2. Шест дена Париз (со Пјетро Линари
1930
5. Милано-Санремо
1932
2. Краен пласман Џиро де ла Милан (со Леарко Гуера)
1935
1. Етапа 3 Џиро деле Кватро
2. Асти-Черијале
3. Сиркут Апуан
3. Сиркут д’Имола

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 "A Century of Cycling" Page 48 (Gives info on Express trains and "Novi Runt").
  2. www.cycling4all.com. Архивирано на 28 септември 2007 г. States that Girardengo won longest ever Giro stage in 1914.
  3. www.bikeraceinfo.com. Details 1914 Tour de France participation.
  4. "European Cycling" Page 8 (Gives info on Spanish Flu).
  5. www.museociclismo.it. Архивирано на 28 септември 2007 г. Gives info on Coach of Maino team and Italian national coach.
  6. Maurizio Caravella (10 февруари 1978). „Hero among the pioneers“. La Stampa (италијански). Editrice La Stampa. стр. 19. Посетено на 27 мај 2012.
  7. Franco Marchiaro (10 февруари 1978). „He was the first "super champion". La Stampa (италијански). Editrice La Stampa. стр. 19. Посетено на 27 мај 2012.
  8. Gino Sala (10 февруари 1978). „The Gavia Pass is also top Coppi“ (PDF). l'Unità (италијански). PCI. стр. 12. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-05-23. Посетено на 22 јуни 2012.
  9. „Bartali: "It was a master". La Stampa (италијански). Editrice La Stampa. 10 февруари 1978. стр. 19. Посетено на 27 мај 2012.

Извори уреди