Рик ван Лој
Хенри („Рик“) ван Лој (холандски: Henri ("Rik") Van Looy; 20 декември 1933 - 17 декември 2024[1]) — поранешен белгиски професионален друмски велосипедист во повоениот период, кој го добил прекарот „крал на класиците“ или „цар на Херенталс“ (по малиот белгиски град во кој живеел). Бил двократен светски друмски првак и прв велосипедист, кој ги освоил сите пет монументи: најпрестижните еднодневни класици — подвиг постигнат само уште од двајца други (обајцата Белгијци: Роже де Влеминк и Еди Меркс). Со 379 друмски победи претставуваат втор, единствено зад Еди Меркс. Тој е деветти на вечниот список на етапни победници на големите трки со триесет и седум победи.
Ван Лој во 1962 година | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Рик ван Лој | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Прекар | Рик II Царот од Херенталс | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 20 декември 1933 Гробендонк, Белгија | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Починал | 17 декември 2024 Херенталс, Белгија | (возр. 90)||||||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | Повлечен | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | специјалист за класици Спринтер | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Кариера
уредиВан Лој станал познат кога го освоил националното аматерско друмско првенство во 1952 година. Ја повторил победата следната година, додавајќи го третото место на Светското друмско првенство истата година, пред да стане професионалец. На Летните олимписки игри 1952, го освоил златниот медал на екипната трка.[2]
Како силен спринтер, Ван Лој освоил две трки во неговата прва професионална сезона (1953) и повеќе од 20 следните неколку сезони. Во 1956 година, ги вбројал победите на Гент-Вевелгем и Париз-Брисел, плус две етапи и крајна победа на Трката околу Холандија. Исто така го освоил сребрениот медал на Светското друмско првенство, зад неговиот сонародник Рик ван Стенберген. Ги повторил победите на Гент-Вевелгем и Трката околу Холандија во 1957 година, а во 1958 година го освоил воведниот класик во сезоната, Милано-Санремо.
Во 1959 година, Ван Лој ги освоил Трката околу Фландрија и есенскиот класик, Џиро ди Ломбардија. Помеѓу нив, забележал 38 други победи, вклучувајќи три етапи на Вуелта а Еспања (завршувајќи трет и освојувајќи го бодовниот пласман), како и четири етапи на Џиро д’Италија (на крајот завршувајќи на 4. место).
Во 1960 година ја забележал првата од двете последователни победи на Светското друмско првенство, но не постигнал победи на класиците. Меѓутоа, се вратил во 1961 година, со победи на Париз-Рубе и на Лиеж-Бастон-Лиеж — со што станал првиот возач кој ги освоил сите пет „монументи“ — при што ја задржал и виножито-маичката. Истата година, освоил три етапи и планинскиот пласман на Џиро.
Ван Лој забележал уште две победи на класиците во 1962 година (Париз-Рубе, Трката околу Фландрија), како и Гент-Вевелгем и две етапи на Џиро. Во 1963 година, Ван Лој возел на Тур де Франс, каде освоил четири етапи и го освоил бодовниот пласман, завршувајќи на крајот на 10. место; исто така го освоил сребрениот медал на Светското друмско првенство. На првенството, одржано во Ронсе во неговата родна земја, бил поразен во спринтот од неговиот сонародник Бенони Бехејт. Ван Лој, го започнал спринтот прерано, не го поднел лесно овој пораз. Оваа трка останува во сеќавање на многумина во историјата на белгискиот велосипедизам.
Во 1965 година забележал 42 победи, вклучувајќи го Париз-Рубе и осум етапи на Вуелта, каде го освоил третото место (највисок пласман на некоја голема трка). Исто така, освоил две етапи на Тур де Франс.
При завршниот години во неговата кариера (1966–1970), добрите резултати на Ван Лој започнале да бледнеат, кога се појавил новиот белгиски возач Еди Меркс, но сепак го освоил второто место на Париз-Рубе 1967, ја освоил Флеш Валон во 1968 година и етапа на Тур де Франс 1969. Неговото соперништво со Еди Меркс го достигнало нивото на саботања на Меркс на Светското друмско првенство во 1969 година.[3]
Ван Лој бил ѕвезда и во велодромскиот велосипедизам, освојувајќи 11 шестдневни трки. Прва трка му била во Брисел во 1957 година, а последна во Антверпен во 1968 година. Девет од овие победи ги освоил со Холанѓанецот Петер Пост.
Екипи
уреди- Л’Авенир: 1953–1954
- Туринг - Бјанки: 1954
- Ван Хауверт: 1955
- Џирарденго Елдорадо (Џиро д’Италија 1955)
- Фаема-Гуера: 1957–1958
- Фаема: 1959–1961
- Фаема-Фландрија: 1962
- ГБЦ-ГБЦ Либертас: 1963
- Соло Суперија: 1964–1966
- Синар (Џиро д’Италија 1967)
- Вилем II: 1967–1970
Достигнувања
уреди- 1952
- 1. Национално аматерско друмско првенство
- 1953
- 1. Национално аматерско друмско првенство
- 1956
- 1. Национално меѓуклупско друмско првенство
- 1. Трка околу Холандија
- 1. Гент-Вевелгем
- 1. Париз-Брисел
- 1. Шелдепрејс
- 1957
- 1. Шест дена Брисел (со Вили Ванитсен)
- 1. Копа Берноки
- 1. Гент-Вевелгем
- 1. Трка околу Холандија
- 1. Шелдепрејс
- 1. Шал Селс-Мерксем
- 1958
- 1. Копа Берноки
- 1. Шест дена Гент (со Региналд Арнолд)
- 1. Милано-Мантова
- 1. Национално меѓуклупско друмско првенство
- Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 5б
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 9
- 1. Етапа 10
- 1. Милано-Санремо
- 1. Париз-Брисел
- 1. Национално друмско првенство
- 1959
- 4. Краен пласман Џиро д’Италија
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 5
- 1. Етапа 11
- 1. Етапа 14
- 1. Џиро ди Сардења
- 1. Фландриско првенство
- 1. Париз-Тур
- 1. Трка околу Фландрија
- 3. Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 1б
- 1. Етапа 8
- 1. Етапа 9
- 1. Етапа 11
- 1. Бодовен пласман
- 1. Вуелта а Леванте
- 1. Џиро ди Ломбардија
- 1. Волта а ла Комунитат Валенсијана
- 1960
- 1. Шест дена Берлин (со Петер Пост)
- Џиро д’Италија
- 1. Светско друмско првенство
- 1. Шест дена Гент (со Петер Пост)
- 1961
- 1. Шест дена Антверпен (со Вили Ванитсен и Петер Пост)
- 1. Шест дена Келн (со Петер Пост)
- 7. Краен пласман Џиро д’Италија
- 1. Етапа 13
- 1. Етапа 15
- 1. Етапа 17
- 1. Париз-Рубе
- 1. Трка околу Белгија
- 1. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 1. Светско друмско првенство
- 1. Шест дена Брисел (со Петер Пост)
- 1. Шест дена Гент (со Петер Пост)
- 1962
- 1. Шест дена Антверпен (со Оскар Платнер и Петер Пост)
- 1. Шест дена Берлин (со Петер Пост)
- 1. Шест дена Дортмунд (со Петер Пост)
- Џиро д’Италија
- 1. Етапа 9
- 1. Етапа 11
- 1. Џиро ди Сардења
- 1. Гент-Вевелгем
- 1. Трка околу Фландрија
- 1. Париз-Рубе
- 1963
- 1. Букл де л’Олн
- 10. Тур де Франс
- 1. Национално друмско првенство првенство
- 1964
- 1. Букл де л’Олн
- 1. Етапа 2 Вуелта а Еспања
- 1. Е3 Прејс Вландерен
- 1. Париз-Луксембург
- 1965
- 1. Е3 Прејс Вландерен
- 1. Џиро ди Сардења
- Тур де Франс
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 19
- 3. Краен пласман Вуелта а Еспаања
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 7
- 1. Етапа 9
- 1. Етапа 12
- 1. Етапа 14
- 1. Етапа 15
- 1. Етапа 17
- 1. Бодовен пласман
- 1. Париз-Рубе
- 1966
- 1. Е3 Прејс Вландерен
- 1967
- 1. Париз-Тур
- 1968
- 1. Флеш Валон
- 1969
- 1. Шест дена Антверпен (со Петер Пост и Патрик Серку)
- 1. Е3 Прејс Вландерен
- 1. Етапа 4 Тур де Франс
- 1. Национално велодромско првенство - медисон (со Патрик Серку)
Наводи
уреди- ↑ „Dhr. Rik Van Looy“. Van den Broeck Begrafenissen (холандски). Посетено на 2024-12-19.
- ↑ „Олимписки резултати на Рик ван Лој“. sports-reference.com. Архивирано од изворникот на 2016-12-04. Посетено на 29 декември 2012.
- ↑ Van Walleghem, Rik (1993). Eddy Merckx:the greatest cyclist of the 20th century. Pinguin Productions. ISBN 1-884737-72-2.
Надворешни врски
уреди„Рик ван Лој“ на Ризницата ? |
- Достигнувања Архивирано на 5 јули 2013 г. (француски)
- „Достигнувања на Рик ван Лој“. Cycling Archives.
- Профил на страницата на Тур де Франс