Гаетано Белони

велосипедист

Гаетано Белони (италијански: Gaetano Belloni; 26 август 18929 јануари 1980) — италијански професионален друмски велосипедист.

Гаетано Белони
Гаетано Белони
Лични податоци
Цело имеГаетано Белони
Роден26 август 1892(1892-08-26)
Пицигетоне,  Италија
Починал9 јануари 1980(1980-01-09)
Податоци за клубот
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Професионални клубови
1916–1922
1923-1924
1925
1926-1927
1928
1929-1931
1932
Бјанки
Лењано
Волсит
Опел
Волсит
Бјанки
Олимпија
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
Генерален пласман (1920

Еднодневни трки и класици

Милано-Санремо (1917, 1920)
Џиро ди Ломбардија (1915, 1918, 1928)

Најзначајни моменти од неговата кариера биле победата во 1920 година на Џиро д’Италија, двете победи на трката Милано-Санремо (1917 и 1920) и три победи на Џиро ди Ломбардија (1915, 1918 и 1928).

Белони е роден во Пицигетоне, во близина на Кремона и го имал своето деби во светот на друмскиот велосипедизам во пресрет на неговиот постар брат Амлето. Како аматерски велосипедист, во 1914 година ја освоил „Малата“ Џиро ди Ломбардија и Купот дел Ре, како и италијанското првенство.

Избегнувајќи да биде повикан во Првата светска војна, Белони ја освоил изненадувачки Џиро ди Ломбардија во 1915 година (подвиг кој тој го повторил во 1918 и 1928 година) и Милано-Санремо од 1917 година.

Во 1920 година ја освоил својата најголема победа, Џиро д’Италија. Во 1920 година на Белони постојано му конкурирал неговиот пријател Костанте Гирарденго, кој секогаш го поразувал и со тоа го стекнал прекарот „Вечно втор“ (Eterno Secondo).

Освоил вкупно 43 трки, како професионалец, вклучувајќи и 12 етапи на Џиро д’Италија.

Надворешни врски

уреди
  • „Достигнувања на Гаетано Белони“. Cycling Archives.
  • Достигнувања на Гаетано Белони на Cycling Quotient
  • „Достигнувања на Гаетано Белони“. ProCycling.