Лоран Фињон
Лоран Фињон (француски: Laurent Fignon), (Париз, 12 август 1960 – Париз, 31 август 2010) – поранешен француски професионален велосипедист во периодот 1982 до 1993 година. Роден е во северниот дел на Париз, се занимавал со фудбал, а пријателите го вовлекле во велосипедизмот. Професионалната кариера ја почнал во 1982 година, а веќе наредната го освоил Тур де Франс, а победил и во 1984 година. Во 1989 година го освоил Џиро д’Италија, а подоцна водел голема борба на Тур де Франс и изгубил од Грег Лемонд за 8 секунди, што е најмалата разлика во историјата на Тур де Франс. Двапати ја освоил трката Милано-Санремо, а по еднаш Флеш Валон и националното друмско првенство. Фињон во два наврати бил позитивен на допинг тест. Умрел од рак во 2010 година.
Фињон на Тур де Франс во 1993 година | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Лоран Патрик Фињон | ||
Прекар | Професорот | ||
Роден | 12 август 1960 Париз, Франција | ||
Починал | 31 август 2010 Париз, Франција | (возр. 50)||
Висина | м | 1,74||
Маса | 67 kg (148 lb; 10.6 st) | ||
Податоци за клубот | |||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | универзален возач | ||
Професионални клубови | |||
1982–1985 1986–1989 1990–1991 1992–1993 | Рено-Елф-Житан Систем У-Житан Касторама Гаторад | ||
Значајни победи | |||
|
Поврзано =
уредиНадворешни врски
уредиВикивестите имаат новост на оваа тематика: Two time Tour de France winner Laurent Fignon dies at age 50 |
- „Достигнувања на 4959“. Cycling Archives.
- Official Tour de France results of Laurent Fignon
- Лоран Фињон на Семрежната филмска база на податоци (англиски)