Окупација на Македонија во Втората светска војна
Окупацијата на Македонија во Втората светска војна била спроведена по капитулацијата на Кралството Југославија и Кралството Грција. Притоа, освен порано вклучениот Пирински дел на Македонија, Бугарија го анектира и најголемиот дел од Вардарскиот дел и дел од Егејскиот дел на Македонија (до реката Струма и островите Тасос и Самотракија), со вкупно 21.460 км2 и околу 876.000 жители.
Италија го доби најголемиот дел од Западна Македонија со градовите Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар и Струга, најголемиот дел од преспанските села и Костурско, Леринско и Кожанско во Егејскиот дел на Македонија, со вкупно 4.314 км2 и со околу 232 илјади жители. Во јули тоа окупационо подрачје било препуштено на анектирање од квислиншка Албанија. Така, Егејскиот дел на Македонија, кој дотогаш се наоѓаше под грчка власт, бил поделен под бугарска, италијанска и германска окупација (Солунско, Воденско и Гуменџиско).
Во бугарското окупациско подрачје имало околу 45 000 војници и чиновници, а на територијата под албанска окупација бил воведе данокот десеток од времето на османлиското владеење. Во Вардарскиот дел на Македонија, само во првата година од фашистичката окупација биле уапсени 1 937 лица, со 38 смртни пресуди. На бугарското окупационо подрачје, од 3.422 учители и наставници во училиштата со наметнатиот бугарски наставен јазик, имаше само 306 учители и наставници Македонци. Во италијанско-албанското окупационо подрачје бил воведен албанскиот јазик во администрацијата и во училиштата и за македонските деца.
Поделбата на Македонија во 1941 година
уредиВо деновите помеѓу 20 и 29 април 1941 година во Виена се воделе преговори меѓу грофот Ќано, министер за надворешни работи на Кралството Италија, и Фон Рибентроп, министар за надворешни работи на Нацистичка Германија, за поделба на Кралството Југославија. На овие средби била договорена и демаркационата линија помеѓу Кралството Италија и Царството Бугарија во Македонија.
Меѓутоа конечната демаркациона линија помеѓу овие две држави била решена од бугарско-германска гранична комисија. Според оваа спогодба, поголемиот дел од Вардарска Македонија се нашла под окупација на Бугарија, таа добила дел и од Србија, односно Поморавјето и областите по текот на реките Нишава и Тимок, како и еден дел од Косово. Во Грција, Царството Бугарија добила територии од Егејска Македонија и дел од Тракија.
Западна Македонија била окупирана од Италија, во оваа територија се нашле градовите Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга, потоа Костурско и поголемиот дел преспанските села.
Окупацијата завршила со крајот на Втората свтеска војна. На територијата на Вардарска Македонија се формирала НР Македонија како дел од СФР Југославија, Пиринска Македонија останала во рамките на Бугарија, а по завршувањето на Граѓанската војна во Грција, Егејска Македонија и понатаму била во рамките на грчката држава.
Бугарски соработници
уредиБугарски централен акционен комитет
уредиЗаедно со германската војска што навлегувала во Македонија, во Скопје пристигнала од Бугарија една група на македонски политички емигранти, кои заедно со месни Македонци, под заштита на германската воена власт, на 13 април 1941 година го формирале Бугарскиот централен акционен комитет. Под негово раководтсво набргу потоа биле формирани слични комитети во внатрешноста на Македонија. Нивната активност била помагана од Гестапо и германската воена команда.[12]
Во периодот од доаѓањето на германската војска па сè до бугарската окупација, Бугарскиот централен акционен комитет упатувал прогласи до македонскиот народ настојувајќи да му даде нему бугарски национален белег и бугарската окупација да се прикаже како спонтано барање на македонскиот народ за присоединување кон Бугарија. Пред германската воена команда требало да се остави впечаток дека Бугарија има историско право над Македонија. Сета активност на Акциониот комитет требало да послужи како основа за што побрзо преземање на административната власт во Македонија од страна на Бугарија и аргумент за нејзино анектирање. Акциониот комитет преку печатот, јавните собири и на други начини изразиле благодарност кон Германија за неговата ослободителна мисија.
Бугарската влада на Богдан Филов во спроведувањето на окупацијата на Македонија пред јавноста не се потпирала врз Акциониот комитет, неговата дејност требало да остави впечаток дека тоа спонтана реакција на Македонците, ниту на сличните комитети создадени во внатрешност на Македонија. По воспоставувањето на бугарската административно-полициска власт во Македонија, во мај 1941 година, обласниот директор на Скпската област ја прекратил работата и самото постоење на Акциониот комитет. Акциониот комитет презел дејност сред македонскиот народ во Егејска Македонија и во делот под италијанска окупација за да се анкетира во барањата за присоединување и на овие области кон Царството Бугарија.
Група Чкатров - Ѓузелов
уредиПокрај бугарските акциони комитети, по навлегувањето на бугарската окупаторска војска во Македонија, приврзаниците на Иван Михајлов ја продолжиле соработката со Бугарската влада, а некои од нив соработувале и со германските окупаторски команди, но и со Иван Михајлов, кој во тоа време порестојувал во Загреб. На тој начин кај соработниците на окупаторските сили дошло до раслојување во две групи.
Во првата, меѓу поистакнатите личности биле: Димитар Чкатров, Спиро Китанчев, Димитар Ѓузелов и други. Втората група ја сочинувале приврзаниците на Иван Михајлов, меѓу кои особено се истакнувале: Васил Хаџикимов, Стефан Стефанов, Кирил Дрангов, Борис Огненов [13] и други.
И двете групи имале бугарска национална определба и врз таа основа ја остварувале соработката со Бугарската влада. И едните и другите го прифаќале бугарскиот карактер на македонскиот народ, но се разликувале во однос на припадноста на идната држава. Првите иднината на Македонија ја гледале во прогласувањето на автономна или независна македонска држава под протекторат на Третиот Рајх, таа требало да има бугарски карактер, а нејзиниот службен јазик да биде бугарскиот литературен јазик. Вторите се залагале за обединувањето на Македонија во рамките на бугарската држава.
Иако и двете групи настојувале да се наметнат со своите ставови кај бугарските окупаторски власти и да ги реализираат своите идеи, тие останале разочарани од односот на бугарскиот држава, која единствено гледала да ги искористи нив за своите окупаторски цели, воопшто не обрнувајќ и внимание на нивните ставови кои биле во спротивност со политиката на Бугарската влада. Исто така, нивните идеи, освен кај мал дел од македонскиот народ, воопшто не биле прифатливи за македонскиот народот.
Групата околу Димитар Чкатров и Димитар Ѓузелов била составена главно од месната интелигенција. По навлегувањето на германската окупаторска војска, во оваа група дошло до раслојување во две помали групи. Првата се залагала Македонија да се присоедини кон Бугарија, а втората група, во која биле Д. Чкатров, Д. Ѓузелов, С. Китинчев и други, барала да се прогласи автономна или независна македонска држава под протекторат на Третиот Рајх.
Окупаторот пречекан како непријател
уредиСе покажало дека Бугарските соработници, нити имаат контрола над населението, нити дека населението има симпатии кон Бугарската војска.
Во некои градови влезот на Бугарските окупаторски сили бил пречекани со револт, акции па и протести од страна на Македонското население.Таков е случајот во Струмица, Куманово, Скопје, Тетово и неколку други градови.
Според сведочењето на Д.К.Будимовски во Скопје, на 7 април 1941, имало нешто околу 40 тина луѓе на „свечениот пречек“ на Бугарските „ослободители“, вбројувајќи ги тука нивните жени и деца. Додава дека Скопјани им направиле пречек со камења и јајца на локацијата на денешниот Дом на АРМ со извиците „Ууууааа опиничари“ и „Вратете се од каде што сте дошле!“.
Слично било и во Струмица. Каде настанот го опишува Мира Минанева. Иако во градот имало постари генерации кои му верувале на врховистот Ванчо Михајлов, а ги предводел Димитар Ѓузелов сепак свечен пречек немало. Туку со состанок на Градското Партиско Довереништво одржан на 8 април, преземени биле активности да се разобличат Бугарските тврдења дека ќе навлезе ослободителна војска. Тоа и им успеало, па така на 16 април штом се чула веста за пристигнување на Бугарската војска, масовно се собрале граѓани, младинци и работници кој носејќи мапа на етничка Македонија и пароли „Македонија на Македонците“, „Смрт на шпекулантите“, „Долу шпекулацијата“ пеејќи револуционерни песни дошло до судир меѓу граѓаните на Струмица со профашистичките / пробугарските групи кои го организирале пречекот[14]. Истите биле истерани од градот и "свечениот пречек" морале да го направат надвор од градот. Со тоа јасно се ставило до знаење дека се пречекува непријател, а не ослободител.[15]
За лошото расположение на населението во Кумановскиот регион пак, сведочат и архивските материјали на штотуку конституираната бугарска окупаторска власт:
До Г. Околискиот Управител - Куманово (доверливо)
Населението ја пречека власта речиси рамнодушно, без да пројави некое посебно задоволство... 10 јули 1941 - Симеон Агов, Кмет на Клечевското селско општинско Управление До Г. Околискиот Управител - Куманово (доверливо)
Се забележува незадоволство меѓу населението од наредбата за принудно продавање на волната и оставање на човек по едно руно, незадоволство од високите цени на пченката, незадоволство од недостигот на сапун, сол и тутун...
7 август 1941 - За Градишческото селско општинско Управление Кмет (потпис нечиток)
По само неколку месечна активност овие комитети биле распуштени, што поради немањето влијание меѓу народните маси, а делумно и поради нивното некоординирано дејствување, често поврзано со злоупотреба на финансиски средства и митото кое го прибавувале од Македонскиот народ, преку уцени и ветувања кои очигледно не можеле да ги исполнат.[15] По скоро 3 месечно постоење Бугарскиот централен акционен комитет бил распупштен.
Паралелно со влегувањето на новиот окупатор, почнуваат со формирање и првите Македонски партизански одреди, кои си поставиле јасна цел, борба за слобода на Македонскиот народ против Фашистичките окупаторски сили на Германија, Италија и Бугарија.
Албански комитети
уредиСо спогодбата на фашистичките земји од 20 април 1941, беше одредена и демаркациона линија помеѓу двата сојузника, Бугарија и Италија. Западна Македонија со градовите Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга и преспанските села, првично биле окупирани од Германски сили, а потоа со посебен декрет, предадени во владение на фашистичка Италија.[16] Италијанците пак, ја предале цивилната власт на Албанските квинслинзи. Во нивно владение потпаѓаала една префектура и четири потпрефектури.[17] Судирот на интереси помеѓу Италија од една страна и фашистичка Бугарија од друга, се одвивал токму во Кичевскиот регион, па така на терен паралелно се појавиле и про-албанските слуги на Италија и про-бугароманските комитети во служба на Бугарија, а против Македонскиот народ.
Во Западна Македонија, која била окупирана од Италија, се формирале разни комитети и братства кои имале за цел да предизвикаат раздор помеѓу локалните Македонци, Турци и Албанци, како и потикнување на месното населени на соработка со новата италијанска и албанска власт. Во текот на интеррегнумот до извршувањето на окупацијата од страна на италијанската војска, односно ноќта помеѓу 9 и 10 мај 1941 година, бил формиран Албански комитет во Тетово, кој побарал овој град да биде ослободено од Италија и приклучено кон Албанија. По примерот на Албанскиот комитет во Тетово, слични комитети биле формирани и во други градови во западниот дел од Вардарска Македонија. Албанските комитети во Тетово и Струга на целокупното муслиманско население му наложиле да носат бели кечиња со цел да се докаже дека албанското население е мнозинство и отука тоа е природно тоа да се најде во рамките на албанската држава.
Албанските комитети дошле во судир со Акциониот комитет, бидејќи тој создал свои разграноци во Западна Македонија и испраќал делегации до бугарската влада и двор во Софија, со барање Западна Македонија да се најде во рамките на Царството Бугарија.
Отука Албанскиот комитет од Тетово започнал со контраагитација и дејност. Тој испратил барање до Рим, организирал разни демонстрации и слично. Од Скопје во Тетово доаѓале албански интелектуалци и заедно со постојниот Албански комитет организирале демонстрации за присоединувањето на Скопје кон Албанија.
Воена окупација
уредиЦарството Бугарија ја ангажирала својата армија за окупирање на добиените територии во Кралството Југославија и Грција, а дел од бугарските сили биле ангажирани за обезбедување на границата кон Турција и за чување на црноморскиот брег, кој бил германска воена база. Бугарската влада на Филов ги ангажирала и ги испратила следниве воени сили:
- Првиот корпус, составен од четири дивизии, во Србија.
- Петтата армија, составена од три дивизии, во Македонија и Поморавјето.
- Две гранични бригади распоредени кон тогашната бугарско-албанска граница и пранешната југословенско-грчка граница.
- Посебни единици за чување на патиштата, обезебедување на разни индустриски и други објекти низ градовите на Варадрска Македонија и јужна Србија.
- Втор корпус, составен од две дивизии и други единици, во источниот дел на Егејска Македонија.
Посебна одлика на бугарската окупација во Македонија е тоа што, покрај бугарските сили, имало и германски единици, команди и полиција, како и посебни германски институции за експлатација на рудните богатства и слично. Германските воени и полициски институции се мешеле во работата на бугарските окупациски власти, а постоеле и посебни офицери што одржувале редовна комуникација со бугарската полициска власт и со некои бугарски политичари.
Западна Македонија била окупирана од италијанските сили, тие се состоеле од една дивизија (дивизија Фиренца), и други жандармериски, полициски, гранични и слични единци. Седиштето на дивизијата Фиренца се наоѓала во Дебар, а нејзините единици биле дислоцирани во Дебар, Струга, Кичево, Гостивар, Тетово како и на други сообраќајни и военистратегиски места.
Окупаторска административно-полициска власт
уредиБугарска окупаторска администрација
уредиБугарската окупација на Вардарска Македонија започнала во втората половина на април 1941 година, а преземањето на новите административно-полициски органи се одвивала бргу. По доаѓањето на бугарските воени сили и полициски органи во Македонија, уследило и назначување на највисоки функционери во организираните обласни дирекции, кои претставувале нависока извршна власт на државниот ситем на Царството Бугарија.
Вардарска Македонија во територијален поглед била разделена на две обалсти: Скопска и Битолска, а биле задржани околиите и општините од Кралството Југославија. Меѓутоа во 1943 година била формирана Горноџумајската област и кон неа биле приклучени Струмичката, Беровската и Царевоселската околија, кои дотогаш биле во Скопската област.
По организирањето на административната власт се започнало со создавање и на други институции: граѓански судови, обласна финансиска дирекција (Сметна палата), централно комесарство за снабдува|мини|лево|150п| инспекциски служби и слично. Во административно-политичкиот систем во спроведувањето на новата бугарска власт значајна улога имале и институциите кметство и кметско намесништво (старешина на селото - определен од власта), како органи на централната власт во Софија.
Раководниот кадар и најголемиот дел од службениците биле регрутирани од Бугарија. Заедно со воено-полициската администрација од Бугарија пристигнале и голем број на службеници, сите тие заедни ја претставувале главната потпора на бугарската власт во Македонија. Со оваа политика на Царството Бугарија покажало дека немаа доверба во македонското население. Оделни пратеници во бугарското Народно собрание побарале бугарската влада да преземе мерки против манифестирањето на македонската национална самобитност. Бугарското собрание побарало за Македонците да се употребува терминот Бугари од Македонија, а не Македонци.
Иако Македонија била анектирана од страна на Бугарија, бугарските власти се стремеле да остават впечаток дека не се создава посебна окупаторска власт во Македонија. Меѓутоа бугарските власти донеле посебни закони врз основа на кои се спроведувал окупацискиот систем:
- Закон за заштита на државата донесен од 26 јануари 1941 година.
- Закон за брзо уредување на неодложните прашања во ослободените земји од 30 март 1942 година.
Врз основа на првиот закон, бугарската влада на Филов создала посебен режим за окупираниот дел во Македонија, додека со другиот закон бугарската влада на македонското население му наметнало посебн кривично-правен ред кои важел само за новоосвоените делови од Македонија. Мерките и системот на иследната постапка по овој закон отстапувале од тогашните законски прописи во Бугарија. Отука, во Македонија постоеле и дејствувале воени судови, со проширени компетенции за судењето на кривични дела и на граѓански лица од окупираниот дел на Македонија.
Германски привилегии
уредиБугарската власт во окупираните делови на Македонија биле ограничени од Нацистичка Германија. Некои германски институции што постоеле во окупираниот дел на Македонија биле во привилигирана положба, а со самото тоа се намалувале и ограничувале суверените права на Бугарија над окупираните подрчја во Македонија посебно доаѓа до израз при определувањето на статусот на Евреите од Македонија, кои, за разлика од Евреите што живееја во Бугарија, им биле предадени на Гермнаците и депортирани од Македонија.
Италијанско-албанска администрација
уредиЗападна Македонија, во периодот од мај до јули 1941 година, претставувала окупациска област на италијанската војска.
Првото правно реулирање на администартивната окупациска власт во Западна Македонија била регулирана со декретот на Бенито Мусолини од 17 мај 1941 година. Со овој декрет биле регулирани општите црти на организацијата и устројството на окупаторската цивилна и судска власт, било наредено на територијата на Кралството Југославија која била окупирана од италијанските сили, цивилната власт, согласно Воениот закон, да ја извршуваат цивилни комесари, што ги именувала Врховната команда. Сета власт на окупираната територија во западна Македонија ја вршел цивилен комесар.
Седиштето на цивилниот комесар за оваа територија се наоѓало во Призрен. Функцијата висок цивилен комесар постоела до 3 декември 1941 година, а од тогаш со административните работи во овој дел на Македонија го презело Министерството за новослободените земји на Албанија, кое што егзистирало до 12 февруари 1943 година, кога било укинато. По ова функциите на тоа министерство преминале на соодветните министерства во квинслишката влада на Албанија.
Во јули 1941 година со декретот на Франческо Јакомони, италијански кралски намесник на Албанија, територијата на западна Македонија е анектирана од Албанија. За целата територија на Македонија окупирана од италијанските војски и присоединета кон Албанија било формирано една префектура со седиште во Дебар. Во составот на Дебарската префектура во 1941 година се наоѓале 48 општини, кои потпаѓале под Кичевската, Ростушката, Гостиварската и Тетовската околија (потпрефектури).
Шест села од Охридско биле присоединети кон потпрефектурата Подградец, која како и Препанската потпрефектура биле во рамките на Корчанската префектура. Во 1944 година било формирано окружно началство (префектура) со седиште во Тетово. Префектурата во западна Македонија претставувала највисок орган на власта.
Покрај администартивните институции биле воспоставени полициски и судски органи. Во италијански раце се наоѓала жандармеријата, и покрај постоењето на цивилната албанска власт и албанска полиција (квестура), што претставувало двојство . Квестурите, покрај чета полицајци, имале и свои агенти и други тајни соработници. Објавениот закон со намесничкиот декрет од 27 февруари 1942 година, полицијата била задолжена да се грижи за државната безбедност и потешките политички дела. Според овој закон , квестурата била потчинета на префектот.
Квестурата, покрај квесторот имала и советник (Италијанец). Покрај оваа полиција постоеле и карбинери. Иако според официјалните прописи карбинеријата била орган на префектурата, таа всушност била самостојна во својата работа. Во почетокот нејзините редови биле пополнувани исклучиво од Италијанци, а подоцна биле примани и Албанци.
Покрај жандармериската (карбиниерска) станица, во секоја општина била формирана и посебна фашистичка милиција, наречена црнокошулци. Според прописите, во секоја префектура требало да постои по еден баталјон црнокошулци, но со оглед на слабиот одѕив тоа не можело наполно да се реализира.
Пиндско-македонско кнежевство
уредиПиндско-македонското кнежевство претставувала автономна држава формирана и под контрола на фашистичка Италија, во северозападниот дел на Грција во регионите на Епир, Тесалија и Западна Македонија за време на Втората светска војна[19].
државата формирана во 1941 година била замислена како држава на Власите, но никогаш не успеала да ги “потчине“ локалните власти, и како таква опстојувала до 1944 година[20] . Главен град бил Мечово, додека седиштето на управата се наоѓало во Трикала. Кнежевството имала и свое државно знаме.
Грчка државна управа (Елиники политија)
уредиЕгејскиот дел на Македонија потпаднал под три окупаторски сиситеми. Областа источно од Струма била анектирана од Царството Бугарија, централната област под германска окупација, а западната област (Костурско, Гребенската околија и дел од Кожанско и Леринско), под окупација на Италија, Германската и италијанската окупациска територија биле под јурисдикција на грчката квинслишка влада на генералот Георгиос Чоланоглу - под името Грчка државна управа.
Бугарско-италијански спор околу демаракационата линија
уредиДемаркационата линија во текот на окупацијата на Македонија неколкупати била менувана во корист на Царството Бугарија. Бугарските владечки кругови биле незадоволни истакнувајќи дека делови од единствената бугарска територија (т.е западна Македонија) останале под италијанска окупација. Бугарската влада отворено го поставувала прашањето за присоединување кон Царството Бугарија и на делот што и бил доделен на Италија.
Прашањето на демаркационата линија во Македонија било важно прашање во бугарската дипломатија. Во бугарското Народно собрание било побарано лично бугарскиот цар Борис III да се зазеде за решавање на ова прашање. Тој неколкупати во 1941 година оптаувал во Берлин и Рим на разговори со германските и италијанските државници. Во јули 1941 година бугарската делегација на чело со Богдан Филов и Иван Попов го посетиле Рим. При оваа посета било разговарано со Мусолини и италијанскиот министер за надворешни работи по прашањето за разграничување на двете држави во Македонија.
Меѓутоа од демаркационата линија не била задоволна ни италијанската страна. Италијанскиот конзул во Скопје, со поддршка на албанската страна, во мај 1941 година во Скопје организирал демонстрација на која било побарано Скопје да се приклучи кон Голема Албанија.
Ваквото натегање придонело неколкупати да се менува демаркационата линија. Во 1941 година Бугарија, врз основа на претходено постигнат договор, окупирала 44 села во Тетовската околија со вкупно 3 607 куќи и 28 214 жители, во 1943 година уште 4 села во Охридско со околу 2 500 жители. Како противвредност, Бугарија на италиојанската страна и отстапила 9 села во Кичевско. За време на италијанската капитулација во септември 1943 година бугарската војска окупирала повеќе од 20 села во Преспанската околија, кои дотогаш биле под италијанска окупација.
Економска политика
уредиНовите власти создале посебен систем од разновидни мерки за економско искористување на риридните и другите богатства во Македонија. За да се ограничи внатрешната потрошувачка и да се осигурат поголеми резерви на храна и други артикли во летото 1941 година била заведено нормирано снабдување на населението (купонски систем). Истовремено производителите биле задолжени да ги предаваат на државата сите производи по формирани ниски цени. Тоа се извршувало под контрола на специјално формирани реквизициони комисии.
На територијата на западна Македонија им било овозможено на неколку привилигирани трговски друштва слободно да работата, односно да извршуваат експлатирање на богатсвата во овој дел на Македонија. Меѓу овие друштва било САСТЕБ, кое вршело откуп на жито. Друго друштво се занимавало со експлатација на шумите оосбено на богатите горски терени во Кичевијата, а трето друшво постоело за одржување на патиштата кои како важни комуникациски средства биле неопходни за окупаторите. Сите друштва ползувале евтина работна рака.
Десетокот (спахилакот), како институција позната од времето на Османлиското Царство, бил повторно воведен во западна Македонија. Десетокот бил воведен со декретот на италијанскиот кралскиот намесник на Албанија во 1942 година.
Денационализаторска политика
уреди[21]]] Бугарската влада настојувала окупацијата на Македонија да ја претстави како природно проширување на бугарската територија, како преземање на свои национални територии. Отука бугарските власти презеле повеќе дејности во разни правци. Покрај административниот апарат бил создаден и голем пропаганден систем во Македонија.
Бугарската влада донела акт за промена на националноста на македонскиот народ во бугарска. Овој едностран акт имал за цел пред јавноста на Бугарија и нејзините сојузници да се оправда окупацијата. Негирањето на македонската националност се спроведеувала и од разни културни институции, кои сакале македонскиот народ да го прикажат како бугарски. Под особен силен притисок била изложена македонската младина. Училишниот систем во Македонија бил најорганизираниот дел од бугарската денационализаторска политика. Во Македонија бил создаден широк систем на училишни институции.
Во училишната мрежа биле опфатени речиси сите поголеми населени места во Македонија. Во учебната 1941/1942 година биле отворени 800 основни училишта, 180 осмолетки, 10 полни и 7 неполни гимназии. Во учебната 1941/1942 година бугарските власти се обиделе да отворат универзитет во Скопје, а преку него требало да се создаде кадар кои подоцна би ја ширел бугарската национална свет меѓу македонскиот народ, меѓутоа универзитетот бил отворен во учебната 1943/1944 година. Поголемиот дел од просветниот кадар бил донесен од Бугарија, а за назначување на учители - Македонци требало гаранција од полициските власти за благонадежност. Во училиштата биле создадени специјални наствани програми. Речиси целата настав била сведена на изучување на таканаречените групни предмети по б’лгарознание, во која спаѓале: бугарски јазик и бугарска национална историја. Голем број на научни институции, кои биле под контрола на Дирекцијата за национална пропаганда на чело со Никола Коларов, се обиделе на разни начини сред македонските средини да докажат дека Македонија е бугарска земја, а Македонците се Бугари.
Со помошта на поранешни активисти на ВМРО и БАК, Бугарските властите масовно ги депортирале српските колонисти од земјава. Од 25 000 Срби во Скопје, останале само 2 000 души.
По анексијата на западна Македонија од страна на Албанија, односно Кралство Италија, високиот цивилен комесар на Призрен, Фејзи Ализоти, им наредил на сите префектури и потпрефектури да се заменат јавните натписи на установите и другите приватни згради, со албански и италијански натписи. Била забранета каква било употреба на македонскиот јазик, службен јазик биле албанскиот и италијанскиот. Новите албански, односно италијански власти, наложиле промена на сите имиња и презимиња на неалбанското население, тие требало да добијат албанска форма. Македонските ученици морале да ги постеуваат албанските училиште каде наствата се одвивала на албански јазик.
Националистички и фашистички организации
уредиБугарски организации
уредиБугарската влада за да си создаде потпора во оној дел од Македонија кој се наоѓал под нејзина власт, дозволила да се формираат фашистичките и националистичките организации: Браник, Отец Пајсиј, Соjуз на бугарските национални легиони, Ратник, Војници од фронтот, Ополченци, Соjуз на резервните офицери, Јунак, Труд и радост и други
Во 1941 година егзистирале 40 организации со свои клонови низ сите места на Македонија. Бугарската влада сакала да ги искористи и учесниците во Илинденското востание, но во голема мера во тоа не успеала.[се бара извор]
Во 1943 година бугарската влада на Божилов ја создала организацијата Општествена сила. Таа имала за цел да го придобие македонскиот народ зад бугарската влада и нејзината политика, да развива посебна активност сред македонските средини, тие на Бугарија да гледаат како на ослободител и соработка меѓу нејзините групи за дејност против македонското ослободително движење.
Дека сето ова, било само една голема пропаганда на фашистичка Бугарија, најдобро говори фактот, кој лично го потврдува бугарскиот полициски началник од Скопје - Асен Богданов, при неговото судење. Тој како и неговите потчинети, биле изненадени од реалноста која ја увиделе, а таа е дека Македонскиот народ не се чувствува за Бугарски, нити мечтае за некаков сојуз со Бугарија, како што им било всадувано во глава и ним и на целокупното Бугарско општество. Богданов, потврдува дека бугарски слуги и послушници биле мал број на граѓани кои имале некаква корист да соработуваат со нив. Затоа и доаѓа до терор, масовни убиства, угнетување и репресалии на македонскиот народ, кој решително застанал во одбрана против фашистичкиот окупатор[15]. Односно, оние кои биле психолошки спремани дека ќе бидат ослободители, всушност сфатиле дека се окупатори дојдени на туѓа земја. Бројот на жртвите - Македонски граѓани, настрадани во Втората светска војна изнесува 24000.
Албански организации
уредиНа целата територија во западна Македонија биле формирани фашистички органанизации. Особена улога во создавањето на овие организации имала Фашистичката партија на Албанија, која во суштина претставувала клон на италијанската фашистичка партија.
Во фашистичката партија врз верска основа била собирана албанската и турската младина. Во секој апрефектура и општина постоела фашистичка организација на чело со влијателни месни лица. Во седиштата на окружните началства биле формирани таканаречени федерати, органи на фашистичката партија, во околиските началства и општините таквите орагнизации се викале фашии, а во селата постоела ниски инстанции на фашистичката организација, наречени капо цукла (Capo Zukla). Во секоја организација на фашистичката партија особено во федератите се инфилтрирале воено известителната служба и контраизвестителната служба на Кралството Италија.
Италијанските власти за заврстување на својата власт започнале со силна пропаганда сред алабанските срединиз за формирање на доброволни одреди (балисти) кои биле користени против ослободителното движење во Македонија и пошироко.
Во есента 1942 година во Албанија бил формиран национален фрон на Албанија, наречен Бали Комбетар (Balli Kombëtar). Оваа националистичка организација создала форужени сили за наводна борба против италијанската војска, а всушност тие се бореле против албанското, и другите, нослободителни движења. Во август 1943 година бил донесен специјален декрет за основање на номинална албанска милиција, со што започнала отворена соработка со италијанските власти [22].
Центарот на балистичката организација во западна Македонија се наоѓал во Гостивар. Овој центар бил раководен од Кадри Сали, а во Тетово Шуаиб Камбери. Овие двајца биле членови на фашистичкиот корпоративен совет во Тирана, а потоа членови на Окружниот комитет за Косово. Други истакнати балистички водачи биле: Џафер Сулејмани, Мунир Тршана, Осман Азизи, Фиќири Дина и други, а команданти на балистичките одреди биле Џемаил Хасани - Џемо и Мефаил Шеху - Зајази. Пред капиулацијата на Италија биле формирани и други фашистички организации: Легалитети, Зогу, Таша, Балили, Авангардисте, Џовани фашисте и други.
Белешки
уреди- ↑ По повод судењето на Асен Богданов, бугарски полициски началник во Скопје во периодот на бугарската окупација, „Нова Македонија“ (21 ноември 1944 г.) најавувајќи го судењето изнесува: дека процесот против воениот злосторник А. Богданов почнува со задоцнување, бидејќи бугарските власти не сакале да му го предадат на народниот суд. Бугарските власти долго време го одлагаа предавањето на Богданов, бидејќи тој, заедно со генералот Маринов, командант на XV-та бугарска окупаторска дивизија (штаб во Битола) наводно одиграл значајна улога во 9-то септемврискиот преврат во Софија, во Отечествено-фронтовска Бугарија. Маринов за “заслугите” стана главен командант на бугарската ОФ армија, а Богданов директор на софиската полиција. На оптуженичката клупа, заедно со Богданов, седеа уште неколку негови соработници. Во обвинението на јавниот тужител меѓу останатото се изнесува и следното: „Како помошник на обласниот директор и обласниот полициски началник во Скопје од Јануари 1943. до крајот на Август 1944. г., Асен Богданов, потполковник на фашистичката полиција, е еден од највисоките функционери на бугарските фашистички власти во Македонија кој е одговорен за многубројни ѕверства од страната на окупаторот во Македонија. Како обласен полициски началник во Скопје, Богданов организираше цела мрежа на соработници во цела Македонија и создаде специјални полициски органи и контрачети, се поврза со озлогласениот Гестапо, ги координираше и раководеше бугарската полиција и бугарската фашистичка војска на генералот Бојдев, Маринов, Поп-Димитров, како и специјалните одреди на Гестапо и поручникот Бирман.“ Асен Богданов, бугарски полициски начелник во Скопје, за време на бугарската окупација (1941-1944), одговарајќи на прашањата од тужителот за методите на бугарската власт во Македонија за всадување на македонскиот народ убедување дека е бугарски, вели: „Пред да дојдам во Македонија имав впечаток дека овде, навистина, постои бугарски елемент. Со години нам ни беше всадувана идејата дека Македонија ѝ припаѓа на Бугарија, дека македонскиот народ е бугарски, и дека тука било Бугарско Царство. Изненадувањето било огромно. Можев да констатирам дека како бугарски елемент се чувствуваа само неколку богати луѓе, кои се доближиле до бугарската власт, интелектуалци кои се броеја на рака, а кои и припаѓаа на организацијата на нашиот народ (бугарскиот - авт.). Сите останати се чувствуваа како Македонци. - Кој ги организираше специјалните служби за бугаризирање на македонскиот народ? (прашање на судијата - поротник*) - Овие служби се организирни со решение на Министерскиот совет, а биле раководени директно од Министерството за внатрешни работи. - Што се бараше од лицата кои биле испратени да работат во бугарскиот окупаторски административен и полициски апарат во Македонија? (прашање на судијата - поротник *) - Од нив се бараше да бидат задоени со идејата за бугаризација на македонскиот народ, и за задржување на овој крај (Македонија - авт.) по секоја цена, под Бугарија. - Дали тие ја оправдаа довербата?* - Да. - Како? - Со борбата којашто ја водеа и безусловната примена на мерките на бугарската влада - терор, ликвидација, погубување, палења итн. - Кој всушност, го вршеше тоа - војската или полицијата? - Заедно. - Како се убивани Македонците?* - Имаше стрелања, имаше случаи на претепување, а и фрлања во Вардар.“..., види Богданов и другите бугарски раководители во 1941година со апели и прогласи ја бугаризираат Македонија
Извори
уреди- ↑ Bulgarian Campaign Committees in Macedonia - 1941 Dimitre Mičev
- ↑ Македония 1941 Възкресение (Macedonia 1941 Resurrection), Сотир Нанев (Sotir Nanev), Sofia 1942, reprinted Sofia 1993, p. 15
- ↑ Between Past and Future: Civil-Military Relations in Post-Communist Balkan States by Biljana Vankovska, 2003, ISBN 1-86064-624-7, page 270.
- ↑ Yugoslavism: histories of a failed idea, 1918-1992, Автор Dejan Djokić, Издател C. Hurst & Co. Publishers, 2003, ISBN 1-85065-663-0, стр. 119.
- ↑ The struggle for Greece, 1941-1949, Автор Christopher Montague Woodhouse, Издавашство C. Hurst & Co. Publishers, 2002, ISBN 1-85065-492-1, стр. 67
- ↑ Mediterranean politics, Volume 1, Author Richard Gillespie, Publisher Fairleigh Dickinson University Press, 1994, ISBN 0-8386-3609-8, стр. 90.
- ↑ Who are the Macedonians? , Автор Hugh Poulton, Издавашство C. Hurst & Co. Publishers, 1995, ISBN 1-85065-238-4, стр. 101.
- ↑ Eastern Europe: politics, culture, and society since 1939, Автор Sabrina P. Ramet, Издател Indiana University Press, 1998, ISBN 0-253-21256-1, стр. 160.
- ↑ The Macedonian Question: Britain and the Southern Balkans 1939-1949 Oxford historical monographs, Автор Dimitris Livanios, Издател Oxford University Press US, 2008 ISBN 0-19-923768-9, стр. 179.
- ↑ 10,0 10,1 Bulgaria During the Second World War by Lee Miller (Occupation on Vardar Macedonia)
- ↑ "The army that had been greeted with such enthusiasm became an object of disgust." - Marshall Lee Miller: "Bulgaria During the Second World War," chapter "The Bulgarian occupation of Macedonia," Stanford University Press, pg. 122-125, 1975.
- ↑ Историја на македонскиот народ, книга трета, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година
- ↑ ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА, СКОПЈЕ 2008, страна 261
- ↑ Струмица и Струмичко низ историјата. Струмица: Општински одбор на Сојузот на здружението на
борците од НОВ — Струмица. 1969. line feed character во
|publisher=
во положба 45 (help); line feed character во|title=
во положба 21 (help); На|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ 15,0 15,1 15,2 "Судењата како последен пораз" од Јован Павловски, Тетово 1966, Скопје 1977
- ↑ Окупација на западна Македонија. Скопје. 1975. стр. 7–8. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј на Западна Македонија во НОВ - Кичево. 1982. стр. 21. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Makedonizmŭt i sŭprotivata na Makedonia sreshtu negо, Kosta Tsŭrnushanov, Universitetsko izdatelstvo "Svеti Kliment Okhridski" - Sofia, 1992, str. 260.
- ↑ Poulton, Hugh. 2000. Who are the Macedonians? Indiana University Press. Pp. 111
- ↑ (грчки)The capitulation of Italy Архивирано на 12 октомври 2014 г. from Rizospastis newspaper, 7 септември 2003
- ↑ „Воена академиja "Г. С. Раковски" - Софиja, "Учество на Бугарската армија во Втората светска војна (1941-1945 г.)"“. Архивирано од изворникот на 2011-07-06. Посетено на 2011-10-31.
- ↑ Mazower, Mark. After The War Was Over: Reconstructing the Family, Nation and State in Greece, 1943-1960. Princeton University Press, 2000, ISBN 0-691-05842-3, p. 25. "Not surprisingly, when the Italians finally took control of mainland Greece in 1941, they found Cham activists willing to call for unification of the region with Albania. Several hundred were conscripted into the anti-communist Bal Komitare to act as local gendarmes. From the autumn of 1943, these armed bands took part alongside the Wehrmacht in burning Greek villages. Such actions, it seems, were not supported by many of the local beys, nor by the Mufti."