Тимок
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Тимок или Голем Тимок (српски: Велики Тимок) — река во источна Србија. Претставува е збир на реки со исти имиња и со придавки пред нив (Црн Тимок, Бел Тимок, Сврљишки Тимок, Трговишки Тимок, Голем Тимок). Од изворот на Сврљишки Тимок до устието на Велики Тимок во Дунав има должина од 202 км[2]. Реката тече низ Србија ,а последните 15 км ја претставува границата на Србија и Бугарија.уште се наоѓа и на надморска висина од 28 м,што претставува и најниска точка во Србија. Тимок е дел од Црноморскиот слив со протек од 24 м3/с, а може да достигне и 40 м3/с.Тимок е десна и последна притока на Дунав во Србија.
Тимок | |
---|---|
Тимок кај Балеј, Бугарија | |
Други имиња | Голем Тимок (Велики Тимок) |
Земји | Србија, Бугарија |
Градови | Србија: Заечар, Брусник Бугарија: Брегово, Балеј |
Слив | |
Главен извор | Слив на Бел Тимок со Црн Тимок, Србија 43°55′12″N 22°17′52″E / 43.92000° N; 22.29778° E |
Устие | Дунав, кај Брегово, српско-бугарска граница 44°12′49″N 22°40′13″E / 44.21361° N; 22.67028° EКоординати: 44°12′49″N 22°40′13″E / 44.21361° N; 22.67028° E |
Течение | Дунав→ Црно Море |
Сливна повр. | 4.626 км2[1] |
Физички особености | |
Должина | 202 км[2] |
Проток |
|
Принадлежности | |
Притоки |
Тимок е широк 35 м, а длабок 0,5 - 1,5 м. Негова најголема лева притока е Вражогрначка река (45 км), а по тоа влегува во епигенетска Вражогрначка клисура длабока окулу 150-240 м, која се простира во должина 4,5 км. Каде што поминувс низ ерозивно проширување кај селото Трнавца и влегува во големата клисура или Соколовица со многу меандри. Некои од нив се : Стражевац, кои се наоѓа од десната страна на Тимок. Тој тече по алувијалната рамнина широка 300 - 1000 м, до селото Вељково и во долина на 18 км по алувијалната рамнина Дунав.
Должината на Тимок е 88 км, а сливното подрачје 1.222 км2. Заедно со Белиот и Трговишкиот Тимок е долг 201,7 и има има сливно подрачје 4.636 км2[1]. Неговиот тек е најголем во близина на вливот и изнесува 300 м3/с, а најмалиот од сите окулу 3 м3/с, што покажува дека реката има обилни карактеристики. На Тимок е хидроелектраната Соколовица ( 3,84 MW ) која годишно произведува цамо 17 милиони kWh електрична енергија. Електраната е пуштена во функција во 1949 година, таа хидроелектрана работи на проточна вода.
ПоврзаноУреди
- Тимочани — старо словенско племе во поречието на Тимок
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 Velika Morava River Basin, ICPDR, ноември 2009, стр. 2
- ↑ 2,0 2,1 Статистички годишник на Република Србија 2017 (PDF) (српски и англиски). Белград: Републички завод за статистика на Србија. октомври 2017. стр. 16. ISSN 0354-4206. Посетено на 30 мај 2018.