Коце Ципушев

македонски револуционер

Константин Димитров Ципушев, познат и како Коце Ципушев (17 април 187711 јануари 1968) — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација, кој за време на Втората светска војна поддржува пробугарски фашистички[1] елементи,[2] станува фашистички слуга и работи во окупаторската шпионска служба во Скопје,[3][4] заведен е и како предавник на борбата на македонскиот народ.[5][6]

Коце Ципушев
Роден 17 април 1877
Радовиш, Македонија
Починал 11 јануари 1968
Софија, Бугарија
Средношколци му го честитат на Коце Ципушев враќањето во Македонија во 1941 година.

Животопис

уреди

Коце Ципушев е роден во Радовиш во 1877 година. Завршил прогимназија во родниот град, потоа во 1895 г. го продолжил своето образование во Солунската машка гимназија во Солун. Во Солун станал член на тајниот ученички кружок, кој претставувал помошна единица на ВМОРО под раководството на Даме Груев. Ја завршил гимназијата во 1899 година. Се жени за сестрата на Тодор Александров.

За време на 1899 година се запишува во Софискиот универзитет во Софија, како студент по хемија. Од 1900 до 1902 година го продолжил образованието во Женева, каде студирал заедно со Симеон Радев. По завршувањето на студиите се вратил како учител во родниот крај, каде ја продолжил револуционерната дејност, станувајќи раководител на револуционерниот комитет во Кочани. Во почетокот на 1903 година заминува за Костур. Уапсен е од властите и лежи во Битола до април 1904 година. Во март 1906 година властите повторно го затвораат за четири месеца во Куршумли ан во Скопје.

Во 1913 година по Втора балканска војна е принуден да се пресели во Софија. Од 1914 година е претседател на Окружната постојана комисија на ново-ослободениот Струмички Округ. Раководи со револуционерниот пункт во Струмица според директивите на Тодор Александров. По Валандовската акција во 1915 година е викнат лично за објаснување од премиерот Васил Радославов.[7]

По завршувањето на Првата светска војна на 6 ноември 1918 г. е уапсен од англиските окупациски војски, предаден е на српските власти, кои по измачување го осудуваат на смрт, заменето подоцна со 20-годишна пресуда. Излегува од затворот во 1937 година.

Во 1943 година во Софија ги објавил своите сеќавања, под насловот „19 години во српските затвори. Спомени“. Предговорот кон изданието е напишан од Симеон Радев. Книгата подоцна е систематски уништувана од комунистичките власти. Се враќа во Македонија по припојувањето кон Бугарија во 1941 г. Од 1944 г. е принуден да се врати повторно во Софија, каде починува на 11 јануари 1968 година.[8]

Неговите сеќавања на македонски литературен јазик се издадени во Скопје во 2003 г. од бугароманот[9][10] Владимир Перев. Во 2006 година сеќавањата се преиздадени во Софија.

Наводи

уреди
  1. Група автори (1981). Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава - ТОМ ВТОРИ. Скопје: Универзитет "Кирил и Методиј" - Факултет за филозофско историски науки. стр. 607. ISBN 94971708-09 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).
  2. Група автори (Март, 1968). Извори за ослободителната војна и револуција во Македонија 1941-1945 - Книга I. Скопје: ИНИ - Институт за национална историја. стр. 427. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  3. Павловски, Јован (1979). Судењата како последен пораз. Тетово: Центар за информирање и издавачка дејност - Полог. стр. 32–33.
  4. Динев, Ангел (1983). Одбрани Дела. Трета книга: Политичките убиства во Бугарија. Скопје: Култура. стр. 303–305.
  5. „Манифест на Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ - Викиизвор“. mk.wikisource.org. Посетено на 2022-06-05.
  6. Група автори (1981). Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава - ТОМ ВТОРИ. Скопје: Универзитет "Кирил и Методиј" - Факултет за филозофско историски науки. стр. 408. ISBN 94971708-09 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).
  7. Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 148.
  8. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001., стр.183.
  9. „ТИЕ НЕ ДОЗВОЛУВАЛЕ ДА СЕ ПРИЗНАЕ МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО ВО БУГАРИЈА: Здружение финансирано од ЕУ, не дозволувало да се признае Македонско малцинство во Бугарија! | arhiva.iNFOMAX.mk“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2023-02-10. Посетено на 2023-02-10.
  10. Пулс24, Напишано од (2017-07-13). „НЕКА ДОЈДАТ БУГАРИТЕ И АСНОМ ДА ГО СЛАВИМЕ ЗАЕДНО: Македонија била антифашистичка, а Бугарија фашистичка!“. Посетено на 2023-02-10.

Надворешни врски

уреди