Димитар Ѓузелев
Димитар Ѓузелев (роден на 10 јануари 1903 година во Дојран – починал во 1945 година во Скопје) — македонски филозоф, гимназиски учител , политички деец и претставник на бугарскиот фашистички окупатор.[1][2]
Димитар Ѓузелев | ||
Роден | 10 јануари 1903 Дојран, Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | 1945 Скопје, СФРЈ | |
Занимање | филозоф политички деец | |
Деца | Богомил Ѓузел |
Животопис
уредиОсновно образование завршил во родниот град, гимназија во Штип, а Филозофски факултет (Група филозофија) на Филозофскиот факултет во Скопје, клон на Белградскиот универзитет. Бил еден од основачите на Македонската младешка тајна револуционерна организација во Скопје.[1]
Скопски студентски процес
уредиНа Скопскиот студентски процес (1927) бил осуден на 20 години затвор. Под притисок на домашната и на меѓународната јавност (Друштвото на народите) бил помилуван и пуштен на слобода (1931), но со забрана да живее и да работи во тогашна Вардарска Бановина. Работел како гимназиски професор по филозофија и психологија, како и латински, германски и француски јазик во Кикинда, Кралево и Чачак и како суплент на Универзитетот во Суботица.[1]
Втора светска војна
уредиПо распадот на Кралството Југославија,[1] односно окупацијата на Македонија (1941-1944) се вратил во Скопје[2] и се ставил во служба на бугарската окупаторска фашистичка власт, а во меѓувреме работел на докторската дисертација, која ја одбранил на Филозофскиот факултет во Загреб (1943), објавена на хрватски јазик.[1] Со група македонски интелекруалци влегувањето на бугарските окупаторски војски го поздравил како остварување на вековниот сон Македонија да се приклучи кон „мајка Бугарија“.[2] Кон крајот на 1942 година бил назначен за началник на Радио Скопје. По Ослободувањето на Скопје бил уапсен како соработник на окупаторот и од Воениот суд на Ⅳ воена област бил осуден на смрт).[1]