Група Чкатров - Ѓузелов

Групата Чкатров - Ѓузелов се состоела од македонска интелигенција со бугарска национална определба. Групата соработувала со бугарската администрација во Втората светска војна. Тие настојувале да ги наметнат со своите ставови кај бугарските окупаторски власти и да ги реализираат своите идеи, меѓутоа останале разочарани од односот на бугарскиот држава, која единствено гледала како да ги искористи нив за своите окупаторски цели, воопшто не обрнувајќи внимание на нивните ставови кои биле во спротивност со политиката на Бугарската влада.

Лево на десно Антон Козаров (најлево означен со број 1), Димитар Чкатров (број 3), бугарскиот министерот за внатрешни работи Петар Габровски (број 2), Петар Думев (број 4), Димитар Ѓузелов (број 5) со нацистички поздрав го пречекуваат бугарскиот окупатор.

Групата имала бугарска национална определба и врз таа основа ја остварувале соработката со Бугарската влада. Го прифаќале бугарскиот карактер на македонскиот народ, меѓутоа иднината на Македонија ја гледале во прогласувањето на автономна или независна македонска држава под протекторат на Третиот Рајх. Македонската држава требало да има бугарски карактер, а нејзиниот службен јазик требало да биде бугарскиот литературен јазик [1]. По истакнати членови на групата биле: Димитар Чкатров, Спиро Китанчев, Димитар Ѓузелов и други.

Извори

уреди
  1. ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА, СКОПЈЕ 2008