Богдан Филов
Богдан Димитров Филов (на бугарски: Богдан Димитров Филов; 10 април 1883, Стара Загора – 1 февруари 1945, Софија) — бугарски археолог, историчар на уметност и политичар.
Богдан Филов | |
---|---|
Премиер на Бугарија | |
На должноста 16 февруари 1940 – 9 септември 1943 | |
Монарх | Борис III (до 28 август 1943 г.) Симеон ІІ (28 август – 14 септември 1943) |
Претходник | Георги Ќосеиванов |
Наследник | Петар Габровски (в.д.) |
Лични податоци | |
Роден(а) | 10 април 1883 Стара Загора, Источна Румелија (денес Бугарија) |
Починал(а) | 1 февруари 1945 Софија, Бугарија | (возр. 61)
Партија | непартиец |
Сопружник | Евдокија Петева-Филова |
Тој бил претседател на Советот на министрите на Царството Бугарија за време на Втората светска војна. За време на неговиот премиерски мандат Бугарија станала седмата држава која се приклучила на Силите на Оската.