Тасос

остров во Егејска Македонија, Грција

Тасос или Тасо[1] (грчки: Θάσος) — остров, округ и општина во Егејска Македонија, близу до брегот на Западна Тракија и низината на реката Места. Најголемо населено место е Тасос (грч. (Λιμένας) Θάσου, Лименас Тасу). Денес е населен со грчко население, за разлика од претходниот мешан етнички состав. Сето македонско население е прогонето во Балканските војни.[2]

Тасос
Περιφερειακή ενότητα/Δήμος Θάσου
округ и општина
Тасос (Лименас)
Тасос (Лименас)
Карта на општина Тасос
Карта на општина Тасос
Координати: 40°41′N 24°39′E / 40.683° СГШ; 24.650° ИГД / 40.683; 24.650
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
СедиштеТасос (Лименас)
Површина
 • Вкупна379 км2 (146 ми2)
Население (2021)
 • Вкупно13.055
 • Густина34/км2 (89/ми2)
Пошт. бр.640 04
Повик. бр.25930
Рег. таб.ΚΒ
Мреж. местоthassos.gr

Општо

уреди
 
Сателитска снимка на Тасос од април 1993 г.

Највисоката точка на Тасос е планината Ипсарио, со 1.206 м. Главните земјоделски производи на островот се мед и маслиново масло, како и вино, а застапени се и одгледувањето на овци и кози, како и рибарството. Во другите гранки спаѓаат дрвосечачката индустрија и туризмот. Рударската индустрија вклучува олово, цинк и мермер, особено во областа Панагија каде што една од планините близу Тракиското Море има голем каменолом. На југот на островот пак, постоел каменолом во античките времиња. Најважната гранка од сите, сепак, е туризмот. Тасос има неколку училишта, лицеј, гиманизија, црква и плоштад.

Општина Тасос

уреди

Ова се општинските оддели и населените места во општината:

  • Општински оддел Тасос
  • Општински оддел Теологос
  • Општински оддел Калирахи
  • Општински оддел Лименарија
  • Општински оддел Мариес
  • Општински оддел Панагија
  • Општински оддел Потамија
  • Општински оддел Колиби
  • Општински оддел Булгаро
  • Општински оддел Сотирас

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Тасо“ Архивирано на 17 декември 2013 г. - Правопис на македонскиот јазик на он.нет
  2. Κωνσταντίνος Χιόνης, Η ΘΑΣΟΣ ΚΑΙ Η ΔΡΑΣΗ ΤΩΝ ΟΑΣΙΩΝ ΚΑΤΑ ΤΟ ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΟ ΑΓΩΝΑ, стр. 10-11 [1]