Закон за заштита на државата на Царство Бугарија
Закон за заштита на државата на Царство Бугарија ― правен акт изгласан во Народното собрание на Бугарија на 25 јануари, 1925 година, со кој што било озаконета репресијата врз учесниците на Септемвриското востание од 1923 година.[1]
Употреба на законот во период потоа
уредиВо март 1924 година, биле извршени измени на законот, при што биле зголемени санкциите за оние случаи во кои што имало предвидено смртна казна. Во 1941 и 1943 година биле извршени нови измени и дополнувања, со образложение дека законот не е доволно ефикасен во новосоздадените воени и политички услови во Бугарија.[1]
Со овие измени значително биле зголемени и дотогаш острите санкции и биле предвидени нови казни. Овој закон е применуван од страна на воено-преките судови при судењето на политичките затвореници во Македонија под бугарска окупација од 1941 до 1944 година.[1]