Дигитална земска телевизија во Македонија

Дигиталната земска телевизија во Македонија беше воведена во јуни 2013 година, со целосното исклучувањето на аналогниот сигнал. Процесот за премин кон целосно дигитално емитување на земската телевизија траеше четири години, започнувајќи во 2009 година со воведувањето на комерцијалната платформа „BoomTV“, како и пробното истовремено емитување на програмските сервиси на МРТ на дигитален мултиплекс.

DVB-T стандадот кој се користи за дигитално земско емитување во Македонија

Во 2023 година преку дигиталната земска мрежа на МРД и А1 Македонија се емитуваат шест програмски сервиси на МРТ, пет приватни национални телевизии и шест регионални телевизиски станици од кои четири во Д1 (Скопје), една во Д1 (Велес) и една во Д8.

Историја

уреди
Телевизиски спот од кампањата „Дигитализација. За подобра телевизија“ на Советот за радиодифузија

Во 2009 година операторот One, денес дел од А1 Македонија, ја лансираше платформата „BoomTV“ („A1 TV Lite“ од 2019), емитувајќи заклучени домашни и странски телевизиски програми преку три мултиплекси низ целата држава. Како дел од пакетите реформи за придружување на Европската Унија, дигиталната телевизија беше целосно воведена со гасење на аналогниот телевизиски сигнал на 1 јуни 2013 низ сите радиодифузни региони во државата.

Еднофреквентни региони

уреди

Територијата на Македонија е поделена на осум еднофреквентни региони за кои се доделени по осум DVB-T мрежи (мултиплекси). MUX 1, 2 и 3 се доделени на А1 Македонија на кои емитува заклучени програми за своите претплатници. MUX 4 и 5 се доделени на Македонската радиодифузија за емитување на програмските сервиси на Македонската радио-телевизија. MUX 6, 7 и 8 се предвидени за емитување на програмите на приватните телевизиски станици. На државно ниво на MUX 6 се емитуваат програмите на петте национални телевизии, а регионалните телевизии во секој еднофреквентен регион, освен Д1 (Скопје), се емитуваат на MUX 7. MUX 8 не е доделен.

 
Карта на радиодифузните региони во Македонија

      Платформа со платен пристап на А1 Македонија
      Доделен мултиплекс кој не се користи
      Недоделен мултиплекс

Фреквенција на канали по региони
Регион Места Мултиплекс Канал Честота
Д1 - Црн Врв Скопје Град Скопје, Сопиште, Арачиново, Зелениково, Чучер Сандево, Илинден, Петровец и Студеничани     MUX 4 23 490 MHz
  MUX 5 52 722 MHz
  MUX 6 33 570 MHz
  MUX 1 26 514 MHz
  MUX 2 28 530 MHz
  MUX 3 30 546 MHz
  MUX 6 40 626 MHz
  MUX 7 47 682 MHz
Д1 - Црн Врв Велес Градско, Велес, Неготино, Чашка, Росоман, Кавадарци, Свети Николе, Демир Капија и Лозово     MUX 4 23 490 MHz
  MUX 5 52 722 MHz
  MUX 6 40 626 MHz
  MUX 7 47 682 MHz
  MUX 1 26 514 MHz
  MUX 2 28 530 MHz
  MUX 3 30 546 MHz
Д2 - Страцин Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Ранковце, Крива Паланка и Кратово     MUX 4 37 602 MHz
  MUX 5 42 642 MHz
  MUX 6 50 706 MHz
  MUX 1 21 474 MHz
  MUX 2 41 634 MHz
  MUX 3 46 674 MHz
  MUX 7 56 754 MHz
Д3 - Туртел Пробиштип, Кочани, Македонска Каменица, Штип, Чешиново, Облешево, Карбинци, Зрновци, Виница, Делчево, Пехчево и Берово     MUX 4 24 498 MHz
  MUX 5 39 618 MHz
  MUX 6 38 610 MHz
  MUX 1 22 482 MHz
  MUX 2 32 562 MHz
  MUX 3 43 650 MHz
  MUX 7 55 746 MHz
Д4 - Боскија Струмица, Радовиш, Конче, Василево, Босилово, Ново Село, Дојран, Богданци, Валандово и Гевгелија     MUX 4 34 578 MHz
  MUX 5 41 634 MHz
  MUX 6 50 706 MHz
  MUX 1 21 474 MHz
  MUX 2 37 602 MHz
  MUX 3 49 498 MHz
  MUX 7 54 738 MHz
Д5 - Пелистер Битола, Прилеп, Новаци, Могила, Кривогаштани, Долнени, Крушево, Демир Хисар, Ресен, Кичево, Македонски Брод и Пласница     MUX 4 22 482 MHz
  MUX 5 37 602 MHz
  MUX 6 38 610 MHz
  MUX 1 25 506 MHz
  MUX 2 29 538 MHz
  MUX 3 33 570 MHz
  MUX 7 42 642 MHz
Д6 - Мали Влај Охрид, Струга, Вевчани и Дебарца   MUX 4 26 514 MHz
  MUX 5 36 594 MHz
  MUX 6 44 658 MHz
  MUX 1 32 562 MHz
  MUX 2 39 618 MHz
  MUX 3 41 634 MHz
  MUX 7 50 706 MHz
Д7 - Стогово Центар Жупа, Дебар, Маврово и Ростуша     MUX 4 28 530 MHz
  MUX 5 43 650 MHz
  MUX 6 31 554 MHz
  MUX 1 51 714 MHz
  MUX 2 57 762 MHz
  MUX 3 59 778 MHz
  MUX 7 35 586 MHz
Д8 - Попова Шапка Тетово, Гостивар, Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Желино, Јегуновце и Теарце     MUX 4 27 522 MHz
  MUX 5 36 594 MHz
  MUX 6 41 634 MHz
  MUX 7 50 706 MHz
  MUX 1 24 498 MHz
  MUX 2 34 578 MHz
  MUX 3 38 610 MHz

Дополнителни мултиплекси

уреди

Во сите радиодифузни региони постиои можност за доделување на осми мултиплекс, кој би бил наменет за пренос на програми на комерцијални телевизиски станици. Во одредени региони потенцијалниот број на мултиплекси е 10. Следната табела ги содржи сите потенцијални фреквенции кои се распределени на осумте радиодифузните региони, вкучувајќи го и подрегионот Д9 - Град Скопје (подрегион на Д1 - Црн Врв Скопје). На табелата не се прикажани фреквенциите кои се распределени, но припаѓаат на електромагнетниот спектар предвиден за LTE бежични широкопојасни телекомуникации (790-862 MHz, односно девет канали во UHF појасот).[1]

Дополнителни фреквенции кои можат да се доделат во одредени региони
Регион Мултиплекс Канал Честота
Д1 - Црн Врв   MUX 8 53 730 MHz
Д2 - Страцин   MUX 8 60 786 MHz
Д3 - Туртел   MUX 8 44 658 MHz
  MUX 9 58 770 MHz
Д4 - Боскија   MUX 8 57 762 MHz
Д5 - Пелистер   MUX 8 46 674 MHz
  MUX 9 58 770 MHz
  MUX 10 60 786 MHz
Д6 - Мали Влај   MUX 8 52 722 MHz
Д7 - Стогово   MUX 8 21 474 MHz
  MUX 9 37 602 MHz
  MUX 10 47 682 MHz
Д8 - Попова шапка   MUX 8 55 746 MHz
  MUX 9 56 754 MHz
Д9 - Град Скопје   MUX 5 48 690 MHz
  MUX 1 25 506 MHz
  MUX 3 37 602 MHz
  MUX 6 51 714 MHz
  MUX 7 57 762 MHz

Јавно достапни мултиплекси

уреди

Национално ниво

уреди
Достапни програми
Мултиплекс Програма Вид Формат на слика Јазик
  MUX 4 МРТ 1   колажен 576i (SD) македонски
МРТ 2   колажен 576i (SD) албански
МРТ собраниски канал   собраниски сервис 576i (SD) македонски
МРТ 3   спорт и забава 576i (SD) македонски
МРТ 5   детски 576i (SD) македонски
МРТ 4   колажен 576i (SD) јазици на заедниците
  MUX 5 МРТ 1   колажен 1080i (HD) македонски
МРТ 2   колажен 1080i (HD) албански
МРТ собраниски канал   собраниски сервис 1080i (HD) македонски
  MUX 6 Алсат М   колажен 576i (SD) македонски
и албански
Алфа ТВ   колажен 576i (SD) македонски
Канал 5   колажен 576i (SD) македонски
Сител   колажен 576i (SD) македонски
Телма   колажен 576i (SD) македонски

Регионално ниво

уреди

Д1 - Црн Врв (Скопје)

уреди
Дополнителни регионални програми
Мултиплекс Програма Вид Формат на слика Јазик Место
  MUX 6 ТВ Едо   колажен 576i (SD) македонски Скопје
ТВ ЕРА   колажен 576i (SD) албански
МТМ 1 Скопска   колажен 576i (SD) македонски
Б1 ТВ   колажен 576i (SD) македонски
и ромски

Д1 - Црн Врв (Велес)

уреди
Дополнителни регионални програми
Мултиплекс Програма Вид Формат на слика Јазик Место
  MUX 7 КТВ Телевизија   колажен 576i (SD) македонски Кавадарци

Д8 - Попова Шапка

уреди
Дополнителни регионални програми
Мултиплекс Програма Вид Формат на слика Јазик Место
  MUX 7 ТВ Коха   колажен 576i (SD) албански Тетово

A1 TV Lite

уреди
 
Уред за прием и дешифрирање на сигналите на А1 Македонија

A1 TV Lite е платформа на А1 Македонија за дигитална телевизија која ги користи првите три мултиплекси за емитување на шифриран сигнал со програми до крајните корисници. Воведена е во 2009 година под името BoomTV.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „ФИНАЛЕН ДОКУМЕНТ ЗА ПРВА АНАЛИЗА НА ПАЗАР 13 – ПРЕНОС НА РАДИОДИФУЗНИ СОДРЖИНИ ДО КРАЈНИ КОРИСНИЦИ“. АЕК. 3 април 2015. Архивирано од изворникот на 28 јуни 2023. Посетено на 28 јуни 2023. line feed character во |title= во положба 36 (help)
  2. „Безжична телевизија со A1 TV Lite“. А1 Македонија. Посетено на 28 јуни 2023.

Надворешни врски

уреди

ЈП „Национална радиодифузија“