А1 Македонија — македонско акционерско друштво од областа на телекомуникациите.

Историја

уреди

Во октомври 2015 година официјално започнала со работа новото трговско друштвоОне.Вип“ настанато со спојување на двата оператора „Оне“ и „Вип“. Притоа, во новата фирма, Телеком Австрија поседувала 55% од акциите, додека 45% биле во сопственост на Телеком Словенија.[1] Во 2019 година, името на „Оне.Вип“ било променето во „А1 Македонија“.

Организација и менаџмент

уреди

Главни извршни директори на А1 Македонија биле:

  • Методија Мирчев[2]

Активности

уреди

„А1 Македонија“ нуди услуги во мобилната телефонија, фиксната телефонија, телевизијата и информациско-комуникациската технологија (A1 Cloud Mesaaging, виртуелниот приватен сервер A1 VPS, виртуелната клауд инфраструктура Exoscale, апликацијата за масовно испраќање СМС-пораки итн.). Исто така, во 2020 година, „А1 Македонија“ ги претставила првата виртуелна продавница на македонскиот пазар за мобилна телефонија - „А1 Лајв шоп“ (A1 Live Shop), како и „Славчо“, виртуелниот експерт заснован врз вештачка интелигенција.[2]

Наводи

уреди
  1. „Оне.Вип официјално стартуваше со работа“, Економија и бизнис, година 18, број 208, октомври 2015, стр. 10.
  2. 2,0 2,1 Кирко Бошкоски, Интервју со Методија Мирчев, „Нашите корисници се нашата инспирација“, Економија и бизнис, година 22, број 266, октомври 2020, стр. 12-17.