Ростуше

село во Општина Маврово и Ростуше
(Пренасочено од Ростуша)

Ростуше или Ростуша — село и административно седиште на Општина Маврово и Ростуше, во областа Долна Река, во околината на градот Дебар.

Ростуше
Ростуша

Поглед на селото од црквата „Успение на Пресвета Богородица“

Ростуше во рамките на Македонија
Ростуше
Местоположба на Ростуше во Македонија
Ростуше на карта

Карта

Координати 41°36′36″N 20°36′0″E / 41.61000° СГШ; 20.60000° ИГД / 41.61000; 20.60000
Регион  Полошки
Општина  Маврово и Ростуше
Област Долна Река
Население 708 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1254
Повик. бр. 042
Шифра на КО 07068
Надм. вис. 720 м
Ростуше на општинската карта
Податотека:Ростуше во Општина Маврово и Ростуша.svg

Атарот на Ростуше во рамките на општината
Ростуше на Ризницата

Потекло на името

уреди

Името на селото Ростуше првпат се споменува како Радостоуше во 1426 година. Низ годините самото име претрпувало измени. Постојат повеќе мислења за тоа како е настанато самото име:[2]

  • Придавно образување од личното име Радост или Радостух
  • Од самото Радостоуше што може да значи „место на тешко достапно брдо“ или „тешко достапно место“

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед на долниот дел од селото

Селото се наоѓа во областа Долна Река, во западниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, непосредно од десната страна на реката Радика и недалеку од патот Гостивар-Дебар.[3] Селото е ридско-планинско, сместено на надморска височина од 720 метри.[3]

Селото е сместено на пониска тераса, на десната страна на реката Радика.[4] Оддалечено е 19 километри североисточно од Дебар и 52 километри југоисточно од Гостивар.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Чука, Пардији, Рамна Ливада, Добје, Газ, Вирови, Меденица, Дупен Камен, Требишка Рупа, Стара Фурна, Каштел, Драга, Уталник, Чука, Речиште, Лок, Анешница, Поље, Ливадишта, Црвеница, Подкладник, Гранцов Лаз, Катуништа, Велоица, Кушелица, Денкова Ливада, Олец и Гумништа.[4]

Во селото постојат изворите: Рамова Чесма, Изворница, Крајишта, Бигорец и Двораник.[4]

Селото има збиен тип и се дели на краеви. Оддалеку може да изгледа дека е споено со соседното Велебрдо.[4]

Во непосредна близина на селото, односно на левиот брег од реката Радика, се наоѓа и познатиот Бигорски манастир.

Поради стрмниот предел, селото е изложено на опасност од свлечишта. Во близина на селото е активно и свлечиштето „Велебрдо“, кое последен пат било активно во периодот 1996-1999.[5]

Историја

уреди

По предание за селото се верува дека некогаш на неговото место се наоѓал манастир „Св. Богородица“. Откако манастирот замрел и бил пренесен во Бигорскиот, црквата била претворена во џамија. Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ била возобновена повторно како црква во 1912 година.[4]

Во XIX век, Ростуше било село во Реканската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[6]

Стопанство

уреди

Селото зафаќа простор од 15,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина 1.109 хектари, пасиштата заземаат 261 хектар, додека на обработливото земјиште отпаѓаат само 63 хектари.[3]

Селото, во основа, нема некоја развиена аграрна функција.[3]

Население

уреди
 
Поглед на селото
Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.029—    
19531.248+21.3%
1961825−33.9%
1971908+10.1%
1981889−2.1%
ГодинаНас.±%
1991930+4.6%
1994919−1.2%
2002872−5.1%
2021708−18.8%

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ростуше било село со 200 домаќинства и 401 жител.[7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ростуше живееле 870 жители, сите Македонци, од кои 610 муслимани и 260 христијани.[8] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ростуше имало 272 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[9]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ростуше се води како македонско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 174 куќи.[10]

Според статистика на весникот „Дебарски глас“ во 1911 година во Ростуше имало 39 македонски егзархиски и 190 муслимански куќи.[11]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 850 Македонци.[12]

Селото е големо со пораст на населението. Во 1961 година, селото броело 825 жители, од кои 400 биле Македонци, 391 Турчин и 14 жители Албанци. Во 1994 година, бројот се зголемил на 919 жители, од кои 509 биле Турци, 293 Македонци, 25 Албанци и 92 останати.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Ростуше живееле 872 жители, од кои:[13]

* Жителите кои се изјасниле како Албанци и Турци, всушност претставуваат Македонци со исламска вероисповед, бидејќи најголем дел од нив се изјасниле дека македонскиот јазик им е мајчин.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 708 жители, од кои 197 Македонци, 22 Албанци, 323 Турци, 1 Ром, 1 Србин, 129 останати и 35 лица без податоци.[14]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Ростуше:

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 1.029
1953 1.076 14 139 0 0 5 14 1.248
1961 400 14 391 6 14 825
1971 495 18 353 0 1 41 908
1981 408 19 45 15 0 1 401 889
1991 274 23 177 0 1 0 455 930
1994 293 25 509 0 0 0 92 919
2002 397 41 427 0 0 0 2 5 872
2021 197 22 323 1 0 1 0 129 35 708

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови

уреди

Во Ростуше отсекогаш живееле Македонци. Според записите на Томо Смилјаниќ - Брадина на почетокот на XX век во Ростуше живееле следните македонски муслимански и христијански родови: Лајсовци (13 к.), Томовци (9 к.), Рамовци (16 к.), Дулевци, Амзовци (15 к.), Кадриовци, Асанковци (8 к.), Мицановци (10 к.), Мицовци, Симоновци, Младеновци, Синановци (30 к.), Исмаиловци, Адиловци, Беќировци, Румундовци (10 к.), Арифовци, Лилевци (10 к.), Селмановци, Оручовци, Аловци (30 к.), Оџевци и Асановци.[4]

Општествени установи

уреди

Како развиено село и седиште на општина, Ростуше поседува бројни општествени установи:

Општествени установи во селото

Самоуправа и политика

уреди
 
Грб на поранешната Општина Ростуше.

Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото било седиште на поранешната истоимена општина, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Маврови Анови, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на општина Ростуше се наоѓало во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на Општина Ростуше, во која покрај Ростуше се наоѓале и Аџиевци, Битуше, Велебрдо, Галичник, Јанче, Присојница, Сушица и Требиште. Во периодот 1950-1952 година, селото било седиште на Општина Ростуше, во која влегувале селата Битуше, Велебрдо и Ростуше.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0469 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место се опфатени и селата Болетин и Сушица.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 854 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Црквата „Св. Јован Крстител“, главната манастирска црква на Бигорскиот манастир
Археолошки наоѓалишта[17]
Цркви[18]
Манастири
Џамии[18]
Споменици на културата

Во селото Ростуше според евиденцијата во Регистарот на културно наследство на Управата за заштита на културното наследство на Македонија (УЗКН) прогласени се три објекти како споменици на културата и со тоа за културно наследство на Македонија:

Спомен-плочи
  • Спомен-плоча за загинатите во НОБ
Реки[21]
Водопади
Културни и природни знаменитости во селото

Личности

уреди
Родени во Ростуше

Иселеништво

уреди

Дел од населението е на привремено работа во странство, најмногу во Италија.[22]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 152-153. ISBN 978-608-220-026-2.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 262. Посетено на 11 мај 2020.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Смиљаниќ; Тома (1925). Mijaci, Gorna Reka i Mavrovsko Polje. Белград: Српска кралска академија. OCLC 28398861.
  5. Група автори (2016). „Свлечишта“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 72. ISBN 978-9989-110-90-0.
  6. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  7. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 174-175.
  8. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 263.
  9. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рp. 184-185.
  10. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 48.
  11. Дебърски глас, година 2, брой 38, 3 април 1911, стр. 2.
  12. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  13. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 мај 2020.
  14. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 11 мај 2020.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2021-01-31. Посетено на 11 мај 2020.
  17. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  18. 18,0 18,1 Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  19. „Поставен крстот на Успенскиот храм во Ростуше“. Бигорски манастир. 15 август 2012. Посетено на 2012-08-15.
  20. „Цркви“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2013-06-20. Посетено на 2011-02-13.
  21. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 62. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  22. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Ротатории“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1283. Text "series " ignored (help)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди