МРТ 2
МРТ 2 — вториот канал на Македонската радио-телевизија. Основана е на 6 март 1978 година како втора програма на Телевизија Скопје. Од 16 април 2020 година се емитува комплетно програма на албански јазик.
МРТ 2 | |
---|---|
Логотип на вториот програмски сервис на МРТ | |
Отпочната | 6 март 1978 |
Сопственик | Македонска радио-телевизија |
Формат на слика | 16:9 1080i (намалено на 576i за SD емитување) |
Држава | Македонија |
Јазик | албански |
Област на емитување | Македонија |
Седиште | Бул. Гоце Делчев б.б., 1000 Скопје |
Претходно име | ТВ Скопје 2 (1978-1991) МТВ 2 (1991-2012) |
Сестрински канал(и) | МРТ 1 МРТ 2 МРТ 3 МРТ 4 МРТ 5 МРТ собраниски канал МРТ Сат МРТ 2 Сат |
Веб-страна | al.mrt.com.mk |
Достапност | |
Терестријална телевизија | |
MUX 4 | Канал 2 (SD) |
MUX 5 | Канал 2 (HD) |
Кабелска телевизија | |
Локални кабелски оператори | Вообичаено Канал 2 |
IPTV | |
Max TV | Канал 20 (HD) |
neoTV | Канал 2 (HD) |
Семрежно емитување | |
MRT Play | Гледај во живо |
MaxTV GO | Гледај во живо (Само за корисници на Македонски Телеком) |
A1 Web TV | Гледај во живо (Само во Македонија) |
Историја
уредиНа 6 март 1978 година Телевизија Скопје започнува да емитува своја Втора програма. Таа се емитува еднаш неделно, секој понеделник, а подоцна и во средите, во траење од четири часа, целосно во боја. Втората програма е алтернативна и комплементарна на Првата, со емисии од сите жанрови што се подготвуваат во двата сектора за информативно-документарни и за културно-уметнички емисии. Одговорен уредник на Втората програма бил Зоран Вангелов. Инаку, во другите денови и во времето кога не емитувала свои содржини, на вториот канал се преземале директно програми од другите југословенски телевизиски центри.
Од 1994 г. на Вториот канал се емитува програма на немнозинските заедници во Република Македонија. На него се емитува програма на албански јазик, на турски јазик, како и емисиите на српски, ромски, влашки и босански јазик.
Од 2020 година на МРТ 2 се емитува програма ислкучиво на албански јазик. Сите останати програми на малцинските јазици преминуваат на МРТ 4.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |