Менингитис
Менингитисот претставува воспаление на мозочните обвивки. Спрема етиологијата постојаат различни видови на менингитиси и тоа :
- Епидемичен;
- Гноен;
- Туберкулозен;
- Серозен и др.
Менингитис | |
---|---|
Менингите на централниот нервен систам: dura mater, arachnoidea и pia mater. | |
Специјалност | Инфектологија, неврологија |
Симптоми | Треска, главоболка, вкочанетост на вратот[1] |
Компликации | Глувост, епилепсија, хидроцефалус, когнитивен дефицит[2][3] |
Причинители | Вирусни, бактериски, други[4] |
Дијагностички метод | Лумбална пункција[1] |
Диференцијална дијагноза | Тумор на мозок, лупус, Лајмска болест, напади, невролептичен злоќуден синдром,[5] неглеријаза[6] |
Спречување | Вакцинација[2] |
Лекови | Антибиотици, антивиротици, стероиди[1][7][8] |
Честота | 8.7 милиони (2015)[9] |
Смртни случаи | 379,000 (2015)[10] |
Во 2015 години околу 8.7 милиони луѓе во светот развиле менингитис.[9] Ова резултирало со 379,000 смртни случаи – што претставува намалување од 464,000 смртни случаи во 1990 година.[10][11] Со соодветен третман ризикот од смрт кај бактериски менингитис е помал од 15%.[1] Секоја година во периодот помеѓу декември и јуни во регионот на Потсахарска Африка, познат како менингеален појас, се случуваат епидемии на бактериски менингитис.[12] Помали епидемии се појавуваат и во други краеви во светот.[12] Зборот менингитис доаѓа од старогрчкиот збор μῆνιγξ менинкс, „мембрана“ и медицинската наставка -итис, кој означува „воспаление“.[13][14]
Заеднички симптоми
уредиПостојаат заеднички симптоми за сите видови на менингитиси, но секоја група на менингитис се одликува со посебни симптоми. Заедничката клиничка слика е позната како менингеален синдром. Симптомите под кој тој се јавува се следните:
- Главоболие
Главоболието претставува редовен симпптом кој го придружува менингеланиот синдром. Главоболието е мошне интензивно и секое напрегање или движење на главата предизвикува засилување на болката. Главоболието е дифузно, но најмногу е сместено на челото и пределот на вратот.
- Повраќање
Се јавува доста често и независно од внесената храна. Натанува ненадејно и без некој повод. По повраќањето не постои олеснување.
- Закоченост на вратот
Се јавува како еден од првите симптоми на менингитисот. Се добива со гфлексија на вратот спрема напред при тоа главата не може да се свитка нанапред.
- Знакот на Керниг
Ако болен кој лежи на грб му се подигнаат нозете и му се стваат под прав агол се јавуваат болки и ограничување во изведувањето на оваа флексија. Знакот на Керниг може да се изведе и на друг начин т.е ако болниот се подигне од лежечка положба во седечка не ќе може да седне под прав агол од деведесет степени со испружени нозе, и ќе настане флексија во колената.
- Феномен на Бруџински
Се разликуваат две проби горен и долен бруџински:
- Долен Бруџински
Долниот Бруџински се добива со пасивно свиткување на едната нога во колкот и коленото, при тоа доаѓа во флексија на спротивната нога.
- Горен Бруџински
Се добива кога болниот лежи на грбот и пасивно му се флексира главата кон напред, во случај на позитивен симптом доаѓа до флексија на нозете.
- Фотофобија
Сите заболени од оваа болест покажуваат зголемена осетливост спрема светлина, светлосни дразби.
- Ликворски наод
Ликворскиот наод е е скоро секогаш изменет.
Терапија
уредиЕмпириска терапија (без да биде познат причинителот) треба да се започне веднаш, дури и пред да бидат познати резултатите од лумбалната пункција и анализата на ЦСТ. Изборот на иницијален третман зависи во голема мера од видот на бактериите кои се причинители на менингитис во одредено место и кај одредено население. На пример, во Велика Британија, емпириската терапија се состои од трета генерација на цефалоспорин како што се цефотаксим или цефтриаксон.[15][16] Во САД, каде што резистенцијата на стрептококи кон цефалоспорини е поголема, се препорачува и ванкомицин во иницијалната терапија.[3][8][15]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Bacterial Meningitis“. U.S. Centers for Disease Control and Prevention (CDC). 1 April 2014. Архивирано од изворникот 5 March 2016. Посетено на 5 March 2016.
- ↑ 2,0 2,1 Sáez-Llorens X, McCracken GH (June 2003). „Bacterial meningitis in children“. Lancet. 361 (9375): 2139–48. doi:10.1016/S0140-6736(03)13693-8. PMID 12826449. S2CID 6226323.
- ↑ 3,0 3,1 van de Beek D, de Gans J, Tunkel AR, Wijdicks EF (January 2006). „Community-acquired bacterial meningitis in adults“. The New England Journal of Medicine. 354 (1): 44–53. doi:10.1056/NEJMra052116. PMID 16394301.
- ↑ Ginsberg L (March 2004). „Difficult and recurrent meningitis“. Journal of Neurology, Neurosurgery, and Psychiatry. 75 Suppl 1 (90001): i16–21. doi:10.1136/jnnp.2003.034272. PMC 1765649. PMID 14978146.
- ↑ Ferri, Fred F. (2010). Ferri's differential diagnosis : a practical guide to the differential diagnosis of symptoms, signs, and clinical disorders (2. изд.). Philadelphia, PA: Elsevier/Mosby. стр. Chapter M. ISBN 0323076998.
- ↑ „Primary amebic meningoencephalitis--Arizona, Florida, and Texas, 2007“. MMWR. Morbidity and Mortality Weekly Report. 57 (21): 573–7. May 2008. PMID 18509301.
- ↑ „Viral Meningitis“. U.S. Centers for Disease Control and Prevention (CDC). 26 November 2014. Архивирано од изворникот 4 March 2016. Посетено на 5 March 2016.
- ↑ 8,0 8,1 Tunkel AR, Hartman BJ, Kaplan SL, Kaufman BA, Roos KL, Scheld WM, Whitley RJ (November 2004). „Practice guidelines for the management of bacterial meningitis“. Clinical Infectious Diseases. 39 (9): 1267–84. doi:10.1086/425368. PMID 15494903.
- ↑ 9,0 9,1 „Global, regional, and national incidence, prevalence, and years lived with disability for 310 diseases and injuries, 1990-2015: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2015“. Lancet. 388 (10053): 1545–1602. October 2016. doi:10.1016/S0140-6736(16)31678-6. PMC 5055577. PMID 27733282.
- ↑ 10,0 10,1 „Global, regional, and national life expectancy, all-cause mortality, and cause-specific mortality for 249 causes of death, 1980-2015: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2015“. Lancet. 388 (10053): 1459–1544. October 2016. doi:10.1016/s0140-6736(16)31012-1. PMC 5388903. PMID 27733281.
- ↑ GBD 2013 Mortality Causes of Death Collaborators (January 2015). „Global, regional, and national age-sex specific all-cause and cause-specific mortality for 240 causes of death, 1990–2013: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2013“. Lancet. 385 (9963): 117–71. doi:10.1016/S0140-6736(14)61682-2. PMC 4340604. PMID 25530442.
- ↑ 12,0 12,1 „Meningococcal meningitis Fact sheet N°141“. WHO. November 2015. Архивирано од изворникот на 5 March 2016. Посетено на 5 March 2016.
- ↑ Mosby's pocket dictionary of medicine, nursing & health professions (6. изд.). St. Louis: Mosby/Elsevier. 2010. стр. traumatic meningitis. ISBN 978-0323066044. Архивирано од изворникот на 10 September 2017.
- ↑ Liddell HG, Scott R (1940). A Greek-English Lexicon. μῆνιγξ. Oxford: Clarendon Press. Архивирано од изворникот на 8 ноември 2013.
- ↑ 15,0 15,1 Chaudhuri A, Martinez-Martin P, Martin PM, Kennedy PG, Andrew Seaton R, Portegies P, Bojar M, Steiner I (July 2008). „EFNS guideline on the management of community-acquired bacterial meningitis: report of an EFNS Task Force on acute bacterial meningitis in older children and adults“. European Journal of Neurology. 15 (7): 649–59. doi:10.1111/j.1468-1331.2008.02193.x. PMID 18582342. S2CID 12415715.
- ↑ Heyderman RS, Lambert HP, O'Sullivan I, Stuart JM, Taylor BL, Wall RA (February 2003). „Early management of suspected bacterial meningitis and meningococcal septicaemia in adults“ (PDF). The Journal of Infection. 46 (2): 75–77. doi:10.1053/jinf.2002.1110. PMID 12634067. Архивирано од изворникот (PDF) на 25 July 2011. – formal guideline at „Early management of suspected meningitis and meningococcal septicaemia in immunocompetent adults“. British Infection Society. December 2004. Архивирано од изворникот 19 October 2013. Посетено на 19 October 2008.
Надворешни врски
уредиКласификација | |
---|---|
Надворешни извори |