Лиепаја
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Лиепаја (латвиски: Liepāja; руски: Лиепая, порано Либава, Либау; литвански: Liepoja; германски: Libau; полски: Lipawa) — трет по големина град во Летонија, сместен во југозападниот дел од државата. Градот ја сочинува и самосталната градска општина.
Градско пристаниште во Лијепаје | |||
|
|||
Mестоположба | |||
---|---|---|---|
Општи податоци | |||
Име | Лиепаја | ||
Портал | liepaja.lv | ||
Управа | |||
Земја | Латвија | ||
Градоначалник | Улдис Сескс | ||
Географија | |||
Население | |||
Население | 78144 жители година: | ||
Густина | 1.294 ж./km² |
Лиепаја е позната како второ по важност пристаниште во државата, после Рига, кое за разлика од неа во текот на зимата не се заледува.
Името на градот потекнува од летонскиот збор за виолетова. Овде се наоѓа ФК Лиепаја.
Географија
уредиГрадот Лиепаја е сместен на југозапад од Летонија, блиску до државната граница со Литванија (30 km). Од главниот град Рига, Лиепаја е оддалечен 220 км западно.
Релјеф: Лиепаја се наоѓа во историската покраина Курландија. Градот се образувал околу устието на реката Лива во Балтичкото Море. Градот се наоѓа во рамничарски предел, на 5-7 метри надморска височина.
Клима: Во Лиепаја преовладува континентална клима.
Води: Градот Лиепаја се образувал околу устието на реката Лива во Балтичко Море. Реката го сочинува и езерото Лиепаја во околината на градот, градот истовремено излегува на море, река и езеро.
Историја
уредиПодрачјето на Лиепаја било населено уште во времето на предисторијата. Денешната населба под германското име Либау ја основале германски витези тевтонци во 1263 година. Во 1626 година градот бил приклучен на Државната заедници на Полска и Литванија. Во 1795 година градот го зазема Руската Империја и го менува името во Либава. Во 19 век градот доживува привреден процврат.
Во 1918 година Лиепаја се приклучува на новооснованата Летонија. Во 1940 година била приклучена на СССР, но подоцна потпаднал во рацете на Третиот рајх (1941-1945). По војната градот бил во состав на Летонска ССР, да со повторното воспоставување на летонската независност од 1991 година се нашол во границите на Летонија.
Население
уредиСо приближно 85 илјади жители Лиепаја е трет град по големина во Летонија. Меѓутоа, од времето на независноста (1991 година) бројот на населението чувствително опаднал (1989 - 115 илјади ст.). Постојат неколку причини за ова – иселувањето на Русите и другите „советски“ народи во матицата, заминувањето на младите во странство или во Рига поради бесперспективноста и невработеноста, негативен прираст.
Етнички состав: Матични Летонци сочинуваат нешто повеќе од половината од градското население. Националниот состав е следниот:
Стопанство
уредиЛиепаја бил и останал многу важно пристаниште во Летонија, веднаш после Рига. Предноста на пристаништето е тоа што во текот на зима не е под лед (за разлика од ришкото пристаниште).
Градови побратими
уреди- БЛР Гомељ
Партнерски градови
уредиГалерија
уреди-
Руска православна катедрала
-
Лутеранска Црква св. Ана
-
Градски трговски центар
-
Советски блокови