Руска граѓанска војна
Руската граѓанска војна — се водела во периодот од 1917 до 1923 година. По успехот во Октомвриската револуција, новата руска болшевичка влада решила да воспостави мир со Германија, како што му ветила на рускиот народ пред револуцијата. Брест-Литовскиот договор бил подпишан на 6 март 1918 година. Мирот бил единствен избор за болшевиците, бидејќи руската армија била во хаос кога Германците напредувале во февруари 1918 година.
Поголемиот дел од војната завршил во 1920 година, но значајни конфликти продолжиле до 1922 година.
Преглед
уредиГраѓанската војна се водела помеѓу Црвената армија која ја сочинувале комунистите и револуционерите и Белата армија која ја сочинувале монархистите, конзервативците, либералите и дел од социјалистите кои се противеле на револувијата. Црната армија одиграла мала улога во војната, напаѓајќи ги понекогаш црвените а понекогаш белите сили. Антантата застанала на страната на Белата армија.
Граѓанската војна се водела на три фронта: источен, јужен и северозападен. Целиот конфликт може да се подели на три периоди. Првиот период траел од Октомвриската револуција до примирјето. Кон крајот на ноември 1917 година, болшевиците потпишале договор според кој козачките традиционални земји ќе бидат управувани од страна на земјата. Ова предизвикало незадоволство и подуна во Донскиот реон. По склучувањето на Брест-Литовскиот договор, голем број од сојниците во Антантата започнале да ги помагаат Белите. Вториот период бил клучен за граѓанската војна, и истиот траел од јануари до ноември 1919 година. Во почетокот голем успех бележиле Белите, а Црвената армија била потиснета на сите три фронта. Но Лав Троцки ја реорганизирал Црвената армија и ги повратил изгубените територии. Кон средината на ноември, Белата армија била скоро целосно уништена. Во третиот период, Белата армија започнала опсада на Крим на чело со Петар Врангел. По враќањето на Црвената армија од Полска, Белата армија била повторно поразена, а голем дел од војниците биле евакуирани во Истанбул 1920 година.
Тек
уредиПрвиот обид за отстранување на болшевичката власт бил од страна на Александар Керенски во т.н. Керенска офанзива во 1917 година. Првите војници кои се бориле против болшевиците биле Козаците кои јавно изјавиле дека ја поддржуваат Привремената влада.Во ноември, генералот Михаил Алексеев започнал да ја организира армијата во Новочеркаск. Во декември му се придружил и Лавр Корнилов. Овие сили се бориле на територијата на Украина. Козаците успеале да го заземат Ростов во декември 1917 година.
1918
уредиСо потпишувањето на Брест-Литовскиот договор, Русија се повлекла од војната а Германија добила контрола над поголемиот дел од западна Русија. Британците и Французите ја снабдувале Русија со воени материјали и пари. По потпишувањето на договорот се сметало дека голем дел од оваа помош паднало во рацете на Германија.
Во пролетта на 1918 година, меншевиците и социјалистите револуционери се здружиле во вооружената борба против болшевиците. Тие на почетокот биле против војната со болшевиците, но потпишувањето на мировниот договор и воспоставувањето на диктатотските мерки придонело да го променат својот став. Во тоа време тие ја имале најголемата прилика за зазимање на власта бидејќи имале голема популарност и авторитет кое се докажало на изборите во 1918 година. Сепак, најголем проблем бил тоа што не поседувале со војска. Раните обиди на социјалистите револуционери да ги регрутираат летонските војници во јули 1918 година биле неуспешни. На нивна среќа, Чешката легија им дала поддршка.
Претходно, Чешката легија била дел од руската армија до октомври 1917 година, и броела околу 30.000 војници. Поголемиот број од нив биле поранешни воени заробеници и дезертери од австроунгарскатс војска. Легијата била преименувана во Чехословачки армиски корпус и се стремила кон продолжување на борбите против Германците. Нивните сили ги разоружиле на болшевичките војници во Чељабинск во јуни 1918 година. По еден месец Чешката легија ја зазела Транссибирската железница и Бајкалското Езеро до планината Урал. Во август бил заземан Екатеринбург.
Меншевците и социјалистите го поддржувале селското население во намерата на советите да се наложи контрола врз залихите на храна. Во мај 1918 година, со помош на Чешката легија биле заземани Самара и Саратов.
Исто така биле основани конзервативни и националистички влади од страна на Башкирите, Киргизите и Татарите, како и Сибирска привремена влада во Омск. Во септември 1918 година, сите антисоветски влади се состанале во Уфе и се договориле да основаат нова привремена влада во Омск, на чие чело би застанал Директориум од пет членови: три социјалистички ревлолуционери и два кадети.
Новата влада многу бргу паднала под влијание на министерот за војна, Александар Колчак. На 18 ноември превратот го воспоставил Колчак како дикратор. Членовите на Директориумот биле уапсени, а Колчак бил назначен за Врховен господар на Русија. Самиот Колчак се докажал како неефикасен водач и политичар, а освен тоа тој не се слагал со водачите на Чешката легија како најсилна воена формација во реонот.
За советите, појавата на Колчак означувала политичка победаа, бидејќи претходните настани нивните противници ги декларирале како антидемократи. Во јули двајца социјалисти револуционери го убиле германскиот амбасадот во Москва со цел да ја испровоцираат Германија да го обнови непријателството и да започне нов напад. Други пак активисти на оваа партија се обиделе војниците од Црвената армија да ја насочат против болшевиците, но сето ова било неуспешно. Ленин се извинил на Германија поради убиството. Како одговор на следните два терористички дела од 30 август кога бил убиен шефот на петроградската Чека Мојсеј Урицок и ранувањето на Ленин, бил покренат т.н. Црвен терор. Меншевиците и социјалистите-револуционери биле протерани од територијата на болшевиците.
1919
уредиВо почетокот на 1919 година, болшевичката влада ги контролирала реоните од Петроград до Москва и јужно од Волгоград. На исток, адмиралот Колчак имал мала армија и ја контролиран Транссибирската железница. На југ, козачките армии контролирале голем дел од Дон и Украина. Во новосоздадената држава Естонија, генералот Јуденич ја организирал својата армија. Естонија била против болшевичката власт и се борела против нив до ноември 1918 година. Французите ја зазеле Одеса, а Британците Мурманс, како и Архангелск, додека пак Јапонците го зазеле Владивосток.
Лав Троцки наредил на своите сили најпрвин да биде вратена Украина. Ова било остварено во кратката кампања во зимата 1919 година. Козаците не биле во можност да се организираат како во 1917 година. Кога започнала советската контраофанзива во јануари 1919 година на чело со командантот Владимир Антонов, козачките сили многу бргу се распаднале. Црвената армија го зазела Киев на 3 февруари 1919 година, а десет денови подоцна генералот Каледин извршил самоубиство. Ростов бил освоен во март 1918 година. Козачката армија била евакуирана во Кубањ, каде се придружила на Кубањските Козаци. Генералот Корнилов бил убиен во борбите на 13 април. Командата преминала во рацете на генералот Деникин кој ја искористил можноста повторно да ја организира козачката армија. Во октомври од срцев удар починал генералот Алексеев, а генералот Дениким теоретски станал врховен командант на Белата армија во јужна Русија.
Французите своите војски ги повлекле од Одеса на 8 април 1919 година. Додека се водела војната во Украина, Троцки испратил посебна армија против силите на Колчаков. Оваа армија била предводена од страна на Михаил Тухачевски. На чело со Михаил Тухачевски бил вратен градот Екатинбург на 27 јануари 1919 година и продолжила по линијата на Транссибирската железница. Во текот на следните месеци и двете страни имале свои победи и порази за да до средината на летото, Црвената армија стане многу побројна од Белата армија. На 14 ноември 1919 година бил освоен и Омск. Адмиралот ка изгубил својата контрола над својата влада по поразот во Сибир. Белата армија престанала да постои до декември 1919 година.
И покрај тоа што Велика Британија ги повлекла своите војски, таа продолжила со својата воена помош на Белата армија во текот на 1919 година. Без нивна помош, Белата армија најверојатно би ја изгубила војната многу порано, главно поради недостаток на оружје. Во летото, кавкаската армија на чело со Врангел нападнала од север. Неговите сили успеале да го освојат Волгоград на 17 јуни 1919 година. Троцки на ова одговорил со голема офанзива на чело со Тухачевски, по кое силите на Врангел се повлекле кон југ препуштајќи го градот на болшевиците.
Во текот на летото, Донската армија на Козаците на чело со Петар Краснов ја нападнала Украина. Црвената армија, која била распрснета на сите фронтови била принудена да го отстапи Киев на 2 септември 1919 година. Донската армија продолжила кон север во правец на Воронеж но таму била поразена на 24 октомври. Киев бил повторно заземан на 17 декември а поразените козаци побегнале кон Црно Море.
Додека Белата армија била поразена на југот, во централниот и источниот дел од земјата постоела уште една пречка за болшевиците. Оваа пречка доаѓала од страна на генералот Јудевич кој во пролетта и летото организирал армија во Естонија со помош на Велика Британија. Во октомври 1919 година тој пробал да го освои Петроград кога го нападнал градот со 20.000 армија. Нападот бил добро организиран. Јудевич исто така поседувал шест британски тенкови кои стварале паника каде и да се појавиле. До 19 септември неговите сили дошле до преградието на Петроград. Болшевиците и нивното раководство во Москва биле спремни да го предадат градот но самиот Троцки го одбил ова и лично се упатил за да ја организира одбраната на градот. За неколку недели, Црвената армија која го бранила градот се зголемила во голема мера и станала трипати поголема од Белата армија. Кога разбрал дека нема да може да го зазема градот, Јуденич се повлекол со својата војска во Естонија а неговата армија по налог на естонската влада била разоружена.
Овие победи на болшевиците мад Краснов кај Воронеж, над Јуденович кај Петроград и над Колчаков кај Омск во период од еден месец дала сосема позитивен резултат на болшевиците.
1920
уредиВо Сибир, армијата на Колчек била поразена а самиот тој бил предаден на Црвената армија во февруари 1920 година и погубен по две недели. Борбите во Сибир прололжиле и следните години главно поради наоружаните банди кои владееле со некои реони.
Чешката легија немала интерес да продолжи со својот придонес во Руската граѓанска војна. Поголемиот дел од Белата армија била евакуирана од страна на британските бродови во 1920 година. Генералот Врангел бил единствениот чија војска останала на Крим во летото на 1920 година. По поразот на Советите во Полско-советската војна, Врангел нападнал од северната страна. Но офаа офанзива била спречена и тој бил принуден повторно да се повлече кон Крим во ноември 1920 година. На 14 ноември 1920 година неговите сили биле евакуирани од страна на Британците. Десетици илјади жители направиле обид да побегнат од Црвената армија, но не можеле бидејќи немало доволно место на британските бродови. Илјадници луѓе биле погубени по зазимањето на Крим од страна на Црвената армија.
Јапонците кои сакале да го присвојат Амур во источен Сибир се повлекле во 1922 година.
Последици и жртви
уредиСоветска Русија по крајот на војната се нашла во многу тешка состојба. Според советскиот демограф Борис Урланис бројот на жртвите бил 300.000 плус 150.000 цивили.[5]. Во текот на Црвениот терор биле убиени околу 250.000 луѓе[6][7].
Околу 500.000 Козаци биле или убиени или депортирани[8]. Околу 100.000 Евреи биле убиени во Украина, најчесто од страна на Белата армија[9]. Во Дон биле погубени 25.000 луѓе во периодот од мсј 1918 до јануари 1919 година.[10].
На крајот од војната, руската земја била исцрпена и скоро осудена на пропаст. Во периодот од три години настанал голем глад. Околу 3 милиони починале од тифус само во 1920 година.
Наводи
уреди- ↑ Mawdsley, pp. 3, 230
- ↑ 2,0 2,1 G.F. Krivosheev, Soviet Casualties and Combat Losses in the Twentieth Century, pp. 7-38.
- ↑ David A. Smith, Spencer C. Tucker (2005). „Faustschlag, Operation“. ABC-CLIO. стр. 663 http://books.google.ee/books?id=TogXVHTlxG4C&pg=PA663&lpg=PA663&dq=Operation+Faustschlag&source=bl&ots=OoDt2lqhV4&sig=gHk4Pf5-WwwVfD0-X9eDAsiC0fM&hl=et&sa=X&ei=pPOFT8u1DqKj0QX5hanGBw&ved=0CCsQ6AEwAQ#v=onepage&q=Operation%20Faustschlag&f=false. Text "World War I: A Student Encyclopedia" ignored (help); Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ Missen, Leslie (1984). Dunsterforce. Marshall Cavendish Illustrated Encyclopedia of World War I, vol ix. Marshall Cavendish Corporation. pp. 2766–2772. ISBN 0-86307-181-3
- ↑ Urlanis B. Wars and Population. Moscow, Progress publishers, 1971.
- ↑ p. 28, Andrew and Mitrokhin, The Sword and the Shield, paperback ed., Basic books, 1999.
- ↑ page 180, Overy, The Dictators: Hitler's Germany, Stalin's Russia, W. W. Norton & Company; 1st American ed., 2004.
- ↑ Robert Gellately. Lenin, Stalin, and Hitler: The Age of Social Catastrophe Knopf, 2007 ISBN 1-4000-4005-1 pp. 70–1.
- ↑ Kenez, Peter; Pipe, Richard; Pipes, Richard (1991), „The Prosecution of Soviet History: A Critique of Richard Pipes' The Russian Revolution“, Russian Review, 50 (3): 345–51, doi:10.2307/131078, JSTOR 131078.
- ↑ Holquist, Peter (2002), Making War, Forging Revolution: Russia's Continuum of Crisis, 1914-1921, Cambridge: Harvard University Press, стр. 164, ISBN 0-674-00907-X.